1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Здравје следната недела ќе се пораѓам царски во Ремедика. Др рече не ми треба ништо. Е сега сакам да спакувам несесер со четка за заби, паста…Што носевте вие за таму? И дали торбата со алишта за бебе и мене за излегување од болница ги носевте дента или отпосле?
     
  2. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    5.200
    Земи си твој несесер слободно, креми, дезодоранс, лабело, твоја четка/паста, четка за коса, што и да користиш секојдневно. Полнач за телефон.
    Јас цел ранец имав со мои тракатанци, и книга имав земено со цел памет.
    Алиштата мм ни ги донесе дента, не мора унапред.
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Фала ти, ќе си спакувам да основните работи. :inlove: Ремедика се породи? И како си задоволна?
     
  4. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    5.200
    Не, не Систина, ама истиот муабет беше и таму дека ништо не треба да носиш и стварно со раце во џеб да отидеш све има, ама пак мои работи што си користам секој ден си зедов.

    Со лесно :l:.
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Така си е. Фала ти :l:
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  6. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    За Систина, спавача, гаќи , влошки, влечки нешто треба..? Никако да прашам, а на крај сум.
    За лични ствари јасно..
     
  7. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    5.200
    Не, има сѐ што наброја.
     
    На beachedd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    541
    Пол:
    Женски
    Јани Стојковски или Јана Белевска Ремедика? Искуство?
     
  9. Madi

    Madi Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Мене ме примија истиот ден. Два дена пред пораѓањето отидов ми земаа крвна слика ми направија записник. После два дена отидов сабајле во 8ч ме примија и во 10ч ми направија царски.
     
  10. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    290
    Породена во јуни, ако тоа се рачуна скоро, ама мислам уште истиот ценовник е. Се породив природно до епидурал, пакетот беше 95000, мене од приватното осигурување ми покрија 92 илјади, на излез доплатив 24 илјади, ама останав една вечер плус (8000 ден. е од вечер) ради тоа што бебето ми беше на кислородна подршка и го задржаа, а без него немаше шанси да си заминам порано. Исто се доплаќа крвни анализи за бебето, кај мене имаше 3 часа сончање за од жолтица иако не ми ни спомнаа таму, 3000 доплатив за специјална нега за бебето ради кислородна подршка и тоа отприлика. Интересно е што на излез во моето отпусно писмо кај што се наведени трошоците ми пишува 1х новороденче - 0 ден.

    Инаку бев кај Др. Марија Христовска, супер поминав, задоволна сум. Идеше неколку пати од дома за да ме следи, зошто се породив 20 саати од како ме примија со пукнат водењак. Исто, бебето ми беше со папочната врвца околу вратот што други доктори мислам дека одма би ме пуштиле на царски, таа воопшто не ми кажа нормално за да не ме паничи, смирена и професионална, се супер се заврши.

    Не дозволуваат посети што искрено е најглупавата работа за приватна болница кога си сама во соба секако, ама тоа е.

    Се распишав
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Спаркл

    Спаркл Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво!

    Јас сум 31ва недела и полека разгледувам опции за породување.

    Досега одев на прегледи и скрининг во Органџиски Штип. Крајот на 5ти месец ми рекоа дека имам скратено грло и ми рекоа строго да лежам(само по вц одев), после 4недели јас сакав второ мислење, и бев во државна на кај д-р Ѓорѓиевска, таа ми рече дека грлото не ми е скратено, за да бидам уверена отидов кај друг доктор од мојот град (не сум од СК) и тој ми го рече истото како во Државна дека немам скратено грло, дури и ме фаќаше за да види како е на допир рече дека не е меко се е во ред слободно да си движам и дека имам нормална бременост.(претходно во Орг ми рекоа дека е ризична бременост..)

    Поради ова јас малце изгубив доверба во Органџиски, а планирав таму да се породам.

    Сега кога почнав да се распрашувам кај други мајки што ги знам што се породиле во Органџиски, сите се со царски не ги ни чекаат да дојде до природно. Не пробуваат ни со вештачки контракции ни ништо, дирекно на царски..

