Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Sparky.99

    Sparky.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    172
    Да првиот дел убаво си го разбрала, само го сменив докторот. Супер што ти си имала добро искуство. Не очекував магија Повторно ќе потенцирам упорно барав шише за да го нахранам детето!!! Не мораше никој да нагаѓа! Не знам пред колку време си породена, кај мене не се ни потрудија да ми покажат како да го наместам детето на града, немаше ни брадавичка вештачка, ни пумпа слободна, се трчаа моите да ми купат
     
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Тоа сакам и да ти кажам не знам дали со шише ги хранат или со шриц зошто е многу мала количина, ни на мене не ми даваа да го хранам така т.е на никој не даваат. Освен за бањање што влегуваш за да ти покажат.
     
  3. Sparky.99

    Sparky.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    172
    Prvite 24casa ne gi hranat, taka mi bese kazano. Inaku go nahrani sestrata pred mene so shishence medela, ispi 60ml naednash. Ete ima pogore clenki so im dozvoile
     
  4. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    4.625
    Не знам зошто ја нападнавте членката. И јас се породив приватно и пишував овде за незадоволството и дека очекував повеќе. Со докторите немав проблем ама не знаеш на каков ќе налеташ. И туку што родено бебе и те како може да спие нејадено, затоа и се храни на 2-3 часа, а не на барање. Јас во корона се породив па посети немаше, затоа маж ми нон стоп беше на повик и во еден момент една од сестрите ми рече "треба повеќе да се потрудиш" он ја слушна и сакаше да дојде и да се разбере со нејзе како не и е срам така да ми каже, а не па јас како се почувствував во тој момент и еве уште ме дрзнува после 2 години. Разберете дека немаат сите иста среќа се да им е супер после пораѓај. Не реагираат сите исто и тоа е без разлика дали претходно си бил или не со дијагноза. Од друга страна сите родилки подеднакво исто се ризик фактор за постпородилна затоа и персоналот во родилишта треба да е обучен. А па во приватно, да, очекувам да добијам услуга на ниво, затоа што тоа се илјадници евра, не заборавајте каде живееме и што тие пари значат за повеќето луѓе овде, едвај си ги издвоил мислејќи дека си го направил најдоброто и на крај да си отидеш со траума. Нивна обврска е да се грижат за мене и детето и да се прилагодадат на различни пациенти.
     
    На LadyD, Madam S, Coco31 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. LionJ

    LionJ Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2023
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Жени, мајки мислам дека треба сите да олабавете и да престанете да солите памет на мајка што пишала дека се соочува со депресија и пие антидепресиви. Премногу е ниско и безобзирно од ваша страна.
    А, тебе мајка ти посакувам побрзо да излезеш од таа состојба и се надевам бебето ќе ти биде најдобар антидепресив за тоа.
    Уживај во миговите со бебето и не мисли и не си го повторувам тоа трауматично за тебе искуство. Само така ќе го преброди побрзо.
    Кога имаш време читај психолошки книги може да ти помогнат. Лично ти ја препорачувам авторката Луиза Хеј.
    Запомни се ќе помине :)
     
    На Madam S, Iris-1234 и Malesia им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    За ова не се согласувам. И те како за тие пари што се даваат треба да бидат достапни. Тие баш треба да дојдат и да прашаат дали треба нешто, а не јас да трчам по нив. Јас сум главно задоволна, но имаше ситуации каде што кај цимерката повеќе одеа зашто и е прво дете, а мене второ. Тоа не е оправдување, што ако ми е второ. И им кажав дека и мене ми треба помош.
     
    На simoncelicius и Malesia им се допаѓа ова.
  7. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Не зборам да дојдат и да те прашаат дали ти треба нешто, зборам за делот дека не се должни да измислуваат гола вода. Еве конкретно ја немав млеко на почеток и ми рекоа земи си чај, океј земав чај и сега ми треба чаша, топла вода, рефусен беше како ќе го исцедам и тоа навечер немаат цедалка они, се снајде сестра рече ајде со газа ќе пробаме, не ме игнорираше што е најбитно. Јас и рекпв дај ми повеќе чаши ќе ставам ќе направам количина за да не те мачам сред вечер и она само рече ќе си ѕвониш и ќе ти носам топла вода ти уживај само. Али сепак кај мене она не влезе да ми каже ти треба топла вода за чајов, јас и кажав дека ми требА за тој момент зборам, дека што и да ми требало немало не се било удоволено, на државно ем ќе чекаш да дојде ем со носот подигнат ќе ти каже ја слуга ли сум ти.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.502
    Пол:
    Женски
    Да ми служи на чест што точно?
    Од жена на жена? Што кажав?

    Извини ама преувеличуваш.
    Ти поставив само едно конкретно прашање како си добила депресија од доктор.
    Ме интересираше какво негативно искуство си имала да дојдеш до тој степен.
    Кој мој коментар не може да те допре? Затоа што нема никаков коментар.

    Навистина немам желба да водам дискусија ако некој нафрла зборови кои не се искажани и обвинува за непостоечки ситуации.
     
