Не форсираат царски, тоа што така знаеш е сплет на околности. Јас се породив природно во приватна болница и ниту еднаш не ми беше споменато царски или некој да сака да ме премисли. Такада, според мене, тоа се само муабети
Не се сеќавам точно, но за 1м на контрола кога бев веќе се имаше свртено. Тогаш бев сигурно негде 34, 35г.н Јас знам пример кај што отишла на закажан царски, кога ја виделе на ехо завртено било бебенцето со главата во канал и почнат процес на породување
За породување не, а и тешко некој да најдиш. Од пред некој ден пораѓаат во Жан Митрев. Јас одев порано 2-3 години кај нејзе на прегледи редовни, ми ги следеше и цистите. Сосема коректна докторка, знаеше некогаш и така да ми се јави на телефон да ме праша како сум, имам ли болки, или тегоби од терапијата.
Здраво, 12та недела сум и од сега планирам водење на бременост во Систина каде планирам и пораѓај. Од оние што таму се породиле да ми кажат како е процедурата, дали можеш сам да си одбереш кој доктор да те пораѓа, доколку да на кого го кажуваш тоа, дали докторот ако не е на смена доаѓа или ќе те породи друг што е на работното место во моментот? Дали сите пораѓаат и природно и царски? Со првото бев во Чаир и немам никакво искуство како оди со Систина, конкретно. Фала
Си бираш доктор и договараш термин за контрола потоа сè си договараш со него. Во принцип сите доаѓаат ако се во Скопје и во можност да не е надвор од државата. Сите се обучени за природно и царски.
Може да споделиш искуство од чаир, јас бев во државна со првото сега се мислам за во чаир? Дали се договори со некој доктор?
Тоа беше пред 7 години. Се имав договорено да, но никогаш повторно не би се вратила таму. Хемоглобин од 130 пред пораѓај после пораѓај 69, никој не дојде да ме провери за крв иако знаеа дека имам тежок пораѓај, и на крај се потпишував дека нема да примам крв, а требаше но ми рекоа јас да одлучам. Можам до утре да пишувам, можеби сплет на околности се случиле кај мене, можеби ти да отидеш ќе бидеш најзадоволна, јас кажувам за мене и дека не сум задоволна од државните болници, и доколку не морам не би се пораѓала таму веќе.
Може да си одбереш доктор, се јавуваш и закажуваш термин кај него после со него се договараш за наредни прегледи. Можеш да бираш природно или царски
Мислиш да се јавам да договорам термин за пораѓај или термин за преглед? Јас сакав да закажам за втор скрининг таму и тогаш да спомнам кај кој доктор сакам да се пораѓам и да се договорам.
Јас претпоставувам дека се мисли термин за преглед. Секогаш кога закажувам преглед во приватна болница, првото прашање е за кој доктор сум. Доколку посакуваниот термин е слободен, закажуваат, во спротивно, ми се нуди слободен термин. Потоа, со докторот договараме кога ќе биде следниот преглед и го закажувам на прием.. Сигурно е секаде исто...
Ти разгледај и размисли кај кој доктор сакаш да водиш бременост и да те пораѓа. Бидејки ти е доста рано, иако јас од 12та недела почнав кај докторот што ме води, но можеш кога сакаш да почнеш, можеш и кај 2ца да одиш на преглед да видиш дали ти одговара енергија и пристап, секако секој преглед си го плаќаш, не мора да одма да отидеш и да одбереш. Потоа, од кога ќе одбереш доктор за породување со него си се договараш, обично еднаш месечно е преглед и ќе те води низ бременоста паралелно со матичен доктор и тоа е тоа. Прв чекор ти е да размислиш кој доктор и да закажеш преглед кај истиот Главно докторот доаѓа за породување, но ако ептен брзо природно се породиш, може да нема време да дојде, се случило А за царски, секако се договарате заедничли термин
Уште нешто, дека кажа водење бременост и породување, инаку само за породување сигурно можеш и при крај на бременоста да отидеш и да одбереш доктор за преглед , па на преглед да му кажеш дека ќе те пораѓа ДА Е СПРЕМЕН
Јас цела бременост водев во Систина. Исто како што ти пишале, бев кај 3 доктори. Третиот ми се погоди и продолжив кај него. За породување бидејќи веќе дојдов до краен термин, се договоривме дента кога беше на смена докторот да се породам со индукција.
Здраво, 34 недела сум, треба да закажам царски ипланирам кај Др. Симонида во Ремедика. Е сега како оди процесот за да закажам кај неа? Треба да закажам термин за консултации и да напоменам дека сакам да закажам за пораѓај кај неа или само преглед?
Јас сум 29та, во понеделник влегувам во 30та и закажав прв преглед кај др. Ефремовски во Ремедика бидејќи сакам да ме пораѓа. Треба да си закажеш прв преглед кај избраниот доктор и натака ќе се договарате со него/неа. 34та ако си време е да закажеш преглед.