    Јас не сакам да правам царски доколку секако нема здраствена причина за тоа.

    Е сега мене прашањето ми е какви се вашите искуства со др. Органџиски? Дали сте задоволни од докторите и нивните дијагнози.

    Ве молам споделете, фала ви многу <3
     
  12. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Сестра ми ја викнаа кај 12 попладне и ја породија кај 2 и 45 истиот ден. Со договор од претходните денови кога беше на цтг.
     
  13. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.388
    Допаѓања:
    7.970
    Пол:
    Женски
    Јас се породив таму, задоволна сум, ама имам некои замерки за кои може тогаш не ми беа нешто важно, ама откако прочитав и разменив некои информации со други, битни се.
    1. Многу рано ме натераа да станам. Не сакам да плашам никој, секоја е прикаска за себе, ама мене многу ме болеше раната, а ме скорнаа по 12 неполни часа од операција, не бев ни на интензивна, право во соба. Дојдоа визита и анестезиологот: ајде, ти си силна жена, ќе пробаш да станеш..
    Епа нека те сечат тебе, па стани после толку кратко време.
    Братучетка во Штип на државно, 3 дена лежела, снаа ми цели 24 часа, знам и други барем 24 часа.
    Според мене, не беше во ред тоа, ама не знаев тогаш, мислев така треба.
    2. Сестрите не настојуваат и покажуваат за доење.
    Точно, покасно иде млеко со царски, ама само една кога беше во соба, праша дали сум пробала со цицање. Вака ќе го наместеш, така ќе го држеш, јас едвај се мрдам, а не па друго.
    Цело време таму беше на ад. Ниту еднаш не го донесоа гладен за да проба да поцица барем малце.
    3. Може и не толку битно, ама една сестра кога дојде да ме праша за јадење, не ми даде мени, туку ова можеш, она можеш...
    Ајде, не ме зезај, кај ви плаќам 2100 евра, 2 дена мртва гладна и кога требаше да си одберам, таа ми кажува.

    Во право си за царскиот.
    Бев таму на 3 скрининг, претходни 2 во Систина.
    Уште одма кога видеа дека бебе не беше свртено, кажаа за царски сум.
    Добро тоа беше 32 недела мислам, имаше време, ама од нивна пракса веќе не се вртеле.
    Маж ми се налути многу, вика овие ептен очигледно им е за пари оти нели поскапо.
    Сакаше да одеме Систина, викам ајде ќе видеме, да почекаме, оти и Систина забегаа веќе со цените.

    Матичната кажа има време и точно, некаде 37 се сврте бебе, ама беше големо и викаа и да е свртено, подобро царски.
    Кога одев на цтг, сестрите одма прашање царски ли ќе сум. Им викав не, ќе чекаме природно.
    Како сите да се подучени да прашуваат и убедуваат за царски...
    Е сега, јас немав среќа за природно, оти во 39 недела бебе пак се сврти со глава нагоре и закажавме царски, па бидна итен царски ден претходно оти на последно цтг беше тахикардично.

    Има некои што се пораѓаат и природно, знам една бивша колешка, ама ретки се тие.
    Не знам.. како да нејќат да се замараат со природно, може некоја ќе добие среде ноќ болки, па ајде викање од дома. Вака, закажано, си имаат план. Не знам, тоа е мое мислење, може грешам.
    Инаку, ноќе нема доктори, сами сестри се. И за мене ги збираа оти беше веќе после 23h.

    Инаку, чисто е, сам си во соба, сестрите одма идат на повик, фини се сите, ама ете тоа со настојување царски и забелешките погоре ми смета.
     
    На Izzy_0504, Лалина и Спаркл им се допаѓа ова.
  14. Спаркл

    Спаркл Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Значи не сум сам јас да ги слушам тие муабети дека инсистираат на царски.

    Те измачиле и тебе после операцијата;( Истото за доењето го сподели и моја познаничка, не ги носат често и ги носат веќе најадени, и затоа сега бебчето што е две недели е на ад и мака си мачат по дома.

