Wow zarem i toa ima? Neznam sto da kazam.. Jas licno super pominav, me tintraa epten. Doktor po 3-4 pati me proveruvase dali e se okej , sestrite isto bea ljubezni . Duri i na denot na carskiot zasto jas ne trpam bolka mnogu pravev malku drami ama me smiruvaa i bea mnogu fini Vo soba bev so uste edna cimerka samo Sto i da mi pratea od doma ekspresno mi bese doneseno. Posle koga me pustija od bolnica se komplet ispituvanja, dodeka izvadat konci uste 3 pregledi od doktor, ispituvanja trombociti se . Od gak imam drugarki sto se zalat dosta , mislam polos odnos deka imaat tamu. Imam edna rodnina sto bese vo privatna da se poraga pa ne pomina mnogu fino i lesno kako sto ocekuvase. Spomna deka anastezijata i ja utnale pa imase problem so kicma dolg period. Sekoj kako si saka taka, cisto moe iskustvo Sekako kaj i da e najbitno e da se mama i bebe dobri.
Глупости со ручеков. Прв ден на вода и сок бев, втор ден лесна храна (корнфлекс сабајле, ручек супа и пире, вечера пак лесна кифла и јогурт), трет ден уште на лесна храна по нивни избор, четврти ден тек бирав што да јадам Замисли свашта купив за бебе и уште купувам се што треба и не треба. Секој си знае колку може. Па дури и да требаше да скратам некои работи, ќе скратев.. само да имав убаво позитивно искуство. Што вика Noemi да излезам како човек од таму, а не истрауматизирана. Частете си ги докторите во Чаир, поминувајте си убаво и не споредувајте приватна и државна. Ретко која државно (што не платила доктор), убаво поминала. А инаку конците (едно лево, едно десно), ми ги извадија уште 4ти ден таму. Втор царски врз стариот рез, како еден рез ми е. Доктор на визита мислеше дека ми е прв царски. Никаква компликација, една тенка залепена црта имам само. Од 7,8ми ден терам дома без никаква мака. Сега 16 дена по пораѓај, како воопшто да не сум била оперирана. А и да напоменам дека сум со сколиоза (баш голем степен) и со спинална бев и двата царски, од прва боцнато и од тоа никакви компликации.
Исто скроз би пишала. Прв царски, немав апетит па до кај 4месеци додека наполни бебе, првите денови да не збориме дека само ми носеа оброци и ги зимаа на крај на ден полни зошто не ми се отвараше уста. Но затоа фала му на Бога а и докторот што сè се заврши добро. Со мм често навраќаме и си викаме којзнае дали ако отидевме така на дежурен на ГАК ко што мислевме, дали ќе го забележеше некој заглавеното раче на бебето или ќе бевме една од лошите трауматични приказни од гак. Не викам дека во приватниве немало лош исход, секаде може да се случи грешка,невнимание, но јас уште 10пати да треба да го поминам истото за да го родам бебо здрав прав ќе изберам ваму и овој доктор па макар последни пари да ми бидат.. голо босо не остана 7месеци, стиснавме скративме на нешто ама ниеднаш не се покајавме што отидов на приватно.
Исто за второто сум си помислила... прв царски тоа ми беше, итен најитен.. со трчање во сала поради мекониум многу во плодовата. Поради таа брза реакција, чистење на мешето на бебе, одлична грижа на бебето и терапија.. ја пркнаа одма. А државно да бев... Скокнавме зимовање, скокнавме море оваа година, веќе сме и скратиле. Ама овој пораѓај ми беше најубав (иако царски), најубаво се чувствував. Ми помогнаа многу и за доењето, па успешно и си дојам сега. А за јадењето и јас оставав, немав апетит.. и доаѓаа ме караа сестрите да изедам повеќе Па со сила, јадев...
Sekoj so svoeto iskustvo. Jas odam vo sistina na oftomologija i ne sum zadovolna nitu od pristap, nitu od pregled. I iskreno sum razocarana koga mi kazaa moras vo drzavna nemame strucni lica vo slucaj na komplikacija zaradi operacijata sto ja imam praveno na 7 godini kako dete. Po privatnive spored mene samo ne gledaat kako evra a nikakov rizik nesakaatda prevzemat. Vo cair se vidov i so doktor sto me prevzema od 7mi mesec i anastezilog i gi razgledaa site opcii dali e podovro prirodno ili carski. Jas prirodno nesakav i pogolem bese rizikot a so carski se pomina tip top. koncite pred da si odam ne davav da mi gi vadat pa otidov naknadno. Od 5ti den ne samo sto stanuvav duri i trcav da sreduvam dokumenti za porodilno. Kozno privatno mi go upropastija liceto ao nivite tretmani. Kupuvav nivni sapuni i kremi sto gi pravat samo si iznadadov pari za dzabe rezultat 0.
