Nema podobra doktorka od Simonida na svetov, deset bi ragjala kaj nea. Za ceni mozes da se javis na informacii ke ti kazat zosto cesto gi menuvaat.
Па таков ми е планот, баш ја прашав Докторкава за капар нешто, дане има промени на цената, ми вика ај здравје да почекаме има време. Сега пак сум од пон за грлото мерење на 7 дена да видиме како иде. Сестрами е мн задоволна од све. Внуката беше и кратко во инкубатор, негата, односот све беше одлично.
Да здравје викам само да издржам со грлото да не ме изненади порано, тоа некако ми е голем стрес и го мислам Ако е све како што треба ќе се дружиме
Кога ме примија беше во соба со мене поседе малце и си отиде нејќеше да присуствува на пораѓајот и никој не очекуваше дека толку брзо ќе се породам сите кажаа до сабајле нема шанси да биде ама кога се породив му се јавивме одма дојде си влезе горе на бокс да не види.
Зетот вика не, доплатиле само за деновите што останале плус, и тестовите што ги прават дополнително. Внуката два дена беше или да речам ден ипол, само додека почна да јаде од шприц претходно беше со цевче мислам, немаше никаков проблем друг во однос дишење и после ја префрлија во нормално креветче и ја греаа во текот на денот за жолтица. Брзо напредуваше фала му на Бога.
Пред 2 недели ме фати царски 142.000, со тоа што имав плус прегледи за бебе и за мене профилакса. Со првото ме породи др. Симонида, со второто Афродита, прекрасни се и двете докторки. И морам да ги пофалам двете најдобри сестри, Дијана и Оле чинам беше, префини, имаат знаење и ептен се од помош.
Јас првата бременост ја водев кај др Афродита. На пораѓај бидејќи бев со провокации и ме фати цел ден за на крај да завршам со царски, ми беа Афродита и Симонида. Да посакав подобра комбинација мислам немаше да има. Цимерката ја имаше водено бременоста кај Симонида. Двете се предобри докторки. Сега сум повторно кај Афродита. Двете мислам дека се одлични. Во однос на Ремедика и Систина, од мене голема предност за Ремедика заради тие неконтролирани посети во Систина. Сеа лежиш ти полу гола, крвариш без разлика како си породен, млеко тече на сите страни и се обидуваш да доиш, те фаќа нерва па уште згора на тоа да ми дреме пола фамилија по цели и денови не фала. Искрено никој не ви треба додека сте во болница. Може сопруг да дојде еднаш онака за поддршка ама и не мора што е до мене.
Јас цело време мислам (скоро убедена сум ) дека ке се породам порано поради срцевидната матка демек за што се изначитав, така да… здравје, само да влеземе во безбедни недели и нека биде се во ред
Ова со царски мало сутра хахаха. Ја одвај чекав да се истуширам… леле да имав рибача четка ќе се рибав таму. Ја на Гак бев, ама дека не смееш раната да ја шампонираш одма.. корнев мислам.
Не мора да значи Јас со еднорога матка стигнав до 36+1, може и повеќе ќе издржав да не беа други плус индикации. Друга членка со иста аномалија како мојата мислам 38-9 се породи. Не се секирај, ќе си биде добро
Еве ги цените. Инаку јас сум кај д-р Симонида и здравје она ќе ме пораѓа. Толку е пријатна, љубезна и стручна немам зборови. Мислам дека поради неа немам паника вака при крај односно чувствувам дека сум во сигурни раце.
Одлично е што имаат и за плаќање на рати ајдеее да поминеме убаво со бебче сите дома, па ќе се среди све финансиски. Не се плашам додека јас и мм сме здрави и работиме можам сите висини да ги дофатам и сите желби да ги исполнам.
Колку дена држат во Систина со царски? И дали може пример првите 2 дена да си платиш за во приватна соба а останатите да те преместат во нормална? И многу ме интересира дали смеам да си внесам некој намирници за јадење…Зошто сум мн мн проблематична со јадењето….Пример јогурт не пијам секаков само една врста..А они незнам каков имаат… Да си земам неколку работи само…