Ќе држеше вода муабетот да не стануваше збор за на Палчевски ќерка му и другарка Никој не плаќа 5000ки за преглед и 3000е за пораѓај кај специјализант.
Систина нема програма за специјализација, нема објавено ниту на министерство за здравство ниту самата болница. Ако најдеш објава те молам сподели, да сме на јасно дека и таму ќе налетуваме регуларно на специјализанти. Систина офтамологија нуди специјализација преку УГД. Жан Митрев нуди да ти плати приватна специјализација во Мк или странство со обврзување на 8години. Систина полека се претвара во државна болница каде се вработуваат со јак непотизам. Ете тоа не држи вода дека може да има специјализанти како на универзитетска клиника. Зашто овие две специјализантки се примени во Систина по линија на тате и бате, а не по уредна линија на заслуга и конкурс.
Ја сум приметила на страната на Систина дека повеќе доктори со исто презиме има, нормално едните помлади… па сфаќам дека се апла роднини. И Ремедика има, на Петановски ќерка му ама чинам веќе самостоен доктор беше кога ја примија.
Епа што не држи вода мојот муабет од погоре? Ти рече не може во приватни да се тераат специјализации, јас ти тврдам дека може. И после пак на моето. За Систина пишав дека не знам како е, ама во секој случај е клиничка болница. Ако не знаеш што е клиничка болница отвори и прочитај. Вработен специјализант (што е впрочем посебен статус, не општ доктор како што пишувате) на оддел гинекологија, што треба да прави на своето работно место, да мери притисок? И на темата платил сам. Во законов нигде не стои дека ако си платиш сам за услугата нема да те гледа специјализант. Доктор е доктор, болница е болница, специјализант е специјализант, пациент е пациент - сегде. Разликата во приватна и државна болница е кој ги кешира парите за услугите на лице место, не е бесплатно во второто, па ајде ваму е оправдано, ваму не е. И за државно здравство ни се одбива секој месец, оделе не оделе на прегледи.
Приватна клиничка болница и универзитетска клиника за тебе исто е? И на двете очекуваш ист персонал, со исто понашање и ниво на едукација? Јас не, и тоа што си го постирала нема врска со мојот муабет дека во Систина нема специјализација има вработени општи доктори со специјализација во тек. Значи нејзиниот договор е општ лекар! Почнала специјализација пред едвај 2 години. Закажуваш преглед кај еден доктор он си ја држи ќерка му во амбулантата и без да те информира ја пушта да ти зема брисеви и ти наплаќаат како преглед кај него? Ништо не коментираш за ова се фати за клиничка болница дека било во ред било да има специјализанти. Да ти се деси специјализантка во Систина да те прегледува за 100евра преглед сигурно мирна ќе си, нема да ти смета. Плаќаме приватно здравство за конкретен доктор за да избегнеме да се мењаат сто доктори и специјализанти.
Можеш до утре да скокаш, не си во право уопште. Еве за последен пат За тоа се фатив и за тоа ти реплицирам, ти упорно ми вртиш кој прегледувал таму. Нема што на мене или тебе да ни исто или различно, си има закон за здравствена заштита кој одредува кој каде може да дава здравствени услуги и каде може да се спроведуваат турнуси.
Ova mene mi se sluci. Plus sekoj pregled kjerka mu tamu nacrtana ko da si mu otisol doma, a ne na pregled vo privatna bolnica, bashka togas taa opsht lekar.
Конкретно за Палчевски и ќерка му неколку пати кога сум била и таа е таму гледа и учи, не знам што е тоа проблем, ме прегледува тој на ехо па и дава после тоа и нејзе, ми зема брис девојката, тој стои до нејзе и гледа, не знам што се крева фама околу тоа, секој бил млад и нов и мора да гледа и учи