    На Maja1986. му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.545
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски
    Скоро имаше пишувано лошо искуство и за Санте Плус (ова на фб ) па кога и рипнаа женишта како може така за приватна болница (исто и тука правите)
    А зошто да не може да си незадоволен и да кажеш ? А зошто одма да се бранат доктори и сестри шо фајде имаш? Мислиш ако пишуваш се најубаво повеќе ќе те гледаат? А еве веќе и за во приватна болница ти треба човек и покрај цените скоро си доаѓа една госпожа на штикла чекаме 2-3 трудници она си го заврши прегледот и си излезе.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Maja1986.

    Maja1986. Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2023
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Никој не ја напаѓа жената , работата е што кажува безсмислени работи .
    Нормално е да не си задоволен и од приватните болници и од докторите или сестрите .
    Меѓутоа една приватна болница не верувам дека би си дозволиле вакви работи , знаеме колку се пазат да не се деси таму нешто па да рипне цел народ како пред неколку години за Санте плус .
    Не може да ме убеди дека маж и го пуштиле така без соодветна опрема на пораѓај . Плус убаво и пишала горе членката добила депресија од докторот од истата болница и она бременоста продолжува таму да ја води не разбирам ..
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Хахахаххаххахахахах... Искрено се пресмеав на ова. Тој да побарал опрема будејќи пази, нив не им текнало? Кај живеете бе луѓе, во кој свет? Болницата треба да има протокол и да се знае кој како треба да биде облечен за да не се доведат во опасност пациентите. Пациентот не е должен да ги знае овие правила и протоколи.
     
    На simoncelicius, Thinkerbell., Malesia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Maja1986.

    Maja1986. Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2023
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Пак ке кажам , дека не верувам дека до толку не пази болницата на тие основни работи Без разлика приватна државна .
     
  13. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.097
    Пол:
    Женски
    И јас имам пишувано на темава дека не бев задоволна од сестрите во Систина воопшто, не само кога се породив туку и кога правев хируршки интервенции на оддел гинекологија.
    Само за докторот би одела пак а односот, услугата од сестрите исто како на државно.
     
    На JustBeautiful, simoncelicius, Malesia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Maja1986.

    Maja1986. Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2023
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Тоа сакав да го кажам дека на крај сите одиме ради докторите , не е сестрата таа што те пораѓа . Сепак за грижа за бебето најголем дел си се учи кога ке останеме сами дома со нив и за доење и бањање и све. А таму за 2-3 дена не знам колку може .
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Ама да речеа дека е така на државно ќе верувавте, така? И ќе плукавте до бескрај... Зошто членката би лажела? Што ќе добие?
    Еве јас лично на педијатрија во Систина го носам повремено син ми па најчесто докторките се без униформа, ако не ги знаеш нема да знаеш дека се воопшто вработени таму... Така што малце смирете се со напади затоа што не знаете кој низ што поминува.
     
    На Thinkerbell., Malesia и Мариаа. им се допаѓа ова.
  16. Maja1986.

    Maja1986. Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2023
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Не нема да верував и на клиника да се случило зошто и таму имам правено некој интервенции и многу добро знам колку се пази на хигиената особено во салите , за собите и не гарантирам баш од мое искуство .
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    8.502
    Пол:
    Женски
    За преглед на дете/возрасен сеедно, смее да е во цивилно ако одозгора носи бел мантил.

    А тоа дека дошла докторка во фустанче да ја породува, не ми е јасно како е воопшто можно да влезе во сала....
    Небитно дали приватна државна установа.
    Во сала се знае како се влегува.

    За сестрите подобро да не коментирам.
    За тие од гинекологија често се слушаат такви коментари.

    Ама затоа и постои служба Права на пациенти каде што треба да пријавиш.
    Приватна болница е па веднаш добиваш име и презиме на лицето кое не те услужило како што треба и ќе биде санкционирано.
    И треба да се пријавува. За да не дојде до вакви ситуации.
    Абе не сум задоволна и толку. Се завршува тука, па пак следен некој ќе на*бе...

    Иако има и пренапорни пациенти да не кажам лигавештии.
    Ако плаќаш приватно не значи дека некој треба да ти е слуга 24/7 или дека си ти единствениот пациент.
    Значи приказната има две страни.
     
    Последна измена: 21 октомври 2023
    На Brpbrp, Malesia и Maja1986. им се допаѓа ова.
  18. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    4.625
    Како не се учи. Јас немав кој да ме научи. Немам ни јас ни маж ми родители што можеа да излезат во пресрет, ни браќа сестри, тетки стрини и слично да не набројувам, што може да помогнат, се оставено на нас, помош 0. Фала богу ни патронажна не ми се јави, сва среќа за Јасна, од болница за доењето и пишав, па дојде еден ден откако се вратив, ехее како успеа жената за 1 саат да ме научи што таму не можеа 5 дена, а и ова ме кошташе приватно нели. Не дека не можеа, не им е во "програма", што се важни бабиците и неонатологија, битно докторот не породил.. Па после ќе скокаат од прозори...
     
    На LionJ, Malesia и Sparky.99 им се допаѓа ова.
  19. Sparky.99

    Sparky.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    172
    Jasna e zlato, Jas I se javiv uste od bolnica
     
  20. Sparky.99

    Sparky.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2020
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    172
    Se sto pisav pogore e uredno prijaveno. Ako vi e tesko za veruvanje prasajte nekoj sto e poskoro poroden, veruvam deka ne sum Samo jas.