Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Sparkle1985

    Sparkle1985 Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2024
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Млада докторка ме гледаше. Тој не се појави. Само на извештајот фигурираше негово име
     
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.884
    Допаѓања:
    13.517
    Намќор.
     
    На Bejb15 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    476
    Не сум сигурна дали секогаш има, кај мене имаше затоа што бебето го задржаа плус, имаше инфекција па примаше антибиотик, па мораше да следат крвна слика, ама пр. мислам крвна слика беше 1500ден., сончање мислам на сите бебиња им прават околу 1000ден. од час.
    Зависно од ситуацијата, ако е се' во ред со мајка и бебе не би требало да има некои дополнителни трошоци.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    2.388
    Пол:
    Женски
    Еее баш намќор.
     
    На Bejb15 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.322
    Допаѓања:
    8.065
    Јас водев бременост кај Димитров, ама ради сплет на околности ме пораѓаше Бојаџиев. Почнав природно и завршив царски.
    И двајцата ти ги препорачувам! Димитров е постар, предобар доктор. За операции е најдобар во Систина. Секогаш тој ги врши покомплексните операции.
    Бојаџиев ми се погоди на смена, ама е многу посветен и внимателен. И број ми даде, и ме проверуваше кога си заминав дома на вибер. Јас сум презадоволна и од двајцата доктори.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    4.328
    Пол:
    Женски
    Дали реагираше некаде?
    Би требало да се пожалиш, да кажеш барем на пулт.
    И јас би била лута, и тоа многу лута во Систина да ме прегледа специјализант.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sparkle1985

    Sparkle1985 Активен член

    Се зачлени на:
    29 декември 2024
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Се пожалив но одговор беше Др Јована менува некогаш. Бебето беше добро и некако сакав само да си одам дома. Но следно кога ќе отидам за 2 недели ќе побарам кај се оставаат пофалби и поплаки .
     
    На Снегулк@23 и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  8. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.884
    Допаѓања:
    13.517
    Ne moze vo privatna bolnica da bide zamena specijalizant. Golem propust.
     
    На H.VAGA, Ladyme и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  9. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    Девојки се предомислувам за пораѓај.
    Се распрашував за во Жан Митрев. Ми кажа родилка што скоро се породила таму дека условите му се многу добри и била задоволна и од персонал, услуга, храна, сѐ. За било што и да треба да прават, прво даваш согласност дали сакаш/нејќиш.
    За бебето не требало ништо ниту за родилката, имало таму сѐ.
    Било многу чисто, светело буквално. Ама тоа е нормално, сепак е ново отворено.

    Не правам реклама, ви пишувам само дека прашувавте тука за Жан Митрев па и дека прилично е ново па да ви кажам што знам.

    Деновиве ќе се јавам да прашам некои прашања дополнително, дека 35та недела сум а како што гледам се почнува веќе од 36та, консултација, ехо и цтг.
     
    На kelly.r, MariaBouli, White.Flower и 5 други им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    23.005
    Пол:
    Женски
    Ненад Лазаров е таму, или кои гинеколози се?
    Како се цените за природен и царски пораѓај?
     
  11. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    Јас знам дека е др. Ненад таму да, а родилката што ја прашав ја породил др. Владимир. Лично немам никакво искуство со докторите.
    Природен како што гледам на страната е 95илјади, а царски 130илјади. Скриени трошоци никакви не платила родилката, се породила природно со епидурал, плус што и да сакала од кујната одма и носеле и сето тоа си било во цената.
     
    На Снегулк@23 и happygirl им се допаѓа ова.
  12. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    1.269
    Пол:
    Женски
    После пораѓај од кујна нарачуваш прасечко печење.:D Јако ми е ова со хранава што сакаш од кујна ти носат :D
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hristinan12

    hristinan12 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2014
    Пораки:
    1.060
    Допаѓања:
    1.454
    Пол:
    Женски
    Па добро сеа реално во државна јадењето е гадно, јас ко што лежев на патолошка и плус после пораѓај, тие 5 дена секој ден чекав мм да ми донесе јадење, мене ми е битен моментов со ова што имаш на приватно кујна да си нарачаш што сакаш :D
     
  14. MariaBouli

    MariaBouli Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Девојки, ќе ви споделам јас детално искуство за во Жан Митрев кај и да е, 38+4 сум така што веројатно за брзо ќе биде :D

    Сега за сега, можам да ви кажам дека јас одам кај Ирена Андонова и сум задоволна од неа. Секогаш насмеана, позитивна, одговара на прашања, а исто е и достапна во било кое време.

