И јас неодамна се породив таму и го имам истото искуство. Бебето беше плачливо и ми направија притисок дека тоа е заради мене. Јас немав од веднаш млеко (имав многу малку) ама сепак сакав да го ставам бебето на града, меѓутоа тие го донасаа најдено и покрај тоа што неколку пати им нагласав дека сакам да пробам доење. Многу се нетрперливи, лошо боцкаат и ако не си она ептен стандард породување ако медицински ти треба нешто друго не се добро обучени и не знаат да го направат истото.
Веројатно кому како ќе му се погоди, но моето искуство не е убави со сестрите. Јас се породив пред 3 години и убаво се сеќавам на нечовечкиот третман на една од сестрите. Другите ептен зошто е приватна па морас да ми одговараат, само една понлада работеше како што треба.
Мене искуството ми е од пред 3 години ама исто имам впечаток дека се дрски сестрите, една само беше стварно супер и со многу трпение и спремна да објасни, да помогне. Другиве немаа трпение да го остават детето да цица, одма му пишаа во картонот ниска оценка за цицање, дека немал интерес за цицање, а реално не знаев како да го наместам, па после дојде таа другата сестра што ми помогна и ме научи како да го местам детето и фала богу до 2 години цицаше. Во тој момент реално се ми изгледаше трагично и се изнаплакав зошто викаат дека детето немало интерес за цицање, нешто што реално немаше да биде ако малку се трудеа да објаснат. Исто и требаше да молам за чај за доилки да ми дадат, ми тврдеа дека џабе пијам, дека најверојатно нема да имам млеко, пошто тек 5тиот ден ми дојде убаво млеко дека со царски бев. Мислам дека по анти-доенечки настроена болница нема, како едвај да чекаа со шишето да го нахранат. Тие некои работи ме нервираа, инаку во однос на тинтрање со станување, чистење позади мене, туширање, во ред беше се.
Од 34 плус се за во Ремедика ама не сум пишала кај мрнр бебе нр беше прематурче него 38+4 така да немаат никакво оправдување.
Да и мене ми потенцираа од 34 плус дека е, а инаку немав спомнато бебе беше родено 38+4 така да немаат оправдувањр, немаат нипто од тоа што треба да го имаат за пружање нега
Во однос на доењето се согласувам во целост!! Јас мислам само поради нивното однесување јас не го дојам до ден денес. Прво дете ми беше, ќе ми го оставеа во соба додека се туширам без да знам дека е тука, да не пијам течности бидејќи ми е најдојдено премногу млеко и никој не се оптеретуваше да ми помогне околу тоа. Имав вовлечени брадавици и ми беше потребна силиконска, никој не се замараше да донесе, или ако донесеа на второ враќање ја зимаа.. и секогаш ама секогаш беше најадено со адаптирано. Ниту се замараа дали е пресоблечен, дали плаче или не..Кога стигнавме дома, јас цело време го ставав на града, за една недела имаше качено 20 грама само, ми збореше педијатарот дека не е нарането бебето и дека го оставам гладен, и му збореше на бебето “еее мамс не те рани, затоа плачеш”… од тогаш си отидов со плачење, почнав да давам ад од страв дека не е најаден и еве до ден денес не цица. Моја нога веќе не стапнува таму
Пред 34недела не примаат во Ремедика за пораѓај туку од 34недела нагоре тоа имаа пишано. Се што е пред 34недела праѓаат на Гак не примаат кај нив
Исто пред скоро 4г породена, мн негативно искуство со сестрите. Температура кренав од премногу млеко, едвај 3та смена една од сестрите ми донесе пумпа електрична па се средив. Многу дрски и некултурни, само една ми остави убав впечаток. Втор пораѓај во Систина, подобар однос, но и таму има доста дрски сестри.
Јас во систина пред 2,5 години со царски, млеко ми дојде скоро после 4-5 дена, ама ми го носеа да цица, ништо тој не цицаше рана ме направи, ама мнооогу бев упорна, ги замарав на тоа телефончето и една две сестри се решија си седеа со мене, полека со трпение ем да ми кажат како да цица, ем да не опуштат затоа што млеко не доаѓаше, среќа бебето лакомо за млеко беше. Голема среќа и што се најдоа сестри со толкаво трпение да си поседат со мене. Инаку бебето цело време беше најадено, цело време имаше млекце бело околу уста што пиел, ама јас така сакав за да не е многу нервозен затоа што партал ми беа градите од шмукање на празно, ранааа и мислев дека нема да успеам. Дојдовме дома, нормално ослабна зошто млеко три капки имав, малку адаптирано малку цице и понатака поддршката од педијатарот од систина ми беше многу важна, одевме на неколку дена за да следи како цица, дали се подобруваме и после некое време две три недели откачивме адаптирано, само цицање. Без таа поддршка, без сестрите и педијатарот, јас ќе се откажев ОДМА, а не па плус и притисок да има или негативни коментари, многу значи И многу ми е криво вака кога ќе прочитам, на тие измешани емоции, промени и хормони, уште некој да е дрзок и да не покаже емпатија, знам дека им е и нив преку глава, секој ден исто, ама како што читам искуства, можам да кажам ако веќе бирате меѓу приватни одете во систина за породување
Здраво, сега се јавив во Систина и ми кажаа дека цената за пораѓај е за самиот пораѓај (135000 спонтано, 165000 царски) а сите прегледи пред тоа што се прават дека се наплаќаат, пример ехо 3800 денари, цтг 1800 денари. Па малку ми е чудно на таа сума толку дополнителни трошоци, колку што читав на форумов пред крај секој ден се оди на цтг и сл. Ако можете да споделите искуство како ви наплаќаа на вас и колку всушност на крај испаѓа целата сума . И дополнително ако знаете дали и во Ремедика е истиот принцип со цените. Ви благодарам однапред.
Овие во Систина скренале со паметот Во Ремедика пред 8мес од 36та гн плаќаш аванс од околу 7000 ден и сите прегледи и цтг до крај ти се вклучени во таа цена . На крај од вкупната сума за пораѓај ги одзимаат и го доплаќаш остатокот. Ако има некој поново искуство нека сподели
7900, во кои спаѓаат хепатитис и хив тестот, цтг и прегледи до крајот. Јас сега од нареден месец ќе почнам со подготовка и одење на цтг, па ќе видиме како е. Инаку мислам овие 7900 сега се дополнителни, не се одземаат после од вкупната цена за пораѓај.
Во Ремедика ли ќе се пораѓаш? Ако да, кај кој доктор? Сега се јавив, мене термин ми е 21 Јули, ми кажаа Ефремовски нема да биде тука тогаш, од 18ти Јули е на одмор. А за прегледи се почнува од 36та недела меѓутоа до крајот на месецов нема слободни термини ниту кај него ниту кај Котларова, а јас на 24 месецов влагам во 36та недела, што значи ќе треба да чекам до 1 Јули за прв преглед.