Брисеви и такви работи што не се во пакетот. И за првата исто ми направија дополнителни за мене наместо 115 тогаш 120 платив.
@Brpbrp фала на одговор! а за бебето? дали таткото смее да го види или само мајката и персоналот? и дали ги бркаат посетителите кога треба да го донесат бебето кај мајката
Ако си природно може со тебе на пораѓај да дојде,ако си царски во соба дури и таму бебето ќе те чека. Другите денови ако не е со тебе кога ќе дојде маж ти ќе им се јавиш да ти го донесат, али гледај во принцип да не ти доаѓаат мн луѓе сега како што има премногу вируси гревота е да се разболи уште првите денови.
Кога ќе ти дојде посета им се јавуваш да го донесат бебчо ако не е веќе кај тебе. Јас се породив во август не правеа никаков проблем за посети. Еднаш дојдоа сите мм, моите и неговите, но кај мене влегуваа 2ца по 2ца. Треба да се има осет и спрема цимерката нели
138 000 во почетокот на јули. За бебе дополнителен трошок од околу 1000 ден. не се сеќавам точно колку за крвна слика. Се прави крвна слика за да се испита билирубинот, пред испуштање од болница. Мислам дека имаше поскапување после тоа во август.
Здраво дали некоја скоро се има породено во ремефика со епидурал и искуство да ми каже бидејки ми се ближи термин❤️
Здраво феминки, би сакала доколку некоја има искуство со предвремени породување во Систина да сподели трошоци. Општо која цена е пакет за природно/царски, што вклучува пакетот, дали се плаќаат и инекции за зреење засебно, која цена е од ден инкубатор и сл. После хистеро лапараскопија кај Др. Димитров и за бременоста одам кај него на контроли. Е од 27 недела ми кажа дека каналот е скратен и сега на секои две недели одам на контроли. Спомна дека околу 32 недела треба да примам инекции за зреење па потоа некако да стигнам до 34 недела. Дали имате искуство со докторот за породување зошто сѐ уште немам разговарано на таа тема зошто мислев дека има време. Дали доаѓа на пораѓај на повик зошто природно може во било кое време да се породиш. Сега секоја контрола на две недели ја плаќам по 4000 ден, дали до пораѓај се се плаќа или има нешто што е вклучено во пакетот за породување?
Во пакетот за породување се вклучени прегледи и цтг бесплатно од 36гн. Цените за природно и царски и што вклучуваат ги има на нет, исти се и за предвремено породување, си ја плаќаш башка цената за пораѓај башка инкубатор ако треба, ден плус итн. И јас до 12гн идев на две недели и на секои две недели плаќав по 4000, тоа е тоа. Единствено за инекциите за зреење не знам, но претпоставувам дека и тие ќе ти ги наплатат уз преглед кога ќе треба дс ги примиш. Јас примав прогестерон депо кај нив и ми наплаќаа 800 ден за "услугата за боцкање" и плус ампулата колку што си кошта
@Konstrakta или било кој, дали има информација колку е цена на инкубатор во Систина? Исто и цена на она „освежување со кислород„ за бебето наместо инкубатор, не сум сигурна за точниот медицински назив