Можеш да прашаш сигурно, јас сега бев на преглед и уплатив капар за да зачувам цена затоа што цело време се менува цената, да не испадне после 200.000 да заокружиме Тоа е канцеларија на главниот влез од десно, каде што се уплаќа и ги имаат сите информации за цени, моите прашања беа дали цената ја задржувам со капар и дали има разлика со близнаци. Има и еден телефонски број што ми го кажаа пред некое време од контакт центар за информации за цени, ама никако не можам да стапам во контакт 023099501, може да пробаш да се јавиш можеби би ти кажале основен трошок за второто бебе дали ќе е 5. 000мкд, дали ќе е 25.000. Иако мислам дека може да има разлика +/- некое испитување да не прават, па точна цена не ни знам дали би кажале, затоа и некако не прашав
Тоа како сакаш, јас имав една бонбоњера за докторот, една за сестрите кај бебињата и една за другите сестри и болничари.
Кога ќе одам на преглед ќе одам баш до таа канцеларија и да видам. Пошто во тоа каде што го кажуват пакетот за породување никаде не назначиле за близнаци како е,вака многу непријатно е ако некој незнае. Не дека одиме со пари фикс, али би требало да знаеме што доплаќаме. Да знаев дека вака брзо ќе поскапи, аванс порано би дала, ама ај…тоа е.. Фала ти за одговорот!
Здраво феминки, Прв пат пишувам во оваа тема јас сум чест гостин во темата за вотелесно оплодување и се надевам за скоро и тука. Пишувам за совет за болница Санте плус некој да ми даде совет за царски рез прашувам за сестра ми која термин за пораѓај и е во октомври. Какво искуство имате со докторите таму кој го препорачувате?
Јас со двете породувања не частев ништо, на таа цена уште подароци... а и државно да е не гледам причина зошто треба да им се купи нешто
Истото го помислив и ја, мислам дека нема потреба од частење на таа цена. А навистина се претера со цените..
Јас кога прашував беше 165.000 ден царски и некаде грубо ми кажаа горе доле цена 200.000 ден зависи која недела кесе родат близнаците
Јас вчера бев и уплатив капар и прашав да ли со капрот е задржувам сегашната цена и ми рекоа да. Прашав и во врска со близнаците да ли ќе се доплати нешто, ми рекоа само лабараторија, а се друго е платено во цената. Прашав и за цтг, од 36.недела се рачунаа во цената. И нормално ако е не дај Боже нешто со бебињата или да треба крв за мајката и ред други работи, тие се доплаќаат, а вака за нормално раѓање се, тоа е таа сума.
Мене ми кажаа тогаш плус лабараторија и плус педијатриски прегледи.Грубо горе доле ми кажаа 200.000 ден.Се иде плус кај нив,а секогаш иде плус уште нешто.Кога тие термин за порогај и кај кој доктор идеш за следење на бременоста и породување со близнаци
Не е страшно Сите уплаќаме и одиме за нормално породување и со едно може компликации недајбоже и плус да се плаќа. Ова не е лошо, гледам и на сликава, 6000 мкд за близнаци Благодарам на инфо
Не е лошо навистина, више кога сме решени не ни мењава 6000 нешто. Само сите да поминеме лесно и да останеме на таа цена без додаток!
Во Ремедика плативме 146.900 за царски рез. 133.000 е пораѓајот, 7900 за припрема во 36та што се плаќаат и 6000ден дополнителни трошоци имавме (за кој си знаев). Јас сум презадоволна овој пат, немам никаква замерка. Од пораѓајот, до негата, помош за доење. Многу бев уплашена за доењето (дека со второто ми секна млекото), па може дури им досаѓав Една вечер тврди гради, сестра дојде ме масираше. Секое мое стискање на копче, веднаш доаѓаа. Бебче беше одлично, па од прв ден беше веќе со мене со тоа што они доаѓаа да го стават до мене, да го земат. Од втор ден веќе и сама станував. 4ти ден кога дојде млекото ги замолив да ја оставаат по цел ден со мене, да не и се дава дохрана и не и даваа. Пред 6г и сега има разлика, подобро каде каде (или така ми се погоди, нз).
Баш ми е мило. Јас пред 4 години поминав одлично, ако е сега уште подобро баш се радувам. И пред 2 години поминав добро ама една несмасна сестра ми ставаше канила, ми направи тромбови на двете раце и после морав по доктори да се влечкам. Само тоа ми направи нервози инаку се друго беше добро. Како е сега домче, се навикнавте?
Мене ме пребоцкуваа четврти ден дека отече првата, ама па на незгодно место ми беше ставена.. јас слаби раце и изгледа сама ја изместив. Од операцијата сум исто задоволна, резот е врз претходниот рез и доктор на визита дури мислеше дека ми е прв царски (толку е добро ранава). И баш брзо се опоравив и сега, две недели точно денес.. јас како да не сум оперирана. Се навикнуваме, цица беба и млеко има фала богу Уште на станувањето навечер да се навикнам јас И трудна не спиев последни 2м, ама ова неспиење е друго
Privatnive se izgor skapi. Drzavna nesakam voopsto da ja komentiram. Jas preplakav da se poragam vo privatna no ne sakaa da me primat zaradi toa sto imam prethodno pravena edna operacija odnosno na 7 god. Komentarot bese deka nemaat dovolno strucni lica vo slucaj da se iskomplicira nesto i deka ako dojde do toa ke treba da odam vo drzavna. Spored ova si zimaat pari na lesni poragaji i ke zalazat so nekoe rucece ova ona gluposti ne vredi za tie pari. Edino za mleko ako pomagaat poveke, mada ja i jasna ja vikav piev se i svasta i dzabe mi bese . Za tie pari ke si kupam svasta za bebe pa i za mene a ne na niv da im gi dadam. Inace cair super pominav, rezot ne se ni gleda.Eden doktor me sledese od 7mi mesec pa nataka, ama sekoj si znae za sebe sto e najdobro
Абе да, сите што планираме на приватно заради ручекот планираме, не за човечкиот третман и да не се изживува некој врз мене и да ми вика убаво то беше кога се ***ше сеа што се жалиш?! И за да не носам ОСНОВНИ средства за хигиена од дома и да искочам како човек а не истрауматизирана за цел живот. Жално е што државното здравство, за кое плаќаме толкави придонеси, е доведено на такво мизерно ниво, ама дека приватните нудат само "ручече да замачкаат очи" е далеку од реалноста.