Ако немаш индикација за царски не може на сила да те натераат било каде. Секој вид раѓање си има своја тежина, има тешко опоравување и од природно и од царски. Башка статистиката вика дека приватни прават повеќе царски пошо има многу кои идат на елективен царски ама не признаваат да не ги осудуваат. Бев на предродилни кај Органџиски конкретно и ставот им е секогаш да се исчека природно, не препорачуваат царски без индикација, ама пола од учесничките сакаа елективен царски
Знам, бев и јас на подготовки, истото го кажаа. Ама вака кога читам искуства на два ума сум. Инаку, засега немам индикација за царски, а и бебе си е наместено за природно. @Feniksgirl се согласувам, секоја за себе, ама ете јас би природно, си велам со царски сечење и шиење не бега, природно може ќе избегнам. На крај, како треба така ќе биде.
Ве читам зборете за Органџиски. Другарка немаше среќа таму ( не сакам да споделувам детали бидејќи ова е чувствителна тема, а секоја приказна си е индивидуална па да не се шири страв) и не е задоволна од др Верица. Препрашајте дали имаат дежурен педијатар, бидејќи јас мислам дека немаат. Педијатрите им доаѓаат од други градови според нивната веб страна.
Нема причина да не споделиш реално искуство, може точно на некој ќе му е пресудно тоа за каде да се пораѓа. Не е лесна одлуката, особено кога се даваат толку пари за приватна болница очекуваме спремност на повисоко ниво од државна. Изгледот и односот на 30мин преглед и на пораѓај не е ист. Ги прашував за неонатологија, имале 5 инкубатори мислам и еден транспортен, носеле на детска клиника итни случаеви. Има 2ца педијатри во 2 смени од кои едниот и во Струмица гледам работи консултации, баш ќе прашам што се случува кога има пораѓај ноќеска. Акушерка и гинеколози знам дека има дежурни.
Нема дежурен педијатар. За мојот царски дојде тој од Велес. Немаше ни гинеколог, 2 што беа на повик ме оперираа. И анестезиолошката сестра дојде од дома, и заврши смената кога ме примаа, вечерта касно околу 11 беше царскиот, се врати од дома. Анестезиологот исто, се видовме на прием мислејќи дека утре ќе е операцијата како закажано, и тој дојде од дома. Имаше на спратот само сестра која се грижи за бебињата и родилките Таа ме спремаше со инфузија.
Ќе ги соберат, сите што беа на повик, брзо стасаа, ама кај мене беше царски. Е сега ако фатат болки за природно, не знам... Некои брзо раѓаат, знам колешка за пола саат се породи. Може и затоа инсистираат на царски, гледат да те убедат. Полесно им е со план, имаат датум и време и тоа е. Ама, не е тоа работата сите царски.
Жени утре сум на прво цтг во Ремедика. Ќе треба да ги уплатите тие 7900, е сега што друго ќе ми прават освен цтг? Како низ магла ми е не ми текнува што ми кажаа дачи нешто крв ќе ми зимаат, дали треба да сум јадења или гладна? Фала ви. И утре ќе сум 35+0, дали тоа значи дека во петок влагам во 9ти односно во 36та или со полни 36 се влага во 9ти?
Ако мислиш на доктор Јорданчо Иванов јас водев бременост и сум презадоволна. Од царски се опоравив за една недела како да не сум правела операција. Докторот е многу посветен јас имав проблем со притисок и тој секогаш од врата ме прашуваше се знаеше за мене, супер терапија ми даде. Ако сакаш повеќе детали слободно пиши ми
Да, за него бев пред некој ден прв пат на преглед и стварно одличен ми се виде, така пријатен некако. Многу препораки слушнав за него така да мислам дека дефинитивно нема да згрешам ако си терам до крај така. Ти благодарам, мило ми е што си имала супер искуство
Здраво феминки, ми треба мислење за Санте Плус? Сакам природен пораѓај со епидурална, да ми препорачате доктор? Споделете искуства...
Имам пишувано јас се породив пред 1 месец кај доктор Елма. Услуга докторка и се во глобала беше супер. Што кажуваат дека една цена а друга кога ќе си одиш НЕ јас не доплатив ништо.
