Според сликите што ги стави Мариз вчера, а и нивниот вебсајт, ќе му дојде 133000+7900=140900 царски и 98500+7900=106.400 спонтано.
Ajde ke spodeli kako pominala.Kako ide vreme me faka strav za porogaj se mislev Sistina ama jas,bliznaci keme fati gavol ipol,a sekogas nadavaat plus ispituvanja.Nemam osiguranje sve si plakam privatno i mi kazaa nekade pred da poskapat bez 200.000 den da neplaniram tamu,zosto ke bide i poveke.
Јас сум со приватно, ама сепак цените ги направија ненормални. Ме фати на инает, не е нормално на 2 месеци да качуваш цена. Од што се распрашав по луѓе, слични услови се и во ремедика, само што е поевтино за речиси 500 евра, што мене многу ми менуваат.
Jas pamet za drug pat,nemam privatno nemam karenca i sve si plakam privatno.Duri i brisevi si nosam privatno,samo zivi i zdravi bebinja dasi rodime
Vidi si i plodnost, nemam nisto negativno procitano za tamu. Jas se porodiv sistina i fativ koga bese 123000 i so privatno osiguruvanje malce doplativ. Navistina sum prezadovolna ne ocekuvav deka vo mk ima tolku organizirana i dobra bolnica vo sekoj pogled od higiena, nega, strucni doktori, hrana, se znaci. Sekoj den doagjaa cistea, nosea prevkusna hrana, koga zvonev odma doagjaa i nosea sto ke pobarav,sekakvi doktori doagjaa da go proveruvaat bebeto i da kazat dali e vo red, za doenjeto bebeto odma fati pa nemav maka so sestrite ama sepak bea fini. Koga si odev od bolnicata kazav deka sekoj denar vredi i da nemam ke plakam kredit ama porajgajot mi bese ubavo iskustvo, sto bi se nafatila da imam vtoro dete Jas otidov tamu posto na drzavna mi bese strav od sto se iznacitav za kakvi traumi doziveale nekoi feminki.. Znaci ova e moe iskustvo od sistina znam deka ima negativni, razmisli, odlucisi, samo kako sto citav na internet plodnost kako podobra od remedika
Здраво, ти благодарам на исцрпното искуство. И јас сум чула супер искуства за болницата Плодност од лични познанички, единствен проблем ми е локацијата. Јас сум од Скопје и премногу пат ми е до таму во случај да раѓам спонтано и да ме фатат болки преку ноќ, ризик ми е да патувам над 2 часа додека стигнам до болницата. Да ми беше поблиску секако ќе ми беше опција. Паничарка сум и одма мислам, а што ако се расипе колата, а што ако се дупне гума хахахах. Исто така имам многу познанички, чак и сестра ми, во систина што родија и имаа предобро искуство. Само јас од принцип и инает не им идам па што сака нека е. Верувам дека и во приватните има негативни искуства, нигде не е мед и млеко. Имам уште време да размислувам, ама најверојатно ќе биде тука во Скопје во Ремедика
Јас не би се осмелила над 30мин да патувам за пораѓај дури и со закажан царски, шубе ми е баш како @baguf4e се си мислам ќе не снајде нешто со кола и во нива ќе се породам За жал се повеќе приватни се отвараат и сите си држат цена, го користат моментот што никому не му се оди на државно веќе. Сега Жан Митрев може ќе пуштат пониски цени да привлечат клиентела ама прашање е кои доктори ќе ги земат
Па твое е да прашаш за цената. Гајле им е на нив ти дали си во тек или не. Плус тоа ете нон стоп информираат преку маркетинг пуштаат реклами по социјални мрежи и имаат нивна веб страна. Не знам што мислиш дека треба да праат да се јавуваат на секој пациент по телефон и да го известуваат дека за цена?
Jas ne znam zosto tolku mi se napna za mojot stav kon Sistina presmesno, taman rabota na sekoj da se javuvaat,ednostavno mozat dodeka plakas na salter ili pak doktorot kade sto te sledi da te izvesti cisto kako niven redoven pacient. Sakav da spodelam za nivnoto bezobrazno pokacuvanje sekoj mesec, za da bidat informirani ostanatite clenki koi planiraat tamu da se porodat, a ispadna deka treba da se objasnuvam so tebe na forumov totalno bezvezno
Имаш време види во Жан Митрев што цени ќе има и кои доктори, дур стасаш за пораѓај сигурно ќе има и таму некој што ќе се породи.
Ете денес на фб Ремедика објавиле 106 400 природно, 140 900 царски. Јас платив 133 000 царски во февруари плус тие анализи што ги нудат како божем кај нив биле со најниска цена. Задоволна од се, само ме изреволтира што пишуваат дека следуваат три прегледи за бебето во првиот месец, бевме на првиот и ни рекоа нема веќе потреба да доаѓате следниот преглед може кај матичен педијатар. Наместо три добивме еден преглед. Инаку претерале сите со цените.
Не им оставај. Ова е претеризам. Види во Ремедика, и така е таму персоналот подобар, според мене. Во Систина ти се ко клиника, ќерка му на оној, ќерка му на овој доктор по прегледи. Ма ајде бре...
Јас пред две недели се породив во Систина и презадоволна сум од се, ама со цениве претераа стварно. Не знам до кај ќе одат.
Искуството е одлично. Нега, грижа, доење, све е одлично. Вчера породена царски, уште вчера на града. Денес веќе и станав со сестра прво (ме избања), пред малку катетар ми тргнаа, сама станувам и движам.. Бебе е нон-стоп со мене (секако на копче имам помош во секое време). Немам замерка ништо. Сама сум и во соба еве втор ден (не плаќам за сама, така се погоди немам сеуште цимерка). Инаку ти со близнаци ако раѓаш пред 34та, нема да може во Ремедика (немаат оддел за неонатологија). Инаку за дополнително плаќање се 3 прегледи (секој по 1700ден), кои ако сакате ги правите. Ехо на колкови и преглед од ортопед, проверка на слух и тест за интолерација на лактоза. Ние освен ова за лактоза што нема да правиме, другото ќе го правиме. За тие 7900 сеуште незнам дали се одбиваат, кога ќе не испуштат ќе ви кажам