Нешто ме натерало... Бев ја видов иначе, какви се сите леле бебиња прцлиња кое во креветче, кое во инкубатор, кое во топла соба, гомца мали сите убави Подобра била, не и требало веќе кислород.. си нанаше
Леле па таа тетката,демек др е па ајде ќе се шета по болници кај сака,па уште и се расправала таму ко на пазар да е.Таму се знај,само таткото можи во соба и да си го види бебето,другите не смеат да влезат воопшто.Така било одсекогаш во Плодност,не знам зошто на некои луѓе им е толку тешко да го прифатат тој факт.
А бе несалам. А иначе само на свадби се гледаме. Повеќе дојде да види како се породив, оти во државната не отидов, прашала и колку плаќам. Уз пат и собите да ги види, шо се толку посебни.. И мече битно донесе. А замисли и свекрва ми доктор, сите ја познаваат и ценат далеку повеќе, плус баба на детево, не дојде, знај како е сега породена дека не се иди. После кога и кажав за теткава ( нејзина золва) партал ја направи
Кај мене само мм идеше тие денови дури бев таму.Кога се преместив од интензивна в соба,дојде и свекрва ми внатре ама бебето не беше тука,плус таа само влезе да ми го дај пликото со името од малата внатре што и го дала кумата и веднаш излезе,си појде долу на кафе.Кај мене се најавија неколку луѓе за идење ама сите фино и културно ги одбив,додуша и разбрани беа. А за собите,шо ќе гледа...во државните се години уназад.
И кај мене идеше само мм, теткава ја набркавме Друг не се ни јави, а тие што сакаа од страна на мм, ги одби свекиНикако не можам да разберам зошто идат. Да не се налутиме? Мора да се оди кај родилка? Бог да чува! Барем жените знаат како изгледаш првите денови по пораѓај и како се чувствуваш. Навистина не си во можност да трпиш некој. Истото и за дома важи. Не се за џабе тие 40 дена, токму се измислени за да си дојдиш на себе, да се навикнеш на бебето, физички да закрепнеш итн.
Девојки, ќе може ли некој да сподели искуство со породување, цени и општо однос пред/после породување во Санте Плус. Гледам од лекариве, сите анонимуси освен таа Адамова
@mariz мене собата ми беше одма до бебињата Ги слушавме со цимерката како плачат и си викавме леле моето ли е Инаку, имаш на средина меѓу тебе и неа завеса да не се гледате. Јас така правев некогаш и малото цицаше кога беше и татко му тука.
Ве читам и се чудам искрено. Мене па кога се породив во Систина ама се ми покажуваа, и доење и проверуваа дали имам колострум, ми покажуваа како да го држам бебето, и за се доаѓаа. Повеќе имав чекање од сестрите други а од неонантологија секое мое стискање на копче беа за сек кај мене. Добив торба, Бекутан некое пакување со подароци, веледа тестери и сл, ама пак ќе кажам јас ради докторката не сменив, и ден денес си ја обожавам и па да раѓам па кај неа ќе идам и па Систина ќе ја бирам. Друго @Anicka30 не ни помислувај на Адамова, овде не знаеш колку с имам жалено од неа, кај не ми виде хематом на прв скрининг, кај прокрварев обилно ради неа и не се знаеше дали ќе биде ок плодот, уште ми се јави да ми се дере на телефон. Дрско безобразно изработено бабиште. Јегени од Санте го фалат мн ако си решила за таму. Мада ја си ги побарав парите назад ( капар имав замисли за пород оставено пошо братучетка на мм ме убедуваше колку се они топ) а ни клима не им работеше летоска (2016) и ми ги вратија откако им се заканив со тужба. Инаку не може Систина да ја споредувате со др приватни од проста причина што колку и да не сте задоволни од севкупниот исход ( нели секоја своја приказна нормално) сепак само они имаат неонантологија и само они надвор од државните може да понудат помош за не дај боже бебе ако не е во ред. Снаа моја работи таму, баш кажуваше летово дека им донеле од Ремедика бебе угушено од мајката на спиење и не го спасиле зашто прекасно е пренесено од таму.
@LadyC фала на предупредувањето, само сакав да се информирам, не знам каде да одам, не сум задоволна одмојата докторка и односот - ти велиш си презадоволна од твојата во Систина, за која станува збор?
Ана Кацарска ми беше мене . Она ме водеше од 3ти месец до крај. Нема везе кај и да идеш у Систина сите се стручни од докторите, дури и да го одбереш Санте, Јегени е од Чаир таму отиден мн го фалат ко доктор. Не сакам да испадне дека правам реклама на Систина, не ме плаќаат за тоа, само знаејќи ја Ана како се приврзува со пациенти затоа и ја зборам. А јас сум човек кој бара внимание, деталност и малце френдли однос. Не сакам строго професионално и да идам со терет на контрола. Од тој аспект и трчањата на Ана секад самоиницијативно од дома за да ме види дали ми се кренал притисокот ( и со него имав проблем некаде во 4ти-5 ти месец) доаѓаше и нејзин апарат ми нудеше да ми позајми да го користам дека бил 4000-5000 да не ги давам парите. Ете јас паѓам на такви работи ( ова е една ситница меѓу многуте додека ме водеше она, башка окапа у соба секој ден не посетуваше мене и малиот по неколку пати од онака, не дека беше дежурна или сл) , не дека го земав, едноставно ми годи тоа што навистина ми пружила внимание.
@LadyC Незнам како дозволиле како прво бебето да спие со мајката, нема шанса.. еве на мајкава со мене и го носат, цица си се гушкаат пола саат и пак назад... 7 дена во инкубатор и било (36та родено), па неколку дена во топла соба, па топол воден душек, се по ред постепено за адаптација... Подароци имам од силан течен + омекнувач, од мустела, бекутан, памперс, себамед, биогаја. Трчаат одма а стиснам копче, супер се грижат и за мене и за бебе... сестрите сите до една се злато. Гледам доста и помагаат и на цимеркава за доење, додека беше бебето во топла соба ја викаа таму да дои. Перница за доење, пумпа, ланолин се си има.. а и што било да се побара одма носат. Др кој те следи, доаѓа да те пораѓа кога и да бидне.. еве мојот си отиде и после некој час пак си се врати зашто почна процесот за раѓање.. па он ме породи. Сега за сега многу сум задоволна, до пон сум тука (ако сме супер) па ке видиме искуство понатака
@LadyC токму тоа и јас го барам, баш ќе закажам кај неа да ја видам. А дали даваат можност за плаќање на породување на рати во Систина, знае ли некој?
Леле ич незнам како се викаше.. сите ми се претставија ама изгубена бев не запамтив. Со наочарки беше, сини очи... (мислам)