Мислам дека додека си таму, го сончаат и не се доплаќа ништо. Ако останува плус се плаќа. И мене тоа останување плус ми е жива глупост. 24 часа пост партум бев дома, бебето по два три дена имаше веќе жолтеникави белки. Дојде патронажна, го виде, ми рече дс го ставам на града почесто, да го изнесувам надвор, макар и да немало сонце (само да не дува, врне и да не е загадено) . Ниту у болница го однесов ни ништо. Си се исчисти сам
Најпаметно побарај си да не биде после а не ние тоа не сме кажале @Konstrakta да баш 2ве другарки исто дома си ги поминаа жолтиците со бебчиња и никому ништо, повеќе града, светлина надвор и пројде
Види и јас како првородка, да сум била 2-3 дена во приватна и да ми кажеле еј слушај има жолтица, и а ива има она, како неискусна ќе се исплашиш и ќе речеш ексик пари, нека се среди само. Ама така се погоди ситуацијата тогаш. Сега веќе како поискусна ич не ги ни перцепирам хахахаха
А јас 300луѓе прашав за сите варијанти и се изначитав така да големи се шансите ако ми речат аа мора за жолтица плус да им кажам ај дајте сега да си потпишам за одење дома ќе си го греам на прозор ми рекоа имало таква опција ама ќе видиме дали ќе ме изедат фуфки тогаш ако треба па да ми е страв. Мада па колку родилки дома ја поминале жолтицата одпосле не знам тоа има некаде специјално да се носи или? Во државниве ги пуштаат и на втор ден ако е ризик ваљда нема да практикуваат така. Мада се надевам нема да бидат толку слободни да пробаат да ми увалат нешто мајмунско кога ќе ги активирам тетки стринки што се вработени кај нив пред мене 4ве роднини што се породија во Систина си отидоа редовно со цената што е за пораѓај, нормално ако не дај боже нема нешто сериозно со бебко тогаш нема ни да мислам на парите само да биде добар на толку чекање да го фатам во раце.
Јака жолтица не поминува со 2 дена сончање, така да ми изгледа баш како за пари да ги сончаат. Инаку мене др ми има кажано дека секое бебе фаќа жолтица, кое повеќе, кое помалку. Јас со првото на клиника лежев кога беше 8 дена поради друго и со мене имаше цимерка, чие бебе 8 дена целодневно го сончаа... дури очињата му беа по цел ден се сеќавам залепени за да не му зрачи. Мене ме пуштија, тоа уште остана... Незнам што да кажам.. или онака поради превентива ги сончаат, пред испуштање...
Денот пред да не пуштат во соба забележав дека му се жолти очите. На сестрата и реков види жолти му се, а таа ми рече нееее малце е тоа, ништо страшно. Вечерта отидов да гледам како го бањаат и на неонките во таа соба се виде дека ептен му се жолти очите и тогаш посериозно и реков, дали стварно мислиш дека ова е малку жолто? На тоа таа ми рече е да во право си ајде ќе го сончаме. Утредента следуваше има покачени билирубини мора да останете. Значи сигурно ако се дејствувало по навреме немало да дојде до тоа. Ама на толку гужва така ни се погодило.
@Fenix05 ти која недела стаса? Со која цена ќе те рачунаат за пораѓај, со старите или по новиве? Би требало по старите, така? Пошо ти веќе одиш од поодамна на цтг мислам
Е стварно веќе ја претераа а богами има да се скарам ако бараат нова цена зошто флаер ми дадоа пред 2 недели и не гугнаа ништо дека ќе менуваат па да си платам капар со време. Ќе ве известам баш
Nemam iskustvo so poragaj privatno ama konkretno za sistina: i jas i zolva mi odevme na pregled kaj ista doktorka redovno samo sto zolva mi podolgo vreme od mene odese. Mene za pregled 3500 nejze 2000 den a istiot pregled. Zaradi ova prestanav tamu samo za 2 skrining bev.
Не знаев дека вовеле нова сума за пораѓај. Јас имав нивна полиса ама беше до франшиза и да, не знам какво им е тоа непокротие за лекови глупо. Инекцијата за РХ негатив не ми ја признаа, уште се влечеме до приговори, ми рекоа ни клексан нема да ми признаат да не се обидувам. Утрогестанот, прогестерон депо инекциите и полигинаксот пак, ми ги изрефундираа. Абортусот лани ми го признаа исто така. Сега гледам ептен промени имаат.