Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    621
    Пол:
    Женски
    Многу го фалат тука, јас лично не сум мн.задоволна. Искуство со пораѓај кај него немам, еднаш ми вадеше конци од царски, вториот пат хсг ама нешто не ме бендиса и не сум закажала пак кај него.
     
  2. Лалина

    Лалина Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2024
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Женски
    Најверојатно ќерка му е тоа :) Може денот му бил таков, иако не покажува многу емоции, ок е. Јас кај него водам и втора бременост. Ама ако не си осетила доверба на прва, да си одбереш друг, многу е битно да се осеќаш сигурно :)
     
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    9.916
    Подобро оди кај друг, ако вака од старт чувствуваш... Најважно е да си се осеќаш комфорно.

    Јас сум кај Димитров, ама фул е со пациенти искрено... Често времето му е кнап.

    Пред некој ден бев на ургентен во Систина, и ми се погоди др. Ѓорески. Јас сум препреубаво изненадена од пристапот, од објаснувањето, да те смири, да те покрие од секоја можна перспектива со начин на преглед, што да испита, што да препише за лек...
    Од порано имав за него слушнато пофални зборови уште кога беше на ГАК. И топла препорака за него, од лично искуство со него.

    Од блиска другарка, исто знам дека Иванов бил многу добар и посветен доктор. Тој ја пораѓаше пред два месеци, и кога беше викенд доаѓаше да ја види, и по три пати на телефон ја бараше да ја праша како е.
     
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.273
    Допаѓања:
    330.769
    Пол:
    Женски
    Ivanov e супер.Не ме породи он,туку Петровска.Ама ми дојде на визита.И единствен беше што се загрижи зошто бев бледа мн после породување и накнадно побара да ми се испита крв.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.262
    Пол:
    Женски
    Не ме породувал тој, ама имам лошо искуство со него на ургентен, во првите недели од бременоста. Толку лош однос, цинично. Се дрзна терапијата да ми ја менува дадена од инвитро докторот и да коментира. Ништо не ми објасни, а отидов преплашена со исцедок.
     
    На Joanna28 и Proksima им се допаѓа ова.
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    13.265
    Пол:
    Женски
    Што се случи душо, добра ли си? Мене еднаш Бојаџиев ми се погоди на ургентно и исто презадоволна од односот и тоа како да те смири и објасни се.
     
  7. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    9.916
    Да да, сега сум подобро. Имав три дена силни болки. Излезе дека миомот ми пораснал од 5 цм на 7.5 цм за помалкуод месец... И болките од таму ми биле
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    13.265
    Пол:
    Женски
    Добро е одмарај сега, другаркава со миом веќе е 9ти се чека секој ден да се породи, знаеше од него да има болки пошо си расте. Ама и стагнира веќе се месеци и не и смета толку. Така да со лесно, ќе помине се.
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Лалина

    Лалина Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2024
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Женски
    Ејјј и јас исто на итно сега пред некоја вечер, ми се погоди Ѓорески, колку убав пристап, колку е фин. Како да бевме на договорен преглед со сопругот, многу многу убав пристап :) Јас друг доктор не сум ни барала и не сум била на преглед освен кај Палчевски за редовни прегледи, ама се изненадивме колку убаво поминавме, a на итен преглед, со информации еден куп :) :D
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    9.916
    Да, дефинитивно и јас истиот впечаток го добив. Докторот е за сите пофалби.
     
    На Лалина му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.697
    Пол:
    Женски
    Се договарав да ме пораѓа Палчевски, одев кај него на прегледи, но на крај дежурен доктор ме породи, дека природно и џабе договорот, нема да дојде ако не е на смена.
    На прегледи беше добар, опуштен, се зафркаваше, јас си одев опуштена, брз беше и брзо зборуваше, а памтеше се, секогаш, не знам како, кога има толку пациентки.
    Малку ме разочара што не дојде да ме породи, а се слушнавме телефонски,ми даде некои насоки. Можеби очекував повеќе во овој дел.
    Мислам дека таков му бил денот зошто доста знае да опушти и да се зафркава,се дере по ходници и само се смее (ова од кога се породив, кога доаѓаше на визита). :D
     
    На Beth89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.602
    Допаѓања:
    1.364
    Пол:
    Женски
    Неколку прашања, може е веќе одговорено не знам, во приватниве болници ви даваат такви мрежасти гаќи и улошки или треба да си носам? И пелени за бебето дали даваат или треба јас да купам? И дали има опција секаде да бидеш сама во соба (или апартман), нормално со доплата?
     
