Има неколку сликата во групата "Породување во Плодност или Државна во Битола? " Ст.72, пишува дека е 95000.
Кога во иднина ќе планирам да имам бебе бременоста дефинитивно ќе ја водам во приватна болница и пораѓајот исто.Изборот би бил помеѓу Плодност и Систина.
Родителиве кога се породив однеле благо и виски, пусти мерак. А јас на прва контрола му однесов на докторот шоља за кафе, кафе, благо,дрвена плакета благодарница, сè заедно ме кошташе 1000мкд. Тоа зошто јас лично сакав и многу си го почитувам докторот како човек а секако не сакав да забегувам со износи,подароци зошто од 160.000мкд за пораѓајот си наплаќа и докторот
Чепчиња ми понудија, имам искуство со нив ги земав и сама ги искористив. Не знам дали ако побараш ставаат.
Мене пред царски ми кажаа дека треба да се стават две чепчиња, ме прашаа дали сакам сама или они да ми го стават.
Исто и за природен е во Ремедика. Јас чепче два пати ставив, пред провокации вечерта и сабајле во 6 пак. Ама во 9 завршив итен царски.. Боље чепче, него клизма. Клизма со првото во Чаир добив, не баш пријатно искуство
Не знам колку е цената, туку за пораѓај во вода сакав да прокоментирам. И тоа е зависно од моментот како ќе се осеќаш и какви ќе се околностите. Имав јас желба во вода, а и можност. Ама на крај кога влегов во вода, почнав да се тресам цела. Добив некоја глупа треска и после почна да ми се лоши и повратив. Цела бременост немав повартено. Имав и киселини цело време, а зедов некој седитив демек да ми се смират болките малку. И целата околност, мене не ми беше пријатно. Башка бебе на крај малку заглави по пат . Па пошто бев истоштена веќе, си побарав епидурал да пододморам. Со епидурал после не можеш веќе во вода. На крај и помогнаа со вакуум да излезе. Ама има жени што супер си поминале во вода. Муабетот ми е убаво е да има опции, ама однапред не може да се планира дали и како ќе се породиш, ако се пробува природно. Чепчиња и клизми нема во странство. Нив се им е нормално .
Болница Плодност број 1 пероналот им е многу културен услужлив и никогаш нема да ве остават без надзор јас имав незаборавно добро искуство таму иако не бев за пораѓај, но сум препрезадоволна од нив...
Јас одам кај доктор Владко. Топла препорака! Човекот е толку професионален и пред се пријател. Достапен е во секое време за што и да ти треба. Јас сум презадоволна од него, само пофални зборови
Зашто клизма не? Не е добра нешто? Не ми текнува дека болеше/беше непријатно. Или беше доста испраксирана девојката, па не ја ни осетив. Само што се свртев на страна ми рече станувај за вц.
Јас на тие јаки контракции ич не ја мислев клизмата, само им викав ставајте да не направам беља пред докторот