Малку поскапи од Органџиски. Таму се 92000 со 127000. Како и да е, добро е што има уште еден избор. Систина веќе стварно забегаа со цените.
Дали знаете некој што се има породено спонтано (вагинално) во приватна болница? Се размислувам каде да се породам. Сите ми велат дека условите нс ГАК се ужасни. Од друга страна пак јас знам 6 жени неодамна породени на приватно и сите се со царски рез. Сите 6 планирале да се породат природно, меѓутоа во текот на породувањето некако излегла ситуација да мораат со царски. Мене искрено тоа ми е многу сомнително особено земајќи ја предвид разликата во цената измеѓу спонтано и царски...
Mila,vo sekoja bolnica privatna ili drzavna sekoj Ginekolog saka da se porodi prirodno isto vazi i za privatni bolnici nieden ginekolog nesaka carski,poradi toa sto toa e maksimum 400evra poskap carski a mnogu komplicirano za razlika od spontano.
Нема врска. Јас сум породена во Ремедика природно и тоа докторката до крај максимално се трудеше да не одиме на царски. Имам и другарки породени во други приватни, повеќето природно имаат родено.
Проценуваат и не форсираат природно по секоја цена да, ама дека намерно прават царски.. не. Цимерката моја природно беше породена. Јас бев со индикација царски. Плус и желби слушаат на родилките, ако некоја сака сама царски.. царски и ќе ја породат.
исто, бев за царски, форсираа природно до крај, на крај природно се породив во приватна, имам куп другарки исто во приватна породени природно, имам и такви шо завршиле на царски, ама дека форсираат царски дека на болницата и е дојдено до тие 300-400 евра не верувам, освен за Санте
Нема што да ви е сомнително може да имате огромна желба за природно породување ама да не е изводливо од икс причини Приватните болници повеќе се во ќар од природно породување финансиски ако мислите
Здраво на сите. Првородка сум. 34 недела. Се уште премногу се мислам каде да одам за пораѓај. Мислам двата избори ми се Чаир и Санте (толкав ми е буџетот..) Ве молам мислење за Санте од тие што се породиле последниов период.
Јас со двете се породив во приватна болница и двете природно. Не се форсира царски воопшто. Не ме сваќај погрешно ама можеби некоја од тие 6 жени и сами побарале царски, може се искомплицирал процесот па заради безбедност морало царски. Секоја породилна приказна е различна и уникатна, не споредувај. Со лесно
Пред 3 години се породив во Систина кај доктор Гордана природно никогаш не форсираше царски освен ако има индикација за царски или желба на пациентот да е царски. Самата ми предложи природно без да инсистирам јас, со договор ако има компликации да се префрлиме на царски.
Јас и со двете бев природно, Ремедика и Систина. Ни во една прилика не стана збор за царски, освен 7м кога бебето беше карлично, но се заврти до крај, па докторот си остана на ставот за природно. Јас во ни еден момент не сакав царски, освен ако морав.
Моето се сврте почеток на 36, се израдував, сакав природно, ама почеток на 39 пак се сврте и беше напречно. Се чудеше докторката. И мораше царски.
Скоро 36та бев кога се заврте како што треба. На золва ми во 37ма и се заврте. Така да имаш време, има шанси до крај да се намести
Моево 10 пати се сврте и се се враќа со газов доле… упорно е со газов доле… и некако не се многу оптимисти докториве дека ќе се сврти… така малку ко заглавено е у позава. Убаво и е изгледа.