Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    1.454
    Пол:
    Женски
    Не чувствував никаква болка, спиев на бокс буквално, а се отварав.
    Единствено имав проблем со буткање, не осеќав напон ни бебе дека турка па тука се помачив.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zoricka1

    Zoricka1 Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Девојки дали се наплаќа цтг во Систина доколку се пораѓаш таму?
     
  3. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Систина или Ремедика, какви се искуствата? Имам приватно здравство од работа кое ми покрива сума до 1200евра, па се мислам која болница да ја одберам.. фала ви
     
  4. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Нема да згрешиш и со двете, бирај доктор.
     
    На Thinkerbell. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    А за доктор искуства? Јас уште не сум бремена но планираме, е сега здравството ми покрива и следење на бременост и тестови и анализи, па затоа претпоставувам уште од почеток веќе ќе треба да се имам одлучено така ли? Извинете ако се глупи прашање ама поим неам, колку повеќе читам толку повеќе се збунувам што треба и како треба
     
  6. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Во Ремедика е добра Котларова, за Систина Димчев го фалат за следење на бременост. Само провери добро, мислам дека во тие 1200 евра ти спаѓаат и прегледите и пораѓајот.
     
  7. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Осигурувањето се склучува без франшиза и без каренца.

    Понатаму за бременост пишува бременост и породување (лимит 1200 евра)
    И подолу е објаснето. Опфатени се трошоци за гинеколошки прегледи за следење на бременост, вклучително лабораториски анализи и приска, породување и трошоци за болничко лекување на осигуреникот при бременост. Не се покриени трошоци за неинвентивни пренатални тестови (освен приска), абортус и медикаментозна терапија која се прима за поддршка на бременоста.

    Ова го пишува на документот..претпоставувам тоа значи дека за сите прегледи скрининг анализи и пораѓај покриена е сума од 1200евра, се што е над тоа се доплаќа, а сигурно ќе ме фати над 2илјади евра..
     
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.801
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски

    Да да, па само пораѓајот е над 1500 евра зависи дали природно или царски (не ме фаќај за збор ама царскиот е околу 2400евра). Еден преглед не е под 2000ден, скрининг 5000ден (има два задолжителни) итн. Приската ти е бесплатна во државна ама ретко веќе кој ја прави. Ако грешам со цените нека ме исправи некоја, заборавив веќе колку беа, а и поскапуваат цело време.
     
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Ти рачунај дека би била царски тоа е 145 000 само пораѓај 6100денари ти е скрининг 2 ги има задолжителни и плус прегледите што се 3000денари ако не и повеќе Така да рачунај дека сумата ти покрива пола од цената за пораѓај, а ако имаш на почеток крварење и треба почесто да идеш пример 2 пати неделно или 4 пати во месец која сума на пари е :)
     
  10. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    8.908
    Пол:
    Женски
    Овие 1200 еур можеш да ги користиш или за породување (115.000мкд или 145.000мкд систина) или за прегледи и скрининзи (4000 преглед, 6500 скрининг) зависи ако ти е уредна бременост ќе имаш на 4 или 6 недели преглед а ако си ризична на 2 недели. Ако си решена за породување моја препорака ти е чувај ги парите за тоа а за прегледи плаќајте си месечно од плата за на крај кога ќе дојде поголемата сума да ви е малце помала (истите пари ќе ги дадеш ама ај). За Систина би ти го предложила Панчевски, стручен постар доктор кој не оди шаблонски за секоја пациентка туку според ситуација (да не одиш пречесто на прегледи кога нема потреба). Многу смирен човек приступачен ако ти затреба било што да пишеш враќа многу брзо. Таму ги фалат Бојаџиев и Палчевски исто.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Прегледите се 4000, а последно прочитав скрининг е 7000. Нас не задржаа плус два дена во Систина и тоа беше +45000.
     
  12. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    8.908
    Пол:
    Женски
    За што ве задржаа мила ако може да ми кажеш? Деновиве треба да се породам и само тоа мислам зошто им се баш скапи деновите плус ...
     
  13. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Бебето имаше жолтица го сончаа тие два дена цело време.
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.278
    Допаѓања:
    76.358
    Пол:
    Женски
    45.000 за два дена сончање ради жолтица??? Боже, претерано скапо е. Па скоро секое второ бебе има жолтица, кое повеќе, кое помалку...

    Јас сепак најверојатно пак Ремедика, мада имам време ќе се размислува до крај. Почнав и таму да си одам на прегледи.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  15. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Да не речам намерно го прават тоа. Пред да ни кажат дека ќе останеме инсистирав да го стават на сончање зошто забележав дека му се жолти очите. Имаше 30 новороденчиња изгледа е кој имал среќа да се сонча на време арно, другите ќе плаќат. И цимерката ја задржаа исто само не знам колку дена, јас си отидов.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. *Mila24*

    *Mila24* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    1.126
    Пол:
    Женски
    Zdravo planiram da se porodam vo Sistina pa me interesira dali si sam vo soba ili ne ?
     
  17. atz1995

    atz1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2023
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    1.965
    Пол:
    Женски
    Не
     
  18. Fenix05

    Fenix05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.538
    Допаѓања:
    8.908
    Пол:
    Женски
    Јас мислев топло креветче и ако е во тие 3 денови го наплаќаат +16.000 така ми кажаа оние на инфопулт...
    Ај баш ќе ви пишам овде дали ќе ме закрпат за нешто плус здравје кога ќе се породам деновиве се надевам веќе :wasntme:
     
    На atz1995 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.240
    Допаѓања:
    3.130
    Пол:
    Женски
    Од која осигурителна компанија ви е осигурувањето?
     
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.278
    Допаѓања:
    76.358
    Пол:
    Женски
    Јас пред 6г во Ремедика кога се породив, малата 3 дена беше на кислородна поддршка и лежеше во топло креветче и за тоа не ми наплатија плус. Плус платив 2 пати TSH што ми проверија (пред раѓање и по раѓање) и ехото на колкчиња на малата (кое сами го побаравме дека јас "увидов" и се уплашив дека ноџето едно и е чудно свртено :D и плус за еден ден уназад пред да родам што лежев...
    Баш на наредна контрола ќе си побарам ценовник..
     
    На Fenix05 му/ѝ се допаѓа ова.