    ЈАс одев на сите скрининзи кај нив, и не сакам сега да менувам да има во друга болница за пораѓај, но најверојатно ќе мора да го сторам тоа бидејќи не им верувам.

    Многу се напорни со царскиот, а јас немам страв од природно имам страв од операции... сега ако мора да нека биде царски, но не по скеоја цена царски.
     
  15. Спаркл

    Спаркл Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2015
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Бидејќи ми е ова прва бременост, и искрено многу работи не знам.

    Па сакам да прашам како оди процедурата за закажување пораѓај во приватните болници?

    Дали си закажувам преглед и им кажувам која сум недела и дека сакам да разговаерам за пораѓај па доколку ми се допадне докотрото/условите/цената си закажувам таму?

    или мора од претходно да сум била кај нив на прегледи во таа болница?
     
  16. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.388
    Допаѓања:
    7.970
    Пол:
    Женски
    Да, баш точен збор-напорни.
    Тоа уште од почеток им е. Лани се породи моја блиска, некој месец по отварање, царски. Скоро сите што знам досега се царски.
    Кога треба да, ама не по секоја цена. Ете, кај мене мораше, ама не кажувај нема да се сврте веќе кога син ми се намести.
    Е после пак со глава нагоре, ама тоа е веќе друго.
    Многу сакав природно, нејќам и јас анестезии, после не заспав од паника дали ќе почнам да ги мрдам нозете.
    Вака може е лесно, не осеќаш, ама мене ми траеше болката цел месец. Само дете си земав, ништо потешко.


    Точно, најадени ги носат, јас мака видов со доење, дете мрзливо, тешко му е да влече, по пола саат на града и на крај пак плачење оти ненајаден и ајде ад.
    Така научен таму 5 дена, полесно му е, нормално и месец ипол комбинирано, после само ад. Снемав млеко.
     
    На ArtemisSs му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ArtemisSs

    ArtemisSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Здраво, и јас се породив во царски во Органџиски а првото ми е природно родено. Во болницата имаше доктор цело време, односно одат по 24 часа на работа и секогаш има дежурен, околу станувањето во државна се породи другаека и ја станаа уште истиот ден а тука ме станаа другиот ден. Околу храната е на мени што сакаш тоа, ама со царски два дена нема јадење а третиот ден се почнува со двопек,супа,јогурт, бисквити.
    Околу доењето, и со првото сум во приватна па ни таму а ни ваму немало специјална обука. И да точно е, секоја приватна болница дефинитивно праат повеќе царски резови. Тоа е моето искуство и мислење.
     
    На Лалина му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    2.457
    Пол:
    Женски
    Сега се премислувам, а 99% бев за таму. И мене ми е страв од операција, од природно воопшто не. Да, можеби е полесно царски во споредба со рана од епизиотомија, ама сепак операција е :wasntme:
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    4.201
    Допаѓања:
    7.231
    Пол:
    Женски
    Како породена царски, уште сум во болница. Душо, далеку од тоа дека е полесно царски од рана од епизиотомија. Секоја жена индивидуално, може некој природно бетер да помине од царски а и обратно. Еве цимеркава е со царски до мене, лета жената. Јас малку потешко се опоравувам. Другарка па 1 месец неможеше да седне од доле што беше сечена. Се е индивидуално.
     
    На Orchidea, hristinan12, Elliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Elliana

    Elliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Точно, секој организам е различен и се’ е индивидуално. Јас па душа немам од природно породување. Другарка исто од природен тешко се опорави. Бебе се заглави на излегување, шиена беше и внатре и однадвор, не можеше да стане од кревет со денови и не се знае колку крв и дадоа. Ама важно се рекло природно. Друга па лесно помина, трета самоволно си закажа царски за да не се малтретира. Така да се’ е индивидуално и не треба така да ги гледаме работите. Само Господ да не’ чува сите и да си родиме здрави бебиња, па дали царски или природно.
     
    На Autumn Love, Izzy_0504, Лалина и 3 други им се допаѓа ова.