Најтопла препорака за др. Котларова. Две бремености следени од докторката и породување кај неа. Воопшто да не размислувате затоа што подобар човек, доктор, професионалец нема да најдете. Прељубезна и постојано достапна. Со неа бременоста ќе ви биде едно преубаво искуство со тоа што ќе знаете дека заедно со бебето сте во сигурни раце.
Kotlarova, najtopla preporaka od mene. Ne postoi drug doktor i covek kako nea. Vodev cela bremenost kaj nea i me porodi. Prezadovolna, uste deset bi rodila kaj nea.
Ќе се пораѓам во Систина. Ме интересира од ваше искуство што доколку добиете болки во текот на ноќ или докторот што сте го избрале не е на смена. Му звонат ли од болница да го викаат баш него или те пораѓа кој е дежурен и на смена?
Јас во Ремедика ќе се пораѓам и овој пат не се зезнувам како минатиот пораѓај. Минатиот отидов со напукнат водењак и тој што беше на смена (не беше мојот) утврди дека е водењакот. Врска немав како одат работите таму, ме следеше од 36та докторот Јане. Ме праша докторов што му отидов со напукнат, кој ќе те пораѓа? И јас реков Јане. Епа океј, оди дома, утре е он на смена дојди. Јас без да размислам колку е тоа безбедно за мене и бебе си отидов дома. Инаку водењакот по малку на секое ми протекуваше. Јане нареден ден кога дозна дека водењакот веќе скоро 24ч ми е напукнат, се запрепасти. Да сум сега, ќе му јавев него.. ама немав па и бројче тогаш. Сега си имам негов број, му пишувам, јавувам и секогаш ми крева и враќа. Така да и тогаш (ако сум за природен пораѓај), ќе му јавам лично сама Инаку смената му заврши, јас сабајлето др ден се пораѓав и он беше на раб.. иако не му беше смена..
Дали некој скоро се пораѓал по втор пат во систина? Дали сте биле во еднокреветна соба или апартман без дополнително да се доплати, ова го имаат наведено во пакетите за пораѓање ме интересира дали навистина е така.
Ова им е скроз ново, вчера дури во Систина не знаеа за ова. Ми кажаа чим пишува го има тој бенефит, ама ако во тој момент има слободна еднокреветна
Снаа ми така беше. Во 4 ноќе стигна во болница со болки, дежурен доктор ја прегледа, и направија се што треба анализи, ја качија во соба и ја спремаа за пораѓај. Она беше 4 прсти отворена и затоа докторката дојде во 7 и презема пораѓај, со сите анализи добиени. Се породи природно во 12 попладне.
@Speechless не е ново. Јас се породив во септември со второ и ми дадоа соба сама да сум. Ама тука прочитав дека даваат, па си побарав. Мислам дека ако не побараш, нема сами да ти понудат.
Здраво девојчиња. Прва бременост ми е на 31 година. Се размислувам многу каде да се пораѓам. Дали во некоја од приватниве дозволуваат присуство на маж за време на пораѓај?
Е супер фала, мене па таму ми се чудеа кога им го кажав ова кога се распрашував за цени. Ми кажаа колку се доплаќа ...пред да им го покажам флаерот, дека го има како бенефит
Iskustvo od dr Zlatko Palcevski za porajgaj i opsto kako karakter? Dali e komunikativen, dali se posvetuva, dali objasnuva, dali odgovara na prasanja?
Девојки, тие што се имате пораѓано во Ремедика, освен за лична хигиена што треба да си земам, нешто друго од ваше искуство дали би ми било потребно да понесам од дома? Фала ви!