Здравје, сакам да се пораѓам во Ремедика кај др Котларова.Претпоставувам дека ве има многу тука кои сте се пораѓале кај неа, па прашањето ми е кога треба да договорам за пораѓање? Знам дека докторката е многу зафатена, па сакам со време да си резервирам, ама не знам кога најрано е ок?
Треба за закажеш цтг кога ќе бидеш 36та недела. Ако ти е рано можеш и некој редовен преглед да закажеш чисто за запознавање, да процениш. Биди спремна да чекаш, многу. Од 1 до 2 часа имам чекано само за да прочита цтг. Од мое искуство, не е оправдана целата фама околу Котларова. На сметка на побарувачката-се намалува квалитетот. Цело време е во трчање, се е на брзина... Не се сомневам во стручноста, да не се разбереме погрешно. Накратко, ја не би ја одбрала повторно
Јас да споделам на кратко искуство. Се пораѓав во Систина, се' на се - презадоволна сум од целокупниот персонал, нега, грижа... Цела бременост ми ја водеше др. Димитров. Ама недела сабајле замина на конференција на неколку дена, и бебево неделата реши да излегува. Дежурен беше др. Бојаџиев, и тој ме пораѓаше. За докторот само пофални зборови. Од се' срце го препорачувам. Префин, сталожен, објаснува детално, размислува пред било што да одлучи. Се измачи со мене, 16 ч со контракции бев. Се отворив 10 прсти, ама бебето не се спушташе. На крај царски ме породи. Цело време доаѓаше во посета, бројче ми даде негово и ми пишуваше и на вибер да ме проверува. Па заради маститот и високата температура, редовни контроли кај него имав периодов. Јас сум презадоволна од докторот, алал да му е. Во Систина настојуваат да станеш 12 ч по царски, и вадат и катетер. Знам дека во тој момент изгледа преболно, ама после првото станување, секое наредно е полесно. Инаку, ништо не е потребно за во болница. Евентуално лабело, и подолг кабел од 2 м за телефот. Си имаш копче за било што и да ти треба, веднаш доаѓаат. Дополнително, за бебето има телефон. Исто, им вртиш и веднаш доаѓаат. Храна, нега - се' е супер. Сестрите достапни за било што, во секое време. Настојуваат на доење, го носат бебето и навечер. Јас имав многу негативно искуство со мајка ми која се оперираше ама на друг оддел. И бев со резерва. Ама на неонатологија и педијатрија е сосема друга приказна.
Јас одам кај неа на цтг уште од 35та. Претходно бев на трет скрининг кај неа и и кажав сакам кај вас за пораѓај, она сама ми закажа кога да одам следно на цтг и преглед и од тогаш до сега она ми закажува термини. Има гужва да, на првото и второто цтг не чекав повеќе од 15 мин, ама затоа вчера чекав еден саат сигурно. Докторката беше дежурна од 8 вечер, дојдена беше уште во 7 и 15 за да почне со прегледи зашто е гужва конкретно за кај неа. Мене не ми е проблем, и не се согласувам со членката дека се намалува квалитетот. Ист третман добивам секој преглед, детално се гледа се, дури и по 5 минути пробува слика да ми напраи зашто инает ми е бебево уште не се покажува цело лице само едната половина. Како и да е после 36та недела нив им се битни протоци, вода и постелката. Цтг гледаат и тоа е тоа, не е скрининг па да те гледа 40 минути, 10-15 мин е доволно. Јас сум презадоволна од докторката еве нека сподели и некој друг мислење. Лично за мене, поарно би чекала кога знам дека стручен доктор ме гледа и ќе излезам со позитива исполнета отколку да одам да завршам одма работа (што не знам каде е случај, сегде се чека минимум 15 мин на термин сигурна сум) ама да сум несигурна во докторот
Јас сум цело време од следење фоликули кај Др Афродита и кај неа планирам да се породам, здравје сум размислувала и ако дојде нешто итно спонатно па не е тука мислам дека сите доктори ги знам вака од работа, се мн искусни и добри. Сепак разговарај со Др Симонида мислам рано ни е после втор скриниг ќе видиш.