Znaci skroz se zabegani Sistina so pregledite i mislam stvarno nema smisla,pogotovo sto na nas redovnite klienti ne ne izvestuvaat tuku sami morame da doznavame.Jas da znaev deka do sea sto pati ke se smeni cenata ke si platev avans od 12.000 barem znam deka ke si kstane ista cena,a ne ova.. i pregledot im e pokacen,eho plativ 4.900
Јас бев решена за систина, ама после ова што си пишала ја разгледувам и ремедика како опција. Да не замарам овде, имам некои прашања. Може ли да ти пишам лп?
Имајте секогаш во предвид дали болницата каде ке раѓате имаат и неонатологија или е само родилиште.Сеедно дали приватно или државно ама битен фактор е…доколку нешто не дај боже има потреба.
@baguf4e те молам сподели ако добиеш информација од кога најрано пред пораѓај може да се уплати аванс?
А како мислиш да те известат? Знаеш ли колку има редовни пациенти? Тоа може докторот што те води да ти спомне ама нема никој никаква должност да те информира као еј да знаеш од денес покачивме цени. Во однос на авансот најубаво да се распрашате, мислам дека тоа не ви е никаква гаранција дека ќе ви ја остават старата сума. Некако не ми е ич логично. Скроз е нехумано ова, 170 000 денари да се даде за пораѓај, ама какви глупаци сме ни нема рамни. Место истите доктори што пораѓаат таму, да не пораѓаат на државна за џабе ние сеа ќе даваме вртоглави суми затоа што сами си напикавме неписмени во државните институции.....
Kako mislis nemaat dolznost?pa toa ti e isto kako da odis nekade sto pravis nokti ili na frizer i da ti kaze nekoja cena sto e poskapa,a si im redoven klient…smetam deka treba da bideme izvesteni deka cenite bi se poskapele a ne da otidam na salter i da me slogira novopokacenata cena. So avansot definitivno ostanuva cenata za koja imas uplateno,no i za toa da sme bile podobro informirani ke sme go uplatele mnogu porano,a ne do sega 100 pati cenata im se pokacuva.
Не се одбива повеќе авансот од вкупната цена. Овие 7000 се за инфективен скрининг, плус цената за породување.
Мене ми е најбитен фактор со оглед на тоа што стварно имам ризик од предвремено породување и единствена опција ми се Систина и ГАК...
Се одбиваат тие 7900 што се плаќаат во 36 недела. Ги одбиваат на крај кога плаќа сопругот пред да ве пуштат од болница.
По ново не. Или како им текне прават. Породена во окт, не се одбиени. А и ни беше кажано дека нема повеќе одбивање.
Од толку што бев запната и решена за Систина, вчера откако покачија пак по не знам кој пат решив да ги откачам. Премногу ме изнервираа. Со ова понашање се надевам дека ќе почнат да губат клиенти бидејќи навистина го претераа. Си размислувам за ремедика, сепак разлика од 28000 не е мала разлика. Да зборнам уште еднаш со сопруг, ама најверојатно таму ќе си одам.За искуства секаде има и лоши и добри, тргната сум со позитивна мисла дека се ќе си биде добро.
Мила, каква Систина, да ти кажам од што претеруваат со цениве ни на крај памет не ми се ставени за пораѓај. Види и кај Органџиски ако ти одговара, цените му се многу пониски од Систина а еве до сега само пофални зборови слушам. Јас ако одлучам да се пораѓам приватно прв избор ми се.