Tи благодарам. Мене ми кажа во 4 попладне ќе биде царскиот, па многу саати седење во болница пред тоа ми се гледаат.
Да, во понеделник ќе одам на разговор со анестезиолог, цтг и се останато. Бараше слободен термин и тој го најде, не знам. Ќе прашам убаво, кој ден е примот а кој ден царскиот. Денес шок ми дојде некако и ништо убаво не прашав. Ти благодарам
Презадоволна од Палчевски, моја препорака. Не ти треба ништо посебно, сè ќе ти дадат таму. Освен ситници, полнач за тел, стегач за коса, некои твои лични работи. Топло е во собите, спаваќи они даваат, улошки исто. Отприлика тоа би било.
Мене ми направија прием во 8 сабајлето. Царскиот беше во 14 часот истиот ден. Зависи од докторот. 4 ноќевања бев таму.
Јас се породив царски лани во февруари, од 11та недела до крај одев на прегледи таму. Видов дека неколку членки ти го препорачале Палчевски, ама јас сепак ќе ти кажам да одиш кај доктор Дракулевски моето искуство со него е препозитивно од сам почеток, смирен и позитивен секогаш, и да те насмее на преглед да те опушти и достапен телефонски за што и да ти треба. За пораѓај се договараш после 33-34та недела и веќе од 35-36 се почнува и со цтг. Апсолутно ништо не ти треба да носиш освен полнач за телефон и ластиче за коса, се имаат таму и ти даваат. За бебето исто има се, само облека за искачање од болница земи си.
Сега кога ќе размислам, не можам да очекувам многу одговори на прашањето затоа што е многу нова клиниката, малку породувања имаат вкупно. Сепак сакав да прашам мислење за доктор Ненад Лазаров? Гледам дека претходно работел во Санте Плус, па дали некој од тогаш има искуство со него?
Zdravo zenski dali nekoj se ima porodeno sega brzo vo zan mitrev ima dva paketi spontano poroduvanje 95.000 denari a carski 130.000 denari paketite im se ekstra no kako e tamo dali ima nekoj zadovolen i dali vistina sto velat taa e cenata bez skrijeni troshoci
I jas prasuvav i vo trudnicki muabeti, no nikoj ne mi dade odgovor. Izgleda bidejki e skoro otvoreno nema mnogu majki koi se imat tamu porodeno.
Zdravo majki, planiram da se poragam vo Plodnost, tamu gi pravev i dvata skrininzi kaj dr. Kristinka i sum zadovolna, kaj nea sakam i da se poraga. Pa moze li da mi spodelete iskustvo, od presonal, kolku dena lezevte so prirodno, a kolku so carski? Dali nesto plativte doplnitelno? Dali vi naplakjaat za CTG? Sto sleduva vo cenata? Jas pobarav cenovnik mislejki deka ke dobijam cenovik so paket sto se sleduva vo taa cena, no dobiv samo vkupna suma od priroden i carski.
Здраво девојки, Дали некој се има породено царски кај др.Димчев во Систина, и ако може да сподели искуство?
Породена во јуни, се породив природно со епидурал, пакетот беше 95000, мене од приватното осигурување ми покрија 92 илјади, на излез доплатив 24 илјади, ама останав една вечер плус (8000 ден. е од вечер) ради тоа што бебето ми беше на кислородна подршка и го задржаа. Исто се доплаќа крвни анализи за бебето, кај мене имаше 3 часа сончање за од жолтица иако не ми ни спомнаа таму, 3000 доплатив за специјална нега за бебето ради кислородна подршка, крвна слика ако има потреба од дополнителни испитувања и сл. Последните неколку прегледи пред породување негде од 35+ мене ми наплаќаа само ЦТГ 800 ден., не целосен преглед. Персоналот и условите се супер, во било кое време да ги викнеш идат, пр јас пиев кетонал на околу 8 саати и ако се фатеше навечер и во 2-3 одма идат. Многу е субјективно, секој случај е различен во смисла дали ќе има потреба од нешто плус. Генерално, пакетот покрива 4 вечери и се што треба за тебе и бебе во тој период без дополнителни испитувања.
Пред некој ден на дежурство ме прегледа. Немам никаква поплака од докторката но многу се разочарав од Систина. Откако видов на извештајот дека пишува Др Сарџовски ми стана јасно дека ме гледал специјализант. Без никаков надзор. Доаѓам на приватно за да ме прегледа специјалист да сакав специјализант ќе одев на клиника за без пари. Голем пропуст за Систина
Да,не мислиш на Бобан Сарџовски ,да знаеш не е специјализант.Ако ти се погодил тој потполно те разбирам.Прегледот не ми раеше ниту5 минути.Исто на дежурство ми се погоди.
И јас се мислам за пораѓај во Плодност. Дали секогаш има скриени трошоци отпосле, нешто што се доплаќа надвор од пакетот што го нудат?
Не ме прегледа тој. Тој не се ни појави. Ме прегледа млада докторка. Кога добив извештај кога плаќав видов дека стои неговото име и презиме а не дојде. Платив за да ме гледа специјализант.