Јас на скрининзи бев кај неа. Многу е фина, посветена, насмеана, позитивна Кога ме примија и за второто, она ме следеше некое време. Е за раѓање стварно незнам како е... ама вака доста посветена ми изгледа
Мене цела бременост ми ја водеше Ефремовски. Отиде на еднонеделен одмор 3 недели пред терминот, а јас се породив точно 2 недели пред терминот. Немаше време да се врати од Струга зошто морав итно царски и ме породија Јана и Симонида, секако во консултација со него и плус ја имав целата папка со извештаи од сите прегледи. Јас сум паничар кога станува збор воопшто за доктори и прегледи, но имав верба дека нема да ме пушти кој и да е по вода, така што не се секирај.
Мене неодамна ме породи Афродита. Супер искуство и со водењето на бременоста и со породувањето. Професионална, љубезна и постојано достапна. Јас имав малку комплицирана бременост и царски ама се супер испадна на крај
И јас сум од тие што се задоволни од докторите, а се жалат од сестрите. Секако е индивидуално искуство ама се случи да ми го заборават катетарот и се преполни се скина и цела соба мочки, не знаат да боцкаат клексани, брзат, боли и модрее местото (ова е коментар од докторот кога виде), тешко на тие со поголема доза, не знаат да облекуваат компресирачки чорапи и само си ја префрлуваат обврската. Се нервираат ако бебето плаче почесто. Ме натераа да поверувам дека јас сум крива што плаче демек ја осеќало мојата паника (и после неколку такви коментари јас стварно станав анксиозна). За доење не се замараат, ако имаш млеко арно, ако немаш мајка природа. Одвај ми дадоа една шоња чај и пумпа после молење. Имав коментари дека тоа е немам млеко и што и да направам нема да помогне се е мајка природа. Среќа не ги слушав па сега сме на ексклузивно доење. Неколку пати ми идеше да се расплачам од нивните коментари за царски, за плачење и за доење. И други вакви ситници што кога ќе се насоберат е разочарувачко. За бош муабети први се и тогаш се многу фини. Не барам луксус, не споредувам со државно, на тие пари не треба така.
Здравоо ,дали имаа некоја скоро породена во Санте плус со царски рез да сподели искуство ,цената гледам сега и е 1 300 евраа дали има некои скриени трошоци?
Da spodelam iskustvo od Remedika. Porodena vo ponedelnikot. Seuste sum vo bolnicata. Prezadovolna od sestrite, ako pobaras nesto ti nosat odma, nasmeani, raspolozeni za razgovor. Ne dojam, se hranime so vestacko mleko, pa ne sum slusnala nikakvi negativni komentari od nivna strana. Bebeto go zimaat navecer ako pobaras ti, ako sakas ti go ostavaat isto taka i preku denta.
Zdravo,da vi spodelam edna situacija sto mi se sluci pred edna nedela..bremena sum 36ta nedela,zakazav i otidov na pregled vo Sante Plus posto so prvoto se porodiv tamu pred skoro tri godini i pominav super. Otidov, mi rekoa kao izgubeni nemate termin im pokazav koga sum se javila i vikam zar nema doktor koj da me pregleda pa idam od drug grad ama ne izvinete, za zal nema doktor nitu eden vo bolnicava si zaminaa na bajram praznik e...vikam nemate doktor a imate rodilki?? Haos... si zaminav nervozna i premorena posto ispadnav porano od rabota u najgolemoto zesko... po edna nedela otidov vo Organdziski Stip,prezadovolna od doktorite sestrite pristapot bukvalno se.. topla preporaka za bolnica Organdziski...
