Имаат пропусти и приватните клиники не дека не, само за разлика од државни каде што се изненадуваме кога ќе добиеме добар третман од тоа што сме разочарани од државно здравство, на приватно одеднаш плаќаш многу пари и очекуваш секако добар третман. Никој не треба да ти слугува ама да бидеме реални очекуваш малку повеќе за цената. И не поминуваат сите исто тоа е факт. Членката си пријавила тоа што не и се свиѓало и сакала и тука да сподели искуство. Не гледам проблем во тоа. Или за државно може да јадеме гомна а за приватно ќути шо сакаш ти принцеза ли да бидеш. Мене во очи ми падна само распрашувањето зашто пие антидепресиви. Јас да сум во таква ситуација нема да сакам да одговорам на тоа прашање на сестра. Има стручно лице што зема анамнеза. А тоа стручно лице не е сестра од оддел за гинекологија. Неа и е доволно да знае која терапија ја примам и да постапи по протокол кој мора да го имаат за такви случаи, а не од љубопитност да ме распрашува. Јас може сум потрошила месеци на терапии кај психолог, психијатар, за да дојдам до причината зошто сум во депресија и да ми даде соодветна терапија. Нема потреба да го раскажувам тоа на сестра на која не и е работа тоа да го знае.
Значи не носеа ниту мантил, затоа нагласив дека ако не ги познаваш од претходно нема ни да знаеш дека се таму вработени. Тоа дека има секакви пациенти го знам, а и дека секакви муабети се вртат и за државно и за приватно исто го знам, така да секој со свое искуство. Јас се изначитав се и сешто за ГАК, а таму сакав да се пораѓам заради докторката во која имав неизмерно многу доверба. Кога отидов на пораѓај, престојот, однесувањето, условите врска немаа со тоа што го имав читано по форуми и навистина имав прекрасно искуство.
Пријавивте негде? Има докторка на педијатрија која не сакам да ја именувам со неизмиени раце, без ракавици им пика прсти на децата во уста за да им го прегледа грлото. И јас сум во шок како никој не реагира само затоа што пази сеа- докторка е, знае што прави.
Разликата е што приватно можеш да кажеш и да се пожалиш, државно и да се жалиш нема некоја разлика да ти направи исто како да не си се пожалил и уште сељачки однос ќе добиеш од некои сестри. Пропуст на приватните клиники е што треба да даваат формулар да се пополни за пред да се породиш и да има едно милион прашања за да знаат како да се однесуваат сестрите. Има жени што се зезаат сакаат луѓе во соба да им влагаат, не им пречи ако некој ги праша за нивнатА состојба итн итн. Ова го зборам зошто различни типови на луѓе сме, а они не се гаталци за да знаат која каква е и што сака. Секаде има пропусти не викам не ама дека некој ќе ти се испонаша и ќе те третира како нечовек од приватна болница не сум слушнала.
Јас пред да си одам од Систина дојде жена со лист и ме праша што имам да кажам фалби поплаки и си запиша. Т
Ама не пополнуваш формулар лично, ама доаѓаат анестезиолози, доктори, земаат анамнеза, се што е релевантно. И не ми треба да гатаат дали сакам прашања или не, посебно околу деликатна и интимна работа. Просто е, не прашуваш, основна култура, а не гатање. А луѓе и нелуѓе има секаде. И во приватна знаат да ти се испонашаат. Поретко секако ама има случаеви.
Тежок народ сме тоа сакам да го кажам на некоја не и смета да ја прашаат зошто пие антидепресиви, а на некоја и сметаат. Слободно на таа што прашала можело да и се каже ич да не ти е гајле и толку без многу објаснување и крај на приказната. Сакам да кажам дека можеш да бидеш и дрзок во било кој одреден момент, за разлика од државно ако и се испонашаш така на некоја може и да не ти се појави веќе и ич да не и е гајле и нема ни да одговара за тоа. А како народ сме љубопитни многу.
