Цените ги имаат како слики на ФБ и што е вклучено во цената. Спонтано 106.400 Царски рез 140.900 Ефремовски го препорачувам.
Мене Јане Стојковски ме следи и кај него ќе се пораѓам. Вака доста задоволни има од него. Со второто кога се породив (итен царски), после мене уште 2 породи природно. Едната со мене беше во соба некој ден, не беше ниту сецната. Се надевам со третово ќе имам среќа за природно да родам (ако смеам)
Од секогаш било 5 дена. Јас и пред корона имам родено таму во 2017та, лежев ден пред раѓање (една ноќ), плус уште 4 ноќи дека бев царски.
dali sega nekoj brzo se porodil vo remedika? mnogu se zalat od sestrite, site zadovolni od doktorite, a site se zalat od sestrite, velat prepotentni, drski, ne te fermaat, oni odlucuvaat bez razlika sto kazal doktorot, ke pobarash nesto ne ti nosat,ti se ponasaat, prevrtuvaat ochi?
И јас тоа го читам цело време, а со претходните две породувања имам убаво искуство и баш ме изненадува ова. Ќе пишам здравје септември. Секогаш може да се пожалите кај докторот или главната сестра што доаѓа на визита со докторите, ако се истите главни сестри од порано мислам дека ќе нема проблем сите беа супер.
Јас сум породена пред 2 ипол години во Ремедика и имав стварно убаво искуство. Да бев сега во Мк пак таму ќе раѓав. Сестрите нонстоп ми беа достапни кога и да штракнев на копчето веднаш доаѓаа. Сами ми носеа резерва влошки и мрежести гаќи како и спаваќи. Ме учеа како да го дојам бебето, ми донесоа и електрична пумпа да се измолзувам, бидејќи искрено јас немав појма што треба да правам. Притисок редовно ми мереа дека со тоа имав проблем. Ти покажуваат како се бања бебето. Кога и да сум ги прашала за раната или бебето секогаш велеа ќе прашаме прво доктор што ќе каже. Што знам зарем до толку да се смениле Јас имав убаво искуство и немам никакви трауми од таму.
И јас пред 6г имав добро искуство. Освен за доењето што не ми се свиѓаше дека не се замараат. А вака за се друго океј беа..
Јас пред една недела, не превртуваат очи, не се понашаат но не се ни со другарски однос насторени што и е очекувано бидејќи сме во болница. Сите сме различни па така и они, некоја повеќе ќе се посвети на односот спрема нас, некоја не но си ја завршува нејзината работа до крај. Секогаш грижата е на одлично ниво од нивна страна што е и најважно. Што и да треба кога го притиснеш копчето доаѓаат и ти носат. Јас лично бев презадоволна од акушерката Во секој случај сите прават да се осеќаш дека си во сигурни раце, што во тие мигови е и најважно.
Здраво, се одлучив за пораѓај во Ремедика. Првично сакав кај Котларова меѓутоа ми кажаа дека кај неа термини има дури крај на Јули и дека нема шанси пред тоа да закажам термин иако кажав дека сакам она да ме пораѓа. Втора опција ми е Ефремовски само проблем е тоа што он е од 18ти Јули на одмор а мене терминот ми е на 21ви Јули, што значи дека има шанси да не е тука кога ќе се пораѓам и во кој случај ќе ме пораѓа било кој докотр кој ќе биде на смена. Сега се мислам дали да закажам кај него, малку ме загрижува тоа што можеби ќе треба да ме пораѓа неккој кој нема да има предходно никакви информации за мојата бременост. Што би правеле вие во оваа ситуација?
Сакам да прашам тие што се имаат породени во Систина, дали ортопедски преглед за бебето е дел од пакетот за породување.
Дали има некој во скоро време правено стерилизација во Ремедика, ме интересира дали се доплаќа нешто плус?