Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    6.219
    На истава страна имаш.
     
  2. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    3.163
    Пол:
    Женски
    Знам, го прочитав на @Dodo1 одговорот. Мислев уште некој да се пријави. :D

    Јас кога ја прашав докторкава скроз беше дека е океј и не е некоја ретка појава, ама па никој околу мене немам со такво искуство. Ми треба како приказна да го охрабрам мојов. Беше вклучен и доаѓаше со мене на скрининзите и овие последни претпородилни подготовки, па имам желба да е и на самиот пораѓај таму барем до одреден дел ако нема храброст до крај. :D
     
  3. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.466
    Допаѓања:
    6.219
    Абе ако нема желудник за тоа не го форсирај, не ќе знаат после кого попрво да средуваат :D.
    Иначе скроз е океј и таткото да е таму, и мм ќе присуствуваше кај мене со првото, седеше во соба цело време ама испадна итен царски, а на царски не пуштаат.
     
    На Sanniii и Ladyme им се допаѓа ова.
  4. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    3.163
    Пол:
    Женски
    Мислам дека доволно би ми било и тоа да седи со мене до самиот чин, па после да искочи. Сега за сега не сум нешто упаничена, но мислам доста ќе ми значи во тој момент ако е таму. Тој па повремено сака и мерак му е да сведочи на тоа затоа што ете не секој има можност, а повремено вика жал ќе му било да ме гледал како се мачам. Којзнае на крај за што ќе се одлучи. :D
     
    На Autumn Love му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Puffy2019

    Puffy2019 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    982
    Пол:
    Женски
    Маж ми присуствуваше на породувањето, јас се породив во Систина, но штом ти е за охрабрување исто е :)
    Јас сакав да е со мене, затоа што ми беше премногу страв, многу ми значеше неговото присуство, а него му беше сеедно, ми рече ако сакаш тука сум. И добро што беше таму, многу ми значеше неговото присуство затоа што бев преисплашена.
    И издржа до крај, од кога ми дадоа провокации па се до изнесување од родилна сала и носење во соба. Е сега, ако добро се сеќавам (поминаа 6 години), мислам дека му рекоа да излезе само додека ме шиеја, после тоа пак беше тука. Само да ти напоменам дека е човек со јак желудник и јака психа, и мислам дека поради тоа издржи.
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    2.043
    Пол:
    Женски
    Според мене потешко и помачни се болките додека седи маж ти со тебе, отколку тоа на бокс. А и на бокс он само за рака ќе те држи нема доле да гледа ако не сака хахаха. Еее ние низ што се поминуваме им се секираме на мажишта толкави.. не им е толку жал за нас колку што им е страв и шубе што ќе видат
     
    Последна измена: 21 февруари 2025
    На Трагедијаупмм и Sanniii им се допаѓа ова.
  7. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    517
    Баш и јас сакав да слушнам искуство за во Ремедика. А дали освен на самиот пораѓај може да седи во соба додека трае нели целиот процес пред самото излегување на бебо?:D
     
  8. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    2.043
    Пол:
    Женски
    Да, имам пишано наназад некоја страница. Маж ми седеше со мене цело време
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    3.163
    Пол:
    Женски
    :D:D:D

    Ме пресмеа. Ние ги трпиме болките, а они се упаничиле како божем преку рака ќе им трансферираме болка.

    Да да. Докторкава кажа има повеќе опции и може кога сака да се премисли и "откаже". :D

    Кога сме на темава на денот што си носевте со себе? Јас планирав само нешто ептен лични работи како чешел, гел за миење лице, чорапи и некоја наметка/дуксер со тоа што последново не знам и колку би ми било потребно со оглед на тоа што секогаш кај нив ми е претопло.
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    2.043
    Пол:
    Женски
    Па земи си дуксер ама мислам нема да ти треба, топло е во собите ма да мене една вечер ми залади и си облеков чорапи. Не ти треба ништо друго освен паста четка чешел лабело крема такви работи
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    517
    И јас ќе сум во ремедика, баш прееска си правев список хаха. Си запишав четка и паста за заби, полнач, ластик за коса, чешел, крема за лице и гел за миење, дезодоранс и лабело. Дали ќе ми биде до крема за лице дојдено - ќе видиме:D
     
    На Ladyme и Sanniii им се допаѓа ова.
  12. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.553
    Допаѓања:
    2.043
    Пол:
    Женски
    Можете да си земете и мало шампонче. Они таму имаат гел за тело и шампон како 2 во 1. Јас вториот ден си се избањав, си побарав фен за коса ми дадоа, цел третман си напраив и крема и лабело си стаив, мераци хаха. Одма подобро се осеќав ми олесни некако
     
    На Ladyme, xxx-ba и Sanniii им се допаѓа ова.
  13. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    3.163
    Пол:
    Женски
    Исто. Па облека за мене и бебе како и несесер со ситно шминка би ми донеле на денот на излегување колку да се уљудам малце. :D
     
    На Ladyme и xxx-ba им се допаѓа ова.
  14. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    517
    Хахаха мене веќе само едни културни пантолони ме собираат, им кажав да ми ги исперат и тие спремни да ми ги донесат кога ќе излегуваме:D
    Се зависи како ќе се осеќаме, си викам може ќе сакам да ми донесат и пегли и фигара и кармини, а може само една капа да се скријам и да избегам. Се надевам на се најдобро:rofl:
     
    На Ladyme и Sanniii им се допаѓа ова.
  15. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    3.163
    Пол:
    Женски
    Така е најважно да помине се како што треба. Да сме добри и ние и бебиња, па како ќе излеземе е најмал проблем.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.814
    Допаѓања:
    3.856
    Пол:
    Женски
    Јас во јуни викам еден фустан имам од грчка широк мајка ми го купи, и викам само тој ќе ме собира. Бебче ќе ја средам. Исто само да си земам кремчиња, ролон, чешал, полнач, лабело и пурелан. Тако звано еден несесер.
     
  17. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    517
    Ќе си купиш уште нешто до јуни:lol:
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.814
    Допаѓања:
    3.856
    Пол:
    Женски
    пред да направам тест значи 4-5 дена идам во зара пантолони купив идам во х&м исто, фустанче.. се опуштив доаѓам дома на мм му викам си купив ова ова ајдее да се мислам пред излагање што да носам ( а поправена бев 5-6 кг од нормалната килажа што ја држев со години и ништо не купував со надеж да ослабам ) и после 5 дена кога нсправив тест хахха прво што си помислив каде ќе носиш ова што си купи и така останаа ич не облечени, чекаат подобри денови кога ќе се породам (fingers):wasntme::!:ако вратам килажа.
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    575
    Јас ќе ви се убацам падобрански да ви препорачам да си земете влошки за гради и барем еден градник за доење. :D
    Јас не носев, а ми надојде млеко уште другиот ден, па во Плодност едни зелени спавачи, кај утоп па и со олкави кругови. Па отпосле ми донесе сопругот. Е сега не знам по другите болници како е, може има таму, може и нема да ви требаат, ама ете јас еден добронамерен совет. :D
     
    На Sanniii, Stone, xxx-ba и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.814
    Допаѓања:
    3.856
    Пол:
    Женски
    Не се сеќавам, ќе ја прашам сестрами лани се породи во ремедика. И неа и потече исто знам рече само што ми донесоа сабајле нова спаваќа, се залепив хаха. Добро ме потсети, си купив од дм од бебилов тие.
     
    На xxx-ba и Hinebrra им се допаѓа ова.