Јас те разбирам ама сепак е приватна болница кај што за наши услови се плаќаат астрономски цени и стварно у такви кревки моменти нејќам да се понашам дрско на некоја а ниту па да се објаснувам. Мене културата не ми дава да и се понашам на сестра у болница дрско без разлика државно или приватно. А они на таа пара треба можеби и да си го обучат персоналот во однос на бон тон. Јер цениве не им се македонски стандард а љубопитноста и понашањето очигледно да.
Епа и платите што ги земаат се македонски. Затоа и кога разговараш со нивен персонал интерно, сите го зборат тоа со оглед на тоа колкава плата се зема и премногу добива болницата од персоналот. Изграден е бренд, напукани се цените а никому не му е гајле каква услуга се нуди. Цело време обучен персонал со искуство си оди а доаѓаат нови кои се како изгубени. А најмногу од се шокира колку се повеќе и повеќе пациенти има и покрај влошената услуга и астрономски цени.
Уффф еден хаос се деси тогаш, една од докторките буквално ги избрка пациентите од ординација бидејќи таа таму ќе прегледувала, а тие чекаа друга докторка со новороденче со температура. Па се дигна таков хаос, па закани, па жалби и тука кажаа и дека меѓу другото ќе пријават дека докторката прегледува без униформа/мантил.
Може била без мантил зашто дошла од дома да прегледа. Пример е ова само. Гинекологот дојде од дома да ме види, беше во шорц.
Чекај ќе прегледувала велиш. А оваму велиш прегледуваше. Повеќето доктори имааш шкафови каде оставаат лични работи во амбулантата и облакаат мантил. Ако дошла од дома секако била во цивилка. Облака мантил и тера работа. Ја те разбрав дека во цивилно вршела преглед. И членката погоре што пиша, во фустанче да породуваш некоја- нема теротеска шанса да се случи.
Излезе од амбуланта со едни пациенти и отиде некаде, беше во цивил. Во меѓувреме дојдоа други пациенти за кај друга докторка но ги внесоа во амбулантата кај што претходно прегледуваше дотичната бидејќи бебето беше плачливо со температура и сакаше да цица (собата за доење беше зафатена). Се врати докторкава што беше во цивил заедно со други пациенти и овие што беа со бебенцето буквално ги избрка од амбуланта (лиѓето збеснаа, бараа име од докторката за да поднесат жалба, па дојдоа други доктори и ги смируваа). Продолжи да си прегледува во цивил, така што не носеше никакво обележје дека е лекар, немаше ниту картичка. Инаку, докторката на син ми секогаш е со мантил одозгора, барем кога јас сум го носела.
Претпоставувам дека тоа е истата докторка, плавуша, што остава пациентите да чекаат на ургентно додека таа оди да чурне една... Како доктор е навистина стручна но однесувањето и е сменето тотално последниве неколку години. Не само со пациенти и со перосналот е иста.
Буквално уво не ја болеше дека урлаат пациентиве и дека ќе ја се жалат од неа. Им ја тресна вратата пред нос Бараа и да не им се наплати прегледот ради случката, но не знам што направија на крај.
Педијатрија и гинекологија на Систина им се како црно и бело. Гинекологија има многу стручни доктори и ми оставиле многу подобар впечаток . Педијатрија им е катастрофа. Плус немаат ни однос со пациенти ко што треба. Еднаш од една дотичната докторка добив коментар што го носиш детево на доктор сакаш да го доразболиш. Кога му направи крвна слика и урина кога виде дека не е ко што треба ми се извинуваше. Ама тоа е зошто е хаос на клиника затоа ги носам таму зошто не можам да чекам по 1 саат иначе очи нема да ми видат( само сабота и недела или празници иначе кај матичната си одам).
Одлучив да се породам во Систина, дајте ми совети што ќе ми треба да си носам јас, а што за беба? Сакам список да си направам полека полека...
За тебе можеш влечки, чорапи, шнола, стегач и шминки ако сакаш јас си ставав маскара Цедалка за чај и некој сад ако планираш да правиш чај за доилки на рефус (јас се изнамачив). За бебе цуцла ако планираш да му даваш...друго ништо се има таму.