Еве јас бев државно, на ГАК, закажан редовен преглед во 36та недела. Докторката само што ја стави сондата ми рече денес под итно мора да те породиме, заматена е плодовата вода. Итен царски, бебе фала му на бога живо и здраво благодарение на докторката. Ниту врски сум фаќала ниту денар сум платила на докторката. Не мора да ги генерализираме работите, успешни приказни има и на државно. И навистина не мора да се препукуваме, која каде сакала и каде можела се породила. Најбитно е да се живи и здрави и мајките и бебињата.
Првото ми е државно Чаир и таму без никаква врска отидов и имав трауматичен пораѓај со долго комплицирано опоравување. Бебе 4ипол кила, презреана деформирана постелка, апла за царски бев.. ама не решија душа да ми извадат до 40+. По раѓање и целосна анестезија примив, ме чистеа со вакум ја вадеа постелката. Два пати ме шиеја доле, вториот пат на оладена рана 2ч по раѓање на живо без анестезија. Вчера слики отворив во лаптоп да гледам, за грев какво измачено бебе бил. Модар цел, крвави белки... Јас природно породена, не станав месец од кревет. Што од болки, крварења страшни, анемија и вртоглавица (во болница и се онесвесував). Ама ете секој со свое искуство. Со второ нозе ми се враќаа, а тргнав пак во Чаир... и среќа 37ма отидов во Ремедика. Не викам дека може пак страшно и лошо ќе поминев, ама пак нели кој како се чувствува и колку си може. За други работи пример, повеќе верувам на државните болници и имам позитивни искуства и мои и од блиски. Синчето 2 пати е опериран на Детска Хирургија и сум презадоволна, а и на други оддели сум била со него, немам замерка (освен бедната храна). За такви други работи, повеќе верувам ете на државна..
Добро си поминала па затоа вака. Имам јас блиска другарка, се породи природно во Чаир, едвај извлече жива глава. За малку избегна сепса поради невнимание на лекар. И затоа, еве мене лично џабе ми е фалење на државно здравство, бар за ова. Сега не ни помислувам на породување во државна болница, секако пола персонал овде им отиде во приватно.
Немав апсолутно никаков симптом. Си отидов на редовен преглед, закажан во 36та недела. Недела дена претходно бев кај матичната за брисеви, ме виде и на ехо, направивме и цтг и се си беше во ред.
Тоа буквално во 10мин може да се случи, да се замати. Мене чиста ми беше водата до 6 сабајле... (ме проверија претходниот ден и со инструмент еден со светло дали е заматена, ама и ми протекуваше дека високо малку напукнат водењак имав.. чиста вода се до 6), а во 9 кога скроз пукна цел водењакот, истече црна вода.
Јас и ти најубаво е многу многу да не читаме. Иста сум како тебе за жал. Пред некој ден прочитав лошо искуство со папочна околу врат, толку се исплашив и само ми одат црни мисли. Прееска исто ова го прочитав и одма си додавам уште едно мислење, а најлошо е што дури следна контрола ми е за породување.
И ние сме со замотана папочна врвца,29 недела,до крај има шанси да се смени нешто или ќе мора царски?
Јас бев со надносено бебе 40+ Докторот тогаш рече од стрес некој доживеан се искакуваат уште во стомак (мекониумот треба да го искакаат кога ќе се родат). Затоа често се следи бебе после 36та нед... Не се грижете, не се случува многу често и ако се случи го фаќаат на време.
Само тука нема никакви прегледи после 36та недела и ај како да не се нервирам Бев последно 34+6 на преглед и се договоривме за царски и дури скоро цел месец ќе ми се фати, вели нема потреба претходно преглед.
Јас платив капар за таму, искрено задоволна од докторката и од сестрата кај др Елма закажав. Термин ми е 11.11 ама ќе бидам царски па од прилика на 1ву ќе се породам Љубезни се многу ми покажаа соба и сл. Можи да појдиш ден порано или на сам ден на царски