Некоја тазе породена во Систина, да каже што треба да се носиво болница? Не можам да ги најдам мислењата, што од лична хигена, што од облека - веш, ноќници, влечки..?
Гаќи не - има таму мрежасти (можеш и да си купиш, нивните се преудобни) Облека не - ти даваат таму спавачки, ги менуваш чисти. Влечки не - ти даваат и тоа таму, ги менуваат по потреба. Паста за заби и четка има, а можеш и твои да си земеш. Чешел, крема што користиш земи си и купка/шампон ако сакаш ама и за бањање има обезбедено таму. Алишта за излегување за тебе и бебето, може и да ти донесат, ама поубаво и во ранче едно спакувај си, имаш плакарче кај да ти стои ранче. Полнач за мобилен, ланолин за гради и чај за доилки ако планираш да доиш. Ова е од пред 2 години, ама мислам дека промена нема, како што следам
Ноќница, гаќички, влечки не треба да носиш, се имаш таму. Гаќички и ноќница секој ден ти носат нови и по потреба ако искрвариш се исфлекаш одма ќе ти донесат нови. Четка за заби паста исто имаш се, има и гел за туширање и шампон, едино ако сакаш твои да си носиш. Не носи со себе накит, часовник, новчаник, пари тоа ништо не треба да имаш. Ланолин обавезно ќе си земеш ако ти е во план да доиш, и влошки за гради, бар мене ми беше попријатно на градите со влошка, од ноќницата не ми беше пријатно на градите, полнач за мобилен со подолг кабел, штекерите се позади креветот па убаво е да имаш долг кабел. Лабело, чешел за коса стегач и венче тоа можеш да си земеш, зависно што носиш за косата. Облека за тебе и бебе за излегување или ќе ти донесат кога ќе ве пуштат или можеш ако сакаш да си спаковаш во ранец, има каде да ти стои. Мада од искуството со две деца таму породена што помалку носиш тоа подобро. Со првото носев и креми и шминка ... Џабе нит крема намачкав нит се нашминкав за излегување. Со лесно
Се заборавам да прашам кога одам на контроли, дали може мм да присуствува на пораѓајот во Систина? Ако е се како до сега, ќе биде природно. За царски знам дека не е дозволено. Дали некоја има искуство со ова? Бараат брис од него, или нешто друго?
Другарка скоро се породи, сопругот до крај беше со неа. Колку што знам спонтано остана со неа, така да мислам не бараат ништо од брисеви и слично
Дали има некоја членка што била рх негатив породена во Систина и ја примала инекцијата по пораѓање, дали влегува во пакетот или дополнително се доплаќа и која цена е?
Јас ја примив инекцијата прво во бременост, после и по породување. Првиот пат си ја носев јас, купена од аптека, а таму ме боцнаа. А после породување тие ми ставија и претпоставувам дека си ја наплатија.. не знам точно. Ако ги најдам извештаите, ќе ти кажам.Цена во аптека мислам околу 3000 беше
Тие што се скоро породени во Систина,дали ви го наплатија ехото после 36 нед или тоа влегува во пакететот за породување?
Ти благодарам за одговорот, ако најдеш во извештај пиши ми Во 28 недела и јас ја примив кај матичната, ја купив од аптека, околу 3.000 ден. беше.
Првото ехо во 37 недела ми го наплатија. За следно во 38 оставив аванс за пораѓање и не наплатија, влегува во пакетот.
Пиши пакети за породување во Систина и ќе ти излезе брошури што сѐ ти спаѓа во пакетот. Мислам дека спаѓаат и брисеви, лабораторија, хепатит и хив, најубаво прочитај таму се има наведено.
Прочитав да на страната,пишува дека влегува во пакетот,па прашувам некој кој има искуство што е скоро породена таму,дали го направиле брисот?Вие се породивте таму или?