Само ако примаш крв се доплаќа. Инаку, јас платив 10000 аванс и на одење 117000. Сега е качено и природно и царски. 95 со 130 илјади мислам.
На 3 скрининг бев кај Верица. Од 36 почнав со цтг кога оставив аванс. Другите 2 скрининга ми беа кај Димчев, а редовни контроли кај матичен. Добро минав, ок се и доктори и сестри. Храната е ок, сестрите идат веднаш кога стиснеш копче, ми помогнаа за станување, туширање. Чисти постелнини, спавачи, гаќи, улошки секоја вечер носат за да се средеш сабајле. Чисти се собите, сам во соба, има тв. Имам некои замерки. Не носат бебиња за доење, не покажуваат, ги донесат најадени, наспиени. Не покажаа за бањање, повивање, иако на породилните што бев е друг муабет. И многу, ама многу напнуваат за царски. Тоа ич не ми се бендиса. Кај мене син ми беше карлично, па се намести, па пак се свртре, мораше царски, ок. Ама и кога беше наместен, божем големо бебе, мора царски, не пробуваат ни провокации, ништо. Не те охрабруваат, пример ќе пробаме природно, ако не оди, има решение. Како да не им се замара. Вака имаат распоред и тераат. И додека одев на цтг, ќе упадне доктор, сестра, и истото прашање: "Царски ли ќе си?". Уште чистачката да ме прашаше. Генерално ок, ама за тие пари очекував малку повеќе.
Мене ми го носеа за доење гладно, ама си го барав. На секоја смена им кажував да ми го носат гладно. Ми покажаа како да го наместам, ако не можев сама викав, доаѓаа ми го местеа. За повивање не ми покажаа, ама не ни прашав, секако не го повивав. За другото се согласувам.
Па можеле да ми кажат, не знам како им се процедурите. Да прашале, да помогнеа со местење. Мене само ми кажаа за наредниот ден не може оти примам лекови. Само една сестра дојде да го донесе еднаш и успат дали сме пробале цицање праша. Покажа на нејзината рака како да го држам. Ниту знам, ниту можев од раната, прв пат дете земам во раце. И толку беше, си отиде. Здравје за наредно, мислам не би ги одбрала. Маж ми уште тогаш се налути кога одма кажаа мора царски, никако да поттикнат природно. Сакаше Систина да одеме, ама таму уште поскапо и така остана. И на отпусното пишале воспоставена перисталтика, а јас дури дома отидов и тоа со чепче, морав да ставам. Многу лош впечаток оставаат со тоа царски та царски.
Здраво мајки, Еве јас конечно да го споделам моето искуство во Жан Митрев (Zan Mitrev). Прво, во однос на докторите, како што спомнав претходно јас бев кај Ирена Андонова. Презадоволна сум од докторката, цело време е позитивна и насмеана (што мене ми значи), достапна за совети и прашања во било кое време. Во последната недела ептен детално го следеше бебето на ЦТГ зошто веќе влегував во 40+ и до последен момент ги почитуваше моите желби. На крај се породив со царски (сакав природно, но самата одлучив на денот кога имавме договорено за провокации да смениме поради загрижувачко ЦТГ и консултации со неа). Иако немав закажано царски, се спремија за многу брзо и целото искуство во сала ми беше позитивно. Што се однесува до престојот во центарот, сестрите се одлични. Кога и да повикаш некој, за максимум 30 секунди доаѓаат, помагаат со се живо и диво, сите се префини и позитивни (единствено јас со една од сестрите за бебињата не кликнав со карактер ама не би кажала дека е лоша сестра ). Сестра Вики е дар пратен од небо, ми објаснуваше секакви работи за бебе околу грижа и нега, и толку многу се ангажираше со мене за цицањето што иако не процицавме во болница, ми даде толку кураж што еве една недела откако сме дома, ние веќе скоро ексклузивно цицаме зошто не изгубив надеж ни за момент поради неа. Центарот е нов, целосно опремен, буквално ништо нема да ви притреба, има се од улошки, до гаќи, шампони, купки (јас носев само чешел, некоја моја козметика, и чорапи ). Храната за мене беше превкусна, иако знам да сум цепидлака за јадење се ми беше убаво, вода и сок имате цело време достапно. Доколку нешто не ви се допаѓа, или не ви е доволно, може да се донарача, а може да се нарачуваат и кафе, цедени сокови, смутиња. Јас бев сама во соба, и тоа им е моменталната политика (иако мислам дека со тек на време ќе се смени, зошто собата каде што бев јас е опремена за двајца). Посети се дозволени во било кое време, и било колку долго. Скриени трошоци нема (освен ако не ви треба нешто што не е вклучено во пакетот). Тоа е она што ми текнува во моментов, ако имате било што да ме прашате, тука сум
Честитки мајка, имам прашање дали бараат бременоста кај нив да ја водиш или не (директно на цтг) дали тие цтг ехо и прегледи се бесплатни ако си оставиш капар за таму да се пораѓаш?
Фала ти Не, не бараат таму да водиш бременост. Со капар од 12.000 бесплатни се прегледите од 36та недела натаму
Zdravo Maria, Pred se cestitki i neka e zivo i zdravo maloto. BI sakala da te prasam dokolku imas info na patronazna sestra sto posetuva doma, dali se doplaka ili e del od paketot, zatoa sto ima spomnato. Pozdrav
Ти благодарам многу Патронажната е дел од пакетот, со тоа што нас ни се погоди така што колешката со која што се покриваат во смена кога она оди на патронажа и беше на боледување, па не можеше да дојде во првата недела кога излеговме, но дојде потоа.
Здраво, дали има некоја неодамна породена во Жан Митрев да сподели искуства и дали би препорачала на други трудници? Фала многу.
Здраво девојки, Сакам да се пораѓам во Систина, но не можам да се одлучам за доктор, дали др. Палчевски или др. Панчевски. Ве молам споделете искуство