После породување со царски рез во Систина кога треба да закажам преглед за мене? (која недела по породувањето) Сега кога бев конци да вадам беше само сестрата таа ми го извади и не го видов докторот за да се информирам.
Ништо ! За тебе нешто козметика ако сакаш и полнач со долг кабел . Гардероба за излегување ќе ти донесат кога ќе излегуваш.
Полнач со долг кабел Крем за брадавици Влошки за гради Лабело за усни Стегач за коса Влажни марамици Шминка Кетонал апчиња (даваат терапија против болка ама за секој случај имај си)
Не знам зошто толку многу ти земале јас пред една недела бев и платив 4300. Да не имаш уште некоја услуга дополнително
Немам ништо друго. Не знам зошто толку ми наплатија. Ама очигледно тоа не им е редовната цена. Прв пат одам во Систина во 6ти месец сакав да слушнам второ мислење. Во извештајот ми пишува надзор за високо ризична бременост или така нешто.
Ве молам споделете искуства со породување и доктори во Систина. Дали имате некоја препорака? Кога прв пат треба да се јавам таму? До сега (25 нед) ме водеше матичната и втор скрининг правев кај Димчев
Можеш од 36та да почнеп цтг таму јас бев кај др Никола Панчевски немам лош збор да кажам за него, пред се е човечина, а потоа доктор. Смирен, позитивен, секое прашање одговорено со објаснување до детаљ сè да сфатиш и да смириш душа. Не форсира царски, не форсира фрлање пари и испитувања непотребно. На пораѓај поминав одлично, за жал бебе се заглави и завршив итен царски за што докторот беше видно нервозен кога не успеа да го одглави со рака ама супер поминавме, раната не ја осеќам и еве месец ипол од царски скоро и да не се гледа, лесна рака има
Мислам дека сите доктори се добри во Систина. Еве јас можам да споделам искуство со доктор Бојаџиев. Цела бременост ја водев кај него и природно се породив. Немам никаква забелешка, се помина како што треба.