Сега ја отворив оваа тема. И порано имам пишувано дека се чудам како по 2 во соба. Па во тој период не можеш ни сама да се гледаш, а не пак уште цимерка, па и блиски нејзини во соба. Ма ни нејзини, ни твои. Кај нас не пуштаат никој во соба освен маж, а сите останати ако сакаш во ходник може да ги видиш. Бебе само преку стакло. Не па тоа во соба да биде, а да дојдат тетки и стрини на цимерка. Плус ќе седиш цело време со крената спавача и гола ( барем јас) Од втор ден натаму цицки болат убиваат-пак гола ќе седиш. И како сега две да бидат? Пред мажот нејзин да се устручаваш? Ај да се две, ама и луѓе во соба? Нема шанси!
Се ти е на место што си пишала освен тоа бебето да не е во соба со мене. Незамисливо. Да си го гледам преку стакло како во затвор, да не можам да го имам до мене кога ќе посакам, не доаѓа во предвид
Секако, но и твои да се ќе ти сметаат верувај. Ем крвосана, ем гради болат, бебе треба са се дои, тука муабети да се прават, а ти не знаеш како да го местиш и сл. Ваму беа многу строги за бебето, никој не го виде. Имав една непријатна ситуација со тетка на мм. Женава е др во државната болница. Ненормалнава опнала мантилот и се шверцувала во Плодност, да не види мене и беба. Едно време слушам во ходник огромна кавга и викање, се расправа за да влезе, научена како во државната-пазар. На крај од страв да не влезе, една сестра дојде и како фурија ми ја грабна беба да ја однесе за да не ја види. Страшно. Слушаш викотници и доаѓаат да ти го земат бебето. После дојде друга сестра, ми објасни и реков не сакам да ја пуштате. Уште па и во мантил, што повеќе бактерии да донесе Ако си во друштво во соба, такви слични можат да дојдат кај цимерката. Првите денови се најважни, тоа е толку мало, штотуку излезено од стерилна средина, навистина нема потреба никој да доаѓа. @wannaBeMomma Таман работа да не го гледам, па како ја доев? Бебе ти носат во соба кога сакаш и колку сакаш. Сопругот кога доаѓаше исто одма го земавме. Гледање преку стакло важи за другите кои сакаат да го видат. Во соба доаѓа само сопругот и само тој може да го види бебето. Претходно секако си става капа и маска, заштитници за чевли и дезинфекција на раце.
Aaaa ne sum te razbrala. Izvini Iskusiv ja sve sto si pisala so cimerki, poseti itn. Ovoj pat sakam sama vo soba pa ke vidime
Исто е и во Ремедика, смее посета од 10-22ч. Но бебето ако е во соба не смее никој да влезе освен таткото. Другите што ке дојдат на посета само преку стакло може да го видат, го зимаат од соба и го носат таму во собичката. Бар така вика цимеркава, мене уште не ми ја дале бебушка... Доаѓа мм на посета, обично и да ми треба нешто само ке дојде малку седи и си оди. Исто на цимеркава само маж и доаѓа и тоа не секој ден зашто не се од Ск.. Денес мојов го замолив со синчето да ми дојде, зашто сум депресивна малку да си го гушнам... Се е до осет...
Арна ти се погодила, добро е што не идат други.Мада искрено мене и нејзиниот маж би ми сметал. Ама како и да е, не е најлошото, да дојдат сите од корен. Ако веќе имаш друго дете и тоа секако може да дојде со таткото. Баш пред некој ден имаше на тв еден психолог кој велеше обавезно кога ќе се роди второто дете, постарото да се носи во посета да ја види мама, да не се чувствува запоставено. Се надевам веќе се изгушкавте, а наскоро ќе ти ја донесат и беба, брзо ќе минат деновите. Да сте здрави и живи
Прво мислев да не не е добра идеја да го донесе, ама и ми фали и сабајле плачел само што станал ме барал во кревет... па сакам да си се видиме. Мене не ми смета кој и да и дојде кај цимеркава, се додека има осет и не дреме мн време Ми ја донесоа прееска малку, ја гушнав и ја земаа... се надевам утре ке биде подобро па ке сме си повеќе заедно.. Мене ми тргнаа катетар, станувам сама.. па ке одам да си ја видам
станувај што почесто, ходникот затоа е толку долг, за пешачење. колку повеќе движиш толку побрзо ќе помине
Да итно завршив.. си дочекав и болки, дочекав водењакот да пукне, но со мекониум (многу се искакала од притисок некој, скоро како пролив изгледаше водата), за 5мин у сала бев зашо бев дури 2 прста отворена... немаше шанса да чекаат за природно да ме породат зашто почна да се губат тонови... од бебушка 4 катетри мекониум извадени се, и вдишала и на бели дробови има, високо црп, на антибиотика два е венски + кислород, во топла соба. Многу шок ми дојде ова, но ке биде подобро...
@mariz биди среќна што си била приватно. И мило ми е што се завршило добро. А да си била државно. Мојот пораѓај беше хорор. На крај омалаксав на бокс и ми се слоши. На ГАК ме оставија на немилост. И да ти честитам, жива и здрава нека е
@mariz најбитно се поминало како што треба. Ти и момата за некој ден ќе бидете како нови. Домче со бато.
Тоа си викам да бев државно може по секоја цена природно да ме пораѓаа.. а и незнам дали вака убаво ке се грижеа за неа. Убава килажа има, 3800,51 се роди, па убаво се бори.. до утре како нова, сакам и да цица... Фала ви жени, ич не ми се пишува приказната во породилни приказни... пиши бриши два пати правев. Кога ке е супер, ке ви пишам во труднички за да не не мислите
Мекониум е секаде индикација за царски. Никаде не би те породиле природно, ни државно. Ќе помине и ќе се гушкате, ќе се заборави, се случува кај многу.