Презадоволна од целиот персонал и услуга во Ремедика. Две целосно водени бремености и породувања таму, во 2020та и 2023 година.
Е арно си е де. Формула е N2О, диазотен оксид. Различно од азотен диоксид NO2, кој е токсичен за респираторниот систем. Туку додека сум тука, конкретно за пораѓај во Систина, треба да носам картонче со крвна група, или таму прават?
Не си е арно. Диазот моноксид е.....азотот има 5 оксиди, и мора да се каже на кој се мисли. Не сум носела картонче, а и ми се чини не ми определувале крвна група таму. Искрено, не можам да се сетам дали ми побарале. Прашај го докторот кога ќе отидеш на преглед, или некоја од сестрите.
Да нема забуни....... Википедиа не е релевантен извор. Со грешки е номенклатурата на сликата. Не за џабе постојат студии по Хемија. Мислам расчистивме погоре .
Јас си стојам на моето дека и диазотен оксид не е грешка. Еден атом е, и да не се нагласи моно, се знае
Душо, во ред. Како сакаш. Правилото е диАЗОТ, а не диазоТЕН....... ТриАЗОТ, а не триазоТЕН.....итн....основни правила на номенклатура. Ги прекинувам бесплатните "часови" по хемија. Да се вратиме на темата.
Ме мрзи да ги вадам книгите по хемија, па морам вака од нет да барам. Повторувањето е мајка на знаењето. Прекинувам тука, не можеме да ти докажеме дека и тоа напишаното не е грешка.
Ти благодарам што ми го потврди она што јас го кажав. Значи: диАЗОТ, а НЕ диАЗОТЕН!!! Да ми беше студентка, за ова ќе паднеше на испит.
Не се секирај за мене, си положив јас кај што требаше уште пред 8г. Тоа горе е на грешка пишано. Уште да признаеш дека и горенапишаното не е грешка.
Здраво,искуства некој со болница Др.Органџиски дали епидуралната анестезија е вклучена во цената шѕп му е објавена и дали има некои скриени трошоци на крај ?