Јас не бев со закажан царски, ама братучетка ми попладнето околу 5-6 ја примија ден претходно. Зависи и кога би била на програм, ако си прва сабајле мора да дојдеш ден унапред. Ако те работи докторот на дежурство дента, значи би можела и истиот ден од сабајле да дојдеш. Индивидуално е.
Да, еве денес и мене ми кажаа околу 18 часот ден предходно, да се пријавам и да се отвори историја, цтг и анестезиолог.
Исто мислење делам и јас за докторот во однос на искуство со породување и следење бременост. И за други проблеми, не само породување, многу е одговорен. Секоја препорака и од мене
Целосно се согласувам со сѐ што е напишано во врска со докторката и прегледите. Две целосно водени бремености и породувања кај неа и само пофални зборови и позитивни искуства. После секој преглед толку смирена и среќна сум си одела дома така што сметам дека е тотално неважно ако некогаш сум морала подолго да почекам. Не заборавајте дека и др. Котларова пред сѐ е човек и навистина дава сѐ од себе секого да прими, прегледа, да одговори на милион пораки на вибер што секојдневно и стигаат од пациенти и притоа секогаш е љубезна. За нејзината стручност воопшто не сакам ни да коментирам.
Мајки што сте се породувале во приватна болница, конкретно ремедика, едно прашање. Дали да носам со себе нешто за бебето? Претпоставувам пелени и влажни не, ама дали земате алишта и тетри? Освен алиштенцата за излегување, нив маж ќе ги донесе кога ќе не’ зема.
Ве молам некој со искуство од природен пораѓај во Систина. Дали ставаат клизма или чеп? Како ја поднесовте епидуралната ? Дали кога станува збор за пророден пораѓај, ставаат катетер или не ? Како поминавте со епизиотомијата и колку брзо ви зарасна раната ?
Јас два пати се породив природно во Систина. Двата пати со провокации. Ставаат клизма пред да те сместат во пред породилна соба. Исто пред да те качат горе во пред породилна ќе ти стават канила на раката да си спремна за инфузија, провокации за што и да треба. Катетер нема потреба при природен пораѓај. Во однос на епидуралната ништо страшно не е, јас првиот пат се пораѓав со епидурална, нема ни да осетиш кога ќе те боцнат не е ништо болно. После тоа само течности повеќе ќе пиеш за да немаш главоболка. Јас лично немав ни главоболка нити па болка во половината после тоа. За епизиотомија не мора да значи дека ќе имаш. Знам прворотки што родија без сечење. Тоа е индивидуално така да не се врзувај за други искуства. И тоа поминува зависи и колку конци, затоа викам не се паничи беспотребно. Само слушај ги акушерките и докторот, што ќе ти кажат и соработувај. Со лесно.
Клизма ставаат пред да те однесат во предпородилната соба. Ќе ти дадат и средство со кое треба да се измиеш и потоа одиш. Епидуралната кај мене беше многу брз процес, воопшто не осетив болка ми ја ставија кога бев 7 прсти отворена. Катетар не носев, но имаше момент кога се пожалив на акушерката на притисок и таа со катетар ми ја испразни бешиката за секој случај да не правело некаков притисок на бебето. Имав епизиотомија конците ми стоеја точно месец дена. Не е баш угодно чувство, не можеш убаво да седнуваш и мене искрено ме болеше скоро секој ден.
Ова беа цените, јас сум породена во јуни, освен ако не се покачени, си имаат тие принцип на покачување на секој неколку месеци. Обично има ценовник таму каде што се наплаќа, побарајте си. Јас кога бев 9ти месец ги покачија, така да место 82 илјади платив 95 за пакетот со епидурал плус дополнителни трошоци. Инаку мислам дека нема опција во Плодност да си платиш аванс па ако ги покачат да си платиш по старата цена како во Систина. Инаку, во однос на епизиотомијата, на мајчина школа ни кажаа на шиење да пробаме да не се стегаме, јас ептен се фокусирав на тоа да сум скроз опуштена кога ме шиеја, имав и испукано покрај епизиотомијата, и сега немам ништо, ниту белег, ниту болка, се врати се во првобитната состојба. Исто, совет, докторите и акушерките напнуваат со тоа дека е доволно само често одмивање со вода и држење на местото суво и јас терав така 2 недели без никакво подобрување, после земав Виоплекс спреј за една недела скоро без болка бев.
Како паталец од чеп, не е секогаш успешен. Боље клизма, барем моментално е и сигурно. А верувај првото одење во вц тешкичко е, барем мене ми беше.
Не, јас сум породена август 2023. Искрено клизмата не ми беше воопшто непријатна дури не знам зошто се плашат од неа. Траеше неколку секунди. Можеби така ми се погодило мене..
Зошто мислат дека е клизма е со црево ко на времето, јас мислев дека е така. Всушност, ставаат мини клизма од аптека што се земаат, јас имав земено за дома, на мајчина школа ни препорачаа кога ќе не фатат болки дома, да си ставиме сами пред да одиме во болница, ама не стигнав јас до тоа, ме примија со пукнат водењак, па ми ставија таму. Не се ни осеќа клизмата, минута работа е, јас мислам чепче е по непријатно. Плодност ова, ама претпоставувам секаде е вака.