Во Скопје кај Антоние Хаџи Антоновски можеш да си закажеш... одличен ортопед е. Мислам најубаво ортопед да ја прегледа...
Искуство со др. Ивановски од Систина за породување? Некако вака крут ми делува на прегледи. И дали е вистина дека не те оставаат да се породиш природно? Те закажуваат за провокации или царски?
Бременост си водам кај матичнна и на ГАК скрининзи. Сакам да се пораѓам во Систина. Кога треба да одам на преглед и да се одлучам за доктор? Сте оделе на ехо таму или од кога ќе почнете до цтг
Првата бременост во систина цела ја водев. Вторава си ја водев кај матичната и сега во 36 недела прв пат се појавив во систина после 3 години, кај истата докторка Ме ставија на цтг ама кратко, мирно си беше. Ништо не ми наплатија, ми кажа секој понеделник да си доаѓам од 9 до 13 часот без да закажувам на контрола и цтг.
Немам искуство со тој доктор, но не знам како мислиш дали те оставаат? Ако е поминат термино или? Јас се порододив 3 дена пред термин природно зошто добив болки. Никој ми нема спомнато царски пред тоа.
Е, ова ми требаше! Сите ми викаат дека не те чекаат до термин. Макс до 38ма, после те закажуваат со провокации или царски. Фала!
Врска нема, царски закажуваат само ако ти е втор по ред, ако е карлично свртено или ако имаш индикација (висок притисок, итн) И ако на сам пораѓај не дај боже тргне да мора царски. Иначе гледаат природно да биде
Докторот не е повеќе во Мк Доаѓа на неколку месеци и може да се закаже термин кога е тука Ова е инфо од пред 2м
Мене пред некој месец ми рекоа од мај ќе се врати ама којзнае. Јас се мислам дали кај Ласко или Александра.
Јас првото кај Видоевски го носев до кај 2г, океј беше и он.. ама после и второто кога почнав да го носам, едното исто пак кај него, дури и исти извештаи (дека си чувам се од такви документи). Па решив да го сменам и додека беа малечки таму ги носев, кај Антоние. Сега веќе и големки се, па ги носам кај најдам термин побрзо. Кај него многу се чекаше...
Митко Ивановски? Круттт? Не ме зезај Поопуштен неможеше да биде . И сестра ми се се породи кај него , многу беше задоволна. Негов предлог беше да одиме природно. Јас имав прв царски. Рече дека поминало доволно време и ако сакам можам да пробам природно но излезе проблем со матката и претходната рана па ништо иако јас пак сакав царски де. Доаѓаше на визита и недела да ме види , за мене он е комплетен доктор
Ако ти значи, двете цимерки што ми беа во Систина, едната кај Петровска, друга кај Корнелија беа природно .
Здраво, би сакала да споделите искуства дали има некоја со намалена плодова вода што се породила природно? Од 35+6 ми констатираа намалена плодова вода, сега сум 38+2 и ми рекоа дека нема абер бебето за природно да излезе ќе мора царски зошто веќе нема водичка :/. Бидејќи бев со скратен канал од 27 недела и се плашев од предвремено породување, сега се чудам како нема абер за излегување Исто во приватна тие што одите на царски дали претходно стомак си депилирате дома со крема зошто што користев утрогестан цела бременост ми се појавија влакна доста на стомак?
Кој доктор те водеше? (мислам дека беше ти и во разговорот bed rests активна некако заедно ги тераме бременостите изгледа со слични проблеми )
Еј,Митко крут, врска нема, душа е. Мене он не ми даде царски до последно ме чекаше природно , рече не те сечам и готово, и природно ме породи
Панчевски. Да да бев нa bed rest Инаку за намалена плодова мислам дека ќе следат често и за да не ризикуваат ќе те породат со царски најважно е бебе да биде добро. Стомак средив дома и мене ми се појавија влакненца што ме нервираа цела бременост