Барем не е возел по тротоар во сред Скопје како маж ми Ниту пукнат водењак, само на договорен порагај со провокација, ако закаснев 5 мин. мислеш којзнае што ќе беше
Колку ти се разлика децата? И може ли тука или во приватна порака да ми раскажеш подетално околу породувањето и дали ти ставија епидурална и провокација?
треба книга да се напише со искуствата на мажите. На мојот прв пораѓај маж ми подолго време беше заглавен у вц, него шо бев ја у сала.
Можеш ли да ми пишеш како се одвива процедурата за така договорен пораѓај. Исто имам договорено/планирано така, па ме интересира како се одвива. Првото тек болки кога ми почнаа започна се. Сега не знам како е, кога ставаат епидурална, кога провокации..
Ne bi ti preporacala, 2 sati dolg pat pa preminot Prilep planinski pa patot na nekoi mesta dupki pa se raboti. Osven na dogovoreno toa e veke dr rabota.
Платите им се многу покачени, затоа. Мора од некаде да си извлечат плус приход. А и покрај тие цени, не можеш паркинг да најдеш во Систина, така да, уште може да си качат цени
Оваа цена што ја пишав беше во Ремедика, во Систина уште од порано беше поскапо. Само пап тестот ми се чини беше 2400 ден плус ехо. А за паркингот скроз, баш претходната недела два пати кружев за да најдам. Контрола кај ревматологот платив 4800ден, лудило.
Јас затоа што не сум од Ск, ми договори докторката кога да одам ако до тој термин не ми пукне водењак. Имав закажано во 8 утрото, почна со мерење на притисок, преслушување на срце и гради. Кога виде дека се е ок, ми ставија чепче за прочистување и потоа ми ја уклучија провокацијата. Почнав дири кон 17 часот да се отварам, епидурал се става после 5 прсти отворено до тогаш немав ни болки освен страв. Да не заборавам таму ми пукна др водењак ич не беше болно не се ни чувствува. Епидурал во грбот те боцнуват, и почнува процесот. Мене ми ставаа епидурал, докторката кажа кога ќе имам потреба за да дојде пак за намалување на болките тоа во инфузија што ставаа, само еднаш ги повикав и некаде кон 20 часот бев во сала веќе. На третиот напон си го родив синко Ич не беше страшно, имав најлесен и најубав порагај. Не слушај и не читај како со провокација многу боли, поради тоа отидов со тахикардија од многу слушање. Инаку со рака те проверуваат колку си отворена. Ова ми текна, друго не се сеќавам, освен што по соба шетав со жици и инфузии, место не ме фаќаше, тогаш и во бунило бев од паника, ова пред неколку години беше. Мисли на бебуш и без паника
Фала ти за споделеното искуство. Каде се пораѓаше? Мене ми е договорено на 8ми да ме примат, на 9ти да биде породувањето. Ваљда уште вечерта на прием ќе ми стават провокација. Се надевам ќе биде се во ред.
Во Санте Плус се порагав, јас се породив на денот кога отидов, во 8 бев таму во 21 часот веќе бев породена.
Да до 09.01 имаше посети од 10до20ч ама сега со вирусот имаа објавено известувања низ болница дека се забранети посетите. Најдобро на инфо пулт да прашате
Ремедика од 15.02 ќе има покачување на цените за 15%. Се плаќа 7400 аванс за ЦТГ и прегледи до терминот за пораѓај, природен пораќај сега е 92.000 ( двокреветна соба, за три дена) + се доплаќаат прегледи за бебчето (ваш избор кои ќе ги сакате) но се движат +5-10 илјади За царски е 120.000 (двокреветна соба, за 5 дена ) + исто се доплаќаат прегледите за бебчето +5-10 илјади од 15.02 имаат покачување на сите цени за +10%.
Горе цениве се со покачувањето како би биле? Или од тие цени горе, плус покачување ќе има? До август (термин ми е тогаш) којзнае колку ќе качат