    На LaViCa. 08 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.879
    Пол:
    Женски
    Во Систина имаше и улошки и мрежести гаќи. И пелени има, јас не носев ништо од тоа. Јас бев сама во апартман, така сакав и си доплатив. А постои можност и да нема родилки па сама да си во собата, но ако си сакаш сама, постои и таа можност.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.879
    Пол:
    Женски
    Баш ме изненади..само заради тоа што не бил на смена не дошол? И јас се породив кај него, и сеа ме чудиш зошто вака..инаку да, и јас се чудам како ли памти толку пациентки :D
     
    На Sun&Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.697
    Пол:
    Женски
    Не дојде. Кај тебе дојде на повик?
     
  16. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.105
    Допаѓања:
    14.027
    Ја чита историјата пред да се влезе кај него. Не може да памти за сите. Инаку јас не бев задоволна само од тоа што дозволи ќерка му да ме прегледува, а не ја ни претстави. Плаќам приватно за да ми врши преглед некој што е општ лекар (тогаш таа беше општ лекар). И плус некогаш се брзаше, напнат беше, некогаш ок.
     
  17. Лалина

    Лалина Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2024
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Женски
    Во систина кога ме примија немаше слободна соба или апартман за да сум сама ни со плаќање, спомнав ми рекоа ќе ме преместат и после 2 дена веќе се навикнав на собата не ме ни преместија, а една друга со мене што беше во соба една вечер спиеше со мене, па се премести сама :)
     
  18. Marsi*

    Marsi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2023
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.162
    Во Ремедика кога се породив со првото имаше се од таму.
    Гаќи мрежасти, улошки, памперс за бебето, носев само за мене и лична хигиена.
    Кога ме примаа ме прашаа дали сакам сама да бидам во соба и ми рекоа плус 50€ се доплаќа.
    Ама имав среќа и сама бев тие 5 дена, не сум доплаќала ништо.
     
  19. Bella Nella

    Bella Nella Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2024
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    425
    Пол:
    Женски
    За Ремедика, секој ден ти оставаат ноќници, гаќи мрежасти, големи паковања влошки има секогаш, за бебето они го облекуваат освен ти ако имаш желба што значи ништо не ти треба, паста за заби, четка, дезедоранс, итн работи за лична хигиена си имај само.

    Мене кога ме примија ноќта со докторката што беше дежурна се зафркававме дека ако носам полнач за телефонот спремна сум да останам.

    Имаш опција за апартман, јас сакав цимерка побрзо минува времето :D
     
  20. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.879
    Пол:
    Женски
    Па супер е тоа и што ја чита, одев кај еден доктор што сериозна работа правев, ин витро, па ниту читаше, ниту ме познаваше која сум, секој пат беше ко прв пат да ме гледа. Инаку, бар лично мене, приметував дека ме памти, зошто и му кажав дека бев препорачана кај него, па така се заправивме муабет, често средби и може затоа плус ме памтеше.

    Е тоа да, не е ок да не ја претстави. Ако веќе те прегледува, имаш право да знаеш кој го прави тоа. А ти секако си платила за кај него преглед, не за кај неа, тоа не е ок.

    Јас пораѓајот го памтам како одлично искуство благодарение на него, и здравје пак би се пораѓала кај него. На прегледите секогаш беше брз, ама позитивен, насмеан и посветен. Имав доверба во него, што ми беше нај битно. На пораѓајот заедно со мене се радуваше, така да, пак него би го одбрала.