    Доктор Владимир го запознав кога ме прошета во центарот, но не би можела да кажам каков е како доктор освен што вака ми остави добар впечаток.

    Јас од сите доктори само кај Ненад не сакав затоа што не ми се допаѓа тоа што го гледам од него по социјалните мрежи, но тоа не е репер за каков доктор е. На крај отидов кај др. Ирена по препорака од жена што работи во болницата.

    Инаку центарот е убав, чист, опремен. Кога зборев со др. Владимир ми рече дека немаат скриени трошоци (ќе потврдам за ова нормално), имаат соба за лактација со болнички пумпи на Медела, засега затоа што нема многу родилки секоја си е сама во соба, а собите им се планирани за по две (вкупно има 4 соби), храна, закуски, што и да ни текне е на располагање од ресторанот цело време додека работи. Според тоа што видов има по 2 сестри на смена, а посета е дозволена во било кое време и може било кој (нормално се тоа да се прави во границите на културното).

    Инаку и мене 100 пати ми рекоа буквално ништо да не носам освен полнач, доколу имам преференца за лична козметика (иако и од тоа ми рекоа дека ги има основните работи) и занимација како книга и сл ако сакам, дека има се и за родилката (од ноќници, до улошки, до мрежасти гаќички), а и за бебето (нормално само облека за излегување на крај да донесе таткото).

    Друго засега не знам што да ви споделам, ама секако во план ми е да ви пишам за целосното искуство :)
     
    На Калатеа, Vevi996, Nikolovski123 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. MariaBouli

    MariaBouli Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Овде на крај на страната може да ја видите листата на доктори кои пораѓаат :)

    https://zmc.mk/services/centar-za-ma-ka-i-bebe/

    Цената за природно е 95.000 денари, а цената за царски е 130.000 денари.

    Се уплаќа депозит од 12.000 и после на прием на родилката, таткото (или кој и да е) плаќа како за природно, па ако излезе царски се доплаќа (освен ако не е директно договорено за царски во тој случај си се плаќа сумата за царски). Барем вака ми кажаа дека функционираат кога уплатив депозит, ќе споделам како точно излегло кога ќе биде :D
     
    На Снегулк@23, Nikolovski123, Vevi996 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    111
    Лани Јована дури и беше асистент на Петровска при царски рез, не знам сега како е. Среќа мене не ми се падна зошто одма ќе си отидев. Девојката е супер, дојде неколку пати на визита ама не отидов јас во Систина за да специјализант кој само што почнал специјализација да ме шие. Не ми е јасно како специјализант е сам на дежуство и асистира на операции во приватна болница.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. emits

    emits Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    1.027
    Пол:
    Женски
    Ок е се тоа, ама да го прави во присуство на доктор што е на смена. Сите доктори некогаш биле специјализанти, верувам дека и тоа е дел од нивното стекнување со знаење. Пример како би научиле да шијат ако не го направат тоа? Или само од гледање па штом заврши специјализацијата, ајде тогаш може и да шие.
     
    На M&M, Amphetamin3, Dee*Tee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    111
    Да, секако ама на универзитетска клиника каде што специјализира а не во Систина. Да платиш 3000 евра за да општ доктор те шие на царски рез и да се учи на тебе?! Вработени се таму како општи доктори а не како специјалисти.
     
    На Ladyme, Iva.T и Noemi им се допаѓа ова.
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.290
    Допаѓања:
    8.656
    Ама приватни болници немаат програма за специјализација, тоа се прави само на универзитетски клиники и специјализација не добива секој општ лекар, си има конкурси и се избира. Што има општ лекар вработен во приватна клиника како општ да шие родилка на царски или да зема брисеви како што имаше случај пред некој месец?! Ни на државна не те шие општ лекар туку специјализант кој има добиено специјализација и си има ментор.

    Ако одам во приватна за пораѓај одам за професионален тим што јас сум го избрала ме породува и се грижи за мене. Ако сакам да поминам на државно за интервенција многу јасно дека не можам да поставувам услови да се грижи за мене само специјалист, а не специјализант.

    Затоа на државна се плаќа скоро ништо, а на приватна дерат.
     
    На H.VAGA, Ladyme, Калатеа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.103
    Допаѓања:
    5.604
    Немаат програма ама имаат склучено договор со универзитетските клиники за спроведување на турнуси. Конкретно за Систина не знам, ама знам за друга приватна болница каде со сигурност специјализанти тераат специјализација преку Штипскиот универзитет.
    Систина како што знам е клиничка болница што значи дека е установа која може да спроведува едукација.
     
    На emits му/ѝ се допаѓа ова.