Мое искуство во Ремедика, породена пред 2 месеца, природно кај д-р Котларова. Самиот пороѓај помина релативно брзо и лесно. Не оставаат простор за грешки, цело време на ЦТГ, епидуралот ставен одлично, секој чекор беше прорачунат и многу убаво се објаснува како да се дише и како да се турка. Минус, самиот “кревет” на којшто ме пораѓаа, делот кај што ми стоеа нозете им беше нефункционален, ми мрдаа цело време и сестрите мораа да ми ги држат додека туркав. Може го поправиле во меѓувреме. Деновите додека се лежи во болница не можам да кажам дека се осеќав ко да сум во болница. Визити има често, и од гинеколог и од педијатар и секогаш имаш апдејт за бебето во каква здравствена состојба е. Вода, сокче секогаш имавме. Редовни оброци. Редовно мерење на притисок и температура. Ги кажувам овие работи зашто мислам дека се битни додека се лежи во болница, независно за каква работа станува збор. Е сега за сестрите, разбирам зошто ги збориме, тие се тие што се цело време тука. Во принцип немам некои замерки за нив, кога и да ги повикав доаѓаа, ако не можело нешто веднаш ќе ми кажеле почекајте, ќе дојдеме, ќе дошле, ќе се завршело работа. Има фини, има конректни, има и што превртуваат со очи. Главната замерка е навистина со доењето. Не се едуцирани да објаснат позиции (многу неудобно ме местеа), мислам ради реда го носат бебето за доење, не го носат никогаш гладно, разбирам дека најверојатно е некој протокол независно од нив. Но гинеклогот вика сега најважно е да почнете со доење, а нема простор во болница да започнеш со доење. Многу е жално што првите денови се на АД. Секаде во светот многу е битен тој прв контакт на бебето со мајката и цицањето. Нејсе, не знам како е во другите болници низ МК. Пред да си одиме ноќта ми дојде млеко, побарав сабајлето да ми го донесат гладен, и го донесоа. На испис педијатарот ми кажа дека немам доволно млеко, морам после секој подој да му давам 30мл АД. Се разочарав, но имав чувство дека не е во право. Среќа што не ја послушав, туку решив да форсирам седење на града, што имав додатен проблем, се нервираше бебуш дека не му оди така лесно како со шише, се тргаше од града и бараше полесен начин да се нарани. Неколку пати само му дадов АД додека се учевме дека јас сум му ресторанот. Сега сме исклучиво на доење, а напредуваме 1100 гр од месец. Совршено за пораѓај никаде нема, но кога носите одлука за каде гледајте што ви е битно на вас. Мене ми беше битно за време на пораѓај да бидам третирана ко човек. Со доењето кај мене заврши позитивно, но има некои што се откажале ради тоа што немале поддршка од болница да го дојат детето.
Адаптирано (ад) млекце за бебе. @Trinity9 јас опседната сум за доењето уште сега за третово. Толку сакам природен пораѓај (иако имам и индикација за царски, ради претходен царски, сиг пак големко бебе и ниска постелка)... баш за да си одам побрзо дома и дома да си се борам со доењето. И мене ми ја носеа најадена, а јас полна млеко, пумпа еднаш ми донесоа и млекото ми секна. А имав прво бебе успешно доено, тоа второ ми беше. Со првото ад не дадов, а напредуваше машала. Плус до 3,4м и молзев, вадев од града по 150мл. Со второто стварно ме зезнаа. Ама царски, среда се породив сабајле, пон ме испуштија. Дома кога дојдов градите издишани (а третиот ден таму течев, полна, температура качив).. што не напраив, од апчиња, до чаеви, молзење... јас не го повратив млекото. Буквално го малтретирав бебе до 5м да нешто цица. Беше и на ад и на доење до 5м и едвај 700,800г ставаше... Пумпа ќе смеам ли да си носам таму моја? И апартман која цена е дневно? Дали во апартман има фрижидерче?
Сигурно би смеела своја пумпа да носиш, а за апртман не сум сигурна, дали 7.000 ден, или нешто помалку… најдобро таму да си прашаш и за фрижидер. Ама, многу е битно кога ќе видиш дека имаш млеко да напоменеш гладен да ти го носат. Па ако има потреба да ќе му додадат млеко. Многу ми е жал што си имала такво искуство со второто дете, баш со второ дете треба уште полесно да иде доењето. Независно дали со царски или природно, уште побрзо сега млеко треба да ти дојде, и ти посакувам третото успешно да си го доиш
Моја препорака од искуство (позитивно) е да бараш пред хранење да ти го донесат бебето. Цимерката последната нивна вечер си го остави со неа во соба од причина што имаше премногу млеко и си го доеше ноќе. Јас дома давав само една недела по 1-2 во денот АД инаку цело време ставав да цица, и после една недела сме само на доење.
Здраво,дали некоја во скоро време се има породено во болница др.Органџиски,па да ми кажете што даваат од таму,а што треба да се носи за во болница? Благодарам
Сега сум таму. Ништо не ти треба, освен облека за тебе и бебето кога ќе ве пуштат. За бебето има и храна и алишта и пелени, за тебе има влошки, гаќи, крпи. Храна исто има. Јас си носев само четка, паста, чешел, полнач.
Ajde nekoja clenka da spodeli iskustvo so dr Zlatko Palchevski za poragjaj. Jas bev denes na prv pregled kaj nego 36+3 sum i nekako ne sum zadovolna mnogu bese nekako kako napnat, se brzase, ne mi objasni nisto detalno a mi napravi i vaginalen pregled i toj i edna specijalizantka najverojatno bese, isto i ehoto taa mi go pravese a toj gledase od strana. Nekako kako za poroduvanje ne mi dade cuvstvo na sigurnost bas nekako se rastrevoziv od odnosot laden. Dali iso vas bil takov ili samo denot ne mu bese denes.