Не ни помислувам да си имам работа со кредитни картички Мислев дека е дебитна, ама too good to be true.
Ич не ми се брза, декември здравје е термин, ама си се распрашувам со време. Со лесно , па чекам фидбек
За која докторка се работи? За Верица? Или сопругот? Пред некој ден овде прочитав исто една членка лошо искуство имаше споделено.
Таа членка пиша едно мислење и не се врати, трол. Многу осетлива тема е ова, а се фрлаат мислења од ракав. Блиска имаше вонматерична, првин забележана на прв преглед во Систина, од таму бега со изговор не им верува. За два дена итно попладне со болки оди кај Органџиски за мислење/потврда, одма ја задржуваат пошо била пред прскање и ја спасија тубата и неа. Она се опорави и поучена од многу паметни другарки фати да раскажува како може не било вонматерична и може не требало да и даваат инекции да го исфрла плодот. Затоа слушам искуство исклучиво од блиски луѓе со повисоко IQ или доста постари членки тука. Ова важи за сите болници, и приватни и државни.
Затоа ми падна чудно. Со Верица и сопругот имам искуство. Првата бременост ми ја водеше тој, потоа кај неа долго бев, прави детални прегледи. Малку е паничар жената, маана е што не знае да те смири, среќа што сама се бодрам не потклекнувам лесно ама до толку да утнат се зачудив богами и страв ме фати. Верица плашејќи се да не е вонматерична кај мене, ако задоцнев 5 мин на контрола бараше сестрите да ме бараат.
Еве од нашиов пример за неодговорна со вонматерична може и затоа така инсистираат и да те бараат. Јас одам паралелно на две различни места и не сум лојална до коска на никој доктор/болница, сакам да си споредувам мислења, ама стварно издржани.
Денес во Систина прашав за 10% попустот за мене и маж ми за прегледи, ми рекоа сеуште не знаеле дали важи и за претходно породени. Им реков на флаерот ви пишува дека бенефициите важат за сите родилки од отворањето на болницата и таа рече дека и менаџментот не бил сигурен . Кога ќе сум отишла нареден пат да сум прашала пак...
Бев таму во вторникот, снимаа со камери за нешто па ме упатија таму да си го земам извештајот . И таа исто не беше сигурна и ми тврдеше прво дека важи само за породени после 28ми август, и го покажав тоа на сликата. Ми рече прашај нареден пат, се погоди денес малово да го носиме на преглед и прашав на педијатрија, ми го кажаа тоа што го пишав
Епа не им се поклопува маркетинг со менаџмент Ја цениме вашата лојалност, ама само ако од сега сте лојални, а не до сега Ај, ќе одобрат мислам, ќе видиш баш наредно одење
Jas bev vo sredata,vazi popustot za celo semejstvo,ostaviv avans,tamu dole ke prasate sobata sto e dole desno koga ke vlezete odma,se ke vi objasnat
Јас кога дојдов ми понудија двокреветна и еднокреветна соба, не ми спомнаа апартмани и најдобро докторот што ќе те породи да ти резервира. Еднокреветната е скроз ок, исто како двокреветните изгледа само нормално малку помала. Цената е 7300ден од вечер и околу посетите имаш предност зашто не сметаш на никој. Кај мене само маж ми и сестра ми доаѓаат ама го пуштија и син ми а бебето не го даваат во соба, само преку стакло. Гледам дека почнале да се влечкаат цели фамилии на посети, мажи низ ходници одат, а сите сме разголени нормално. Јас ќе полудев да бев со цимерка искрено. И што видов денеска, цела поширока фамилија пречекува родилка, камерман ги следи до кола, па како тргаат со кола… Аздисаа луѓето Ако те интересира нешто конкретно прашај слободно.
Од истата причина сакав еднокреветна, да не ми се погоди цимерка што ќе и доаѓа цела фамилија на посета . Искрено и најмногу би се одлучила за еднокреветна зошто мислев дека се пофлексибилни во однос на посета ( со оглед на тоа дека си сама ) . Кај мене сепак мајка ми и сопругот би биле само и ќеркичката ако дозволат, за да ми помогнат најмногу по царскиот рез ( со првото имав мн тежок пораѓај, иако сега се надевам на полесен ) . Скоро бев на преглед , во однос на посети ми рекоа дека немало отстапки, дека било потполно исто како во двокреветни, па тоа ме збуни. Како се дозволени посети? По колку време ако си во еднокреветна ? И честиткиии ви посакувам да уживате во секој момент со бебушко безгрижно
Ти благодарам. Посетите се понеделник до петок од 16.30 до 18.00, викенд порано мислам 1.30 до 15. Прават отстапки, пример син ми го пуштија кај мене, инаку деца не пуштаат. Сестра ми пример беше на работа до 18 и не можеше да стигне ама ја пуштија после времето за посета. Мислам да бев со цимерка немаше да дозволат. И кажуваат да не се задржуваат многу ама не ми правеа проблем и за повеќе. Мислам секако не претерував ама никој не ми влезе во соба да ги брка. Маж ми првиот ден го пуштија одма откако се породив, си седеше до кај 14h. Е за бебињата не прават отстапки, не ги носат во соба само преку стакло, а мене во соба одма ми го донесоа кога бев сама. Го видов и тој вип апартман, стварно е убав ама којзнае колку е од вечер.