Луѓе не станува збор само за персоналот, за доктори за незнам што... Јас кога би имала да бирам (мислам на финансиска гледна точка) би одбрала да се породам во приватна. А зошто? Еве да тргнам од хигиената... мислам не треба да коментирам, исхраната, и ред други работи. А најмногу од се - посетата... Кога се породив со првото дете во собата бевме 4 родилки... па не знам мислам дека се претераа преку 50 луѓе во посета на една од родилките. Да, да, во собата каде лежевме полуголи, каде се учевме да ги доиме бебината и ред други работи. Вода за да се истушираш - што е тоа? Купатилото хорор... се потурав со шише за да се измијам... Па да не зборуваме за тоа што се треба да си донесиш од дома, уште чаршав и перница што не ми рекоа.
Нели нема посета на државно? За приватно има посета и соба делиш со цимерка. Е сега таа може да е со осет или без - да дојде чат-пат некој или везден да и идат.
Токму тоа го реков и јас. Во делот со неонатална интензивна нега спаѓаат и инкубатори и све остало. Тоа не значи дека се постручни докторите во Систина. Јас се имам пораѓано во Ремедика, сестра ми исто, братучетка ми во Систина - затоа и јас зборувам од искуство.
Да? Па ми нема логика да не се дозволува. Е сега што се претерува и ќе немаш мир од секакви, тоа е до осетот на луѓето.
можеш слободно да замислиш да излезат кадешто има за седење во Ремедика пример. А додека е бебето со мајката освен таткото не смее никој друг да е внатре, а ако цимерката е со бебе ни таткото на твоето бебе не смее да е внатре. Систина се супер но за доење амин помош. Ама затоа подобро педијатри има според мене.
@kukla21 кај нас во гостивар може да ти дојде на посета кој сака Јас џабе непримав посети кога и да дојдеше некој излегував надвор кога цимерката моја имаше митинг Незз што беше и како беше и што традиција им е дојдоа преку 20 жени.Тетки,стрини,вујни,братучеди може и некоја комшивка имаше успат собрано.На мајката и врзаа една црвена лента преку глава бебето го покрија со црвена марама и во хор му пееа нешто Ти се мачиш да доиш цицките надвор тие над тебе уууу цуци какво е мало,ууу што убави брадавици имаш Сестрата кога виде во несвест ќе паднеше буквално една по една за алишта надвор ги вадеше а мајка и и свекрва и не излегоа додека не ја испееа...што и да беше молитва,литургија....
Poseta e od 10 do 20h. Koj saka to doaga. Ti ke si kazes na tie so ke sakaat da ti dojdat dali sakas ili ne sakas
Не, искрено никој ни гледа кој доага ни кој оди, на цимерката маж иуште пред 9 доагаше и ништо не му викаа
Еве ај да речеме освен сопругот да не доаѓа никој друг ама ако од страна на цимерката ако се тупосаат 100 души што тогаш.Можеш да и кажеш да не и доаѓаат на посета?
Не знам дали може ама знам дека и кај неа и кај мене одеднаш доагале по неколку души и никој ништо не им кажа, кога беше бебето со мене беа и мм и моите, нејзиното кога беше со неа бил тука мм ама баш никој не се замараше, е сега од лани до сега дали е сменето не знам, албанките што беа породени они па до трето колено роднини
Ќе кажеш на сестрите да не пуштаат Инаку може секој да дојде, максимум до двајца посетители истовремено.
Е како бе така ај и сите го гледаат бебето кој кива кој кашла друг се дави луда работа.Незнам ама мене да ми кивне дома мм а да имам бебе одма на доктор го праќам
Kaj mene ne gi pustaa da vlezat povekje od 1 vo isto vreme im vikaa da pocekaat, ama koga ke dojdea moite im vikav da vlezat od ednas
дезинфицираат раце пред да влезат, мм и мајка ми беа со маска цело време, на првата цимерка маж и исто маска имаше, на втората кога си отиде првава така си влагаше уште пред 9 сабајле ке се тупнеше, срека 1 ден само па јас си отидов после. Тоа е, нема приватност како што би требало да има за тие пари. Еднокреветна соба е плус 50 евра од ден , а апартман многу поскапо.
Во Систина не е сменето ништо.И бебето да е кај тебе на цимерката може да и доаѓа кој сака. Мојата цимерка се погоди без осет.На ден по 10 души и доаѓаа , без разлика дали моето бебе беше кај мене, дали ми ги масираа градите кога ми надоаѓаше млеко итн., во собата беше влези-излези.Катастрофа.Треба да се има осет, ама ете.