Ремедика 89.300 природно плус се доплаќа за бебето за некои прегледи, породена оваа недела сум тамо и околу 96 000 платив.
Jas so prvoto se porodiv vo Plodnost I tamu bevme sami vo soba so po eden krevet pa zatoa me interesirase kako e vo sistina I kako si zadovolna od uslugata? Zivo I zdravo bebceto cel zivot da ve raduva
Овде се по 2 кревети, кога ме примија бевме 2 но после пораѓајот не одвоија. Јас дојдов поради докторот што ме водеше цела бременост и искрено секоја ноќ си велам фала боже што дојдов за пораѓајот зошто се искомплицира во родилна сала о за 10мин завршив на царски со бебе во раце. Услуга како да ти кажам не ги замарам јас бог знае што сестрите за мене што се се супер терапии пуштаат фини се заинтересирани, сестрите за бебко има некои фини некои незаинтересирани ама јас бев на доста курсеви па не ни сакав они да ме стискаат на гради и да му бутаат глава на граса сама најубаво ми е релаксирано, ги барам само за да го донесат и земат. За храна хигиена болничарки нема да навлегувам нешто бог знае колку зошто толку немам апетит што ич не ми е битно што носат, редовно чистат ти носат местат помагаат после царски тоа ми беше олеснително што имаа трпение со мене. Е сега цените ги дигнале повеќе и е забегано ама си реков дека вреди оваа финансиска жртва за јагнево во раце. Замерка што денес цел ден зборам дека бебе има жолтица а сестрата од нео ме убедуваше дека замислувам не е така за на крај дури на 3та смена да го стават на сончање зошто бебе цел ден не се буди и не јаде а утре требаше да си одиме.
И кај мене беше со жолтица али дека билирубинот му беше во граноц не ја сончаа, а првото мо го сончаа последен ден цел ден го немав видено и после дома кога отидовме уште месец дена имаше жолтица па го сончав надвор.
И моето беше жолтичко кога искочивме, цел месец имавме проблем со будењето, по цел саат пиеше 30мл млеко многу беше тежок на будење. Чисто да знаеш да не се секираш, мачно е првиот месец ама ќе помине. Роден е во октомври, исто немаше баш сончеви денови.
Не сум ни прашала да ти кажам во цела збрка деновиве, исцрпеност и нови работи не се ни сетив... ќе ти пишам обавезно кога ќе не пуштат деновиве како ме закрпиле
Не закрпија 160.000 155.500 нова цена плус 2 лаборатории 2700 и 4500 така некако ама здравје важно сме дома со моето богатство
Да сте живи и здрави, тоа е најбитно. А срам да им е, ти цела бременост таму ја водеше и плус пред да покачат почна со цтг, т.е те фати 36 недела. Не се фер, стварно. Гушкајте се дома со бебулето, тоа е најбитно, вие да сте добри ♥️
Очигледно не мила, а со сопругот бевме толку многу емоционално и физички исцрпени периодов што само сакавме да излеземе од болница
Можам да предпоставам мила .. ајде битно сега домче гушкајте се, ширете си љубов, навукнувајте се еден на друг поубавоо чуство нема