Овие цени ги нема никој пишано тука мислам, така да тие се покачените. Имаа и Јан, Фев покачување и баш се шлогирав и тогаш од цената...
Ја не знам до кај планираат да одат со цениве… ова е лудо скроз. Мислам не знам ни кој стандард мислат дека сме. Работава побарувачка-потрошувачка ли? Па до толку ли имаат побарувачка??
Сигурно пак ќе имаат идна година и не знам до каде ќе се оди со цените.. Реално мислам на никој не му се даваат овие пари ама ако мораш...
Јас пошто со план сум за систина одма штом го прочитав ова се јавив одма денес да прашам и стварно се покачени, 134000 е спонтано, а 169000 царски. Осет да се немало, стварно се ментални. Утре ќе прашам да уплатам аванс и дали ќе ми бидат гарантирани овие цени пошто ако почекам уште малку 5000 евра ќе стигне до мојот термин. Лудаци тешки.
Инаку уште ќе покачуваат Систина цени на секој 6 месеци покачуваат, затоа најдобро за цени прашувајте дирек таму во инфо центарот.
Имаше @Aschenputtel споделено баш јас ја прашував. Јас засега сум презадоволна од нив од услугата, хигиената, посветеноста и ми е во план таму. Сепак завсии и од кај си, дистанцата дали ти одговара. Цените не се споредуваат со Систина, 127000 е царски.
Ми одговара баш патот мила, за некои 40 минути сум таму. И Скопје ми е блиску ама изгор се цениве, а некако Органџиски најсолидни ми изгледаат. Не дека му е ефтино, ама за разлика од Систина се ден и ноќ. Ако се пораѓам на приватно прв избор ми се, па супер штом ми кажа дека си презадоволна Јас и ти како што сме исто со неделите може и ќе се сретнеме таму здравје
Кога се јавив пред 1 недела ми кажаа 133000 за царски 7500 ден за некој испитувања За бебето сите испитувања и прегледи + и башка за мајката ехо итн Мислам дека претераа секаде
Пред 2 години вкупно 128.000 платив со сите овие работи, не е толку страшно покачувањево како Систина… да не ти кажаа за уплаќање предвреме нешто? Ќе дојде ред да си букираме пораѓај ко одмор.
И во Органџиски е покачена цената за природно породување, пред некој ден имаа објавено од 85 000 на 92 000 денари.
Јас платив учество 7900 во 36та и од таму навака ни едно ехо, ни цтг, прегледи ништо не ми наплаќаат. Тие 7900 се одбиваат од вкупната цена.. ќе прашам за ова утре за сигурно (тие за се припрема, цтг, инфективен скрининг -хепатитис и сида, крвна слика пред раѓање). Дополнително ништо не се доплаќа, прееска крв ми земаа за припрема и барав сама тсх хормони да проверат и таа ми рече абе не плаќај тука плус ти се тие, ако имаш можност провери преку матичен. 98.500 е природно, 133.00 царски. Ептен нешто итно да треба да се доиспита, се доплаќа. Сега ќе прикачам скрин пак од тоа на меил што ми имаат пратено. Спојлер: Цени Ремедика
Ovie ceni im bea posledno kako sto znam jas,a denes slucajno doznav i otvoriv da vidam pisuvase spontano 134.000, a carski 169.000