Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    1.377
    4 ноќевања е за царски сметајќи од денот на царскиот зафат Во врска со сместувањето не сум сигурна, јас бев во двокреветна соба, во еден момент доста пациентки заминаа па сите што останавме не распределија по една да сме во соба. Во врска со храната на прием во соба прават еден записник и прашуваат за храна, можеш да си кажеш тогаш а дали смееш да внесеш искрено не знам.
     
    На BarbaraMorii му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    14.581
    Пол:
    Женски
    За јадењето ќе ти кажам дека што и да побараш ќе ти дадат. Не сум се пораѓала таму ама 2 пати имам лежено со ќерката. Кај е она тешка за јадењата, јас сум потешка. И спомнав на една сестра ако може да ми кажат што има за ручек дека многу работи не јадам, она ми рече ќе ти донесат сега па ако нешто не ти одговара кажи ќе сс организираме да направиме нешто друго. Чиста среќа се погоди јадење што го јадам, па помина ручекот. Ќерката беше на течна храна, и донесоа млеко и бисквити, не сакаше да проба. Кога виде сестрата дека не ни пипнала, ја праша што сака, она рече палента со сирење, и за пола саат и донесоа.
    Ова беше минатата недела. Скроз исто искуство имам и од пред 3 години. Тогаш кога ме видоа дека маж ми ми донесе шише кока кола, со следното јадење ми донесоа пакетче лименки кока кола. Така да мислам дека што и да сакаш можеш да побараш, и да го нема баш тој јогурт мислам дека би ти го набавиле ако им кажеш однапред.
     
    На H.VAGA и BarbaraMorii им се допаѓа ова.
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    12.956
    Пол:
    Женски
    Не ги сфатив вчера што ми објаснија, некако збунка бев. Ќе ми направат прием вечерта пред да ме земат царски сабајле. И гаа вечер се рачуна така?
     
  4. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    5.531
    не се рачуна
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    138
    Пред прием прашуваат за исхраната, дали си на посебно мени, дали имаш алергии и ќе си кажеш што јадеш а што не, ќе ти го прилагодат менито. Јас кога бев таму еден ден со цимерката не ни се допаѓаше ручекот баравме друго, жената што носеше јадење ни вика да прашам надлежен дали може дека царски бевме па ни донесе замена.
    Не, вкупно се 5 вечери.
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    12.956
    Пол:
    Женски
    Фала ви @Anaroz1 и @Dreamer
    Уф, јас си рачунав 4 вечери со се таа и побрзо да излезам :)
    Што ќе правам без детево толку време да не го видам. И јас и она ќе полудиме. Само тоа ми е маката, зошто да не може детето да дојде, а друг не ми ни треба да доаѓа.
     
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    5.531
    можеш ако сакаш, ама јас не ти препорачувам, најубаво поседи си колку што треба :D јас си отидов една вечер порано, брзав дома да си дојдам, после сфатив дека не требаше :rofl:
     
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    12.956
    Пол:
    Женски
    Не не, не излегувам порано, колку толку нека ме кренат таму. Со првиот царски беше прелошо, мислам дека еден месец ми требаше да почнам да одам како што треба.
    Еве дремам во бунило, страв ми е многу, па и дека договорено и знаеш што те чека уште толку ми е паника.
    Само си гушкам дете и маж дома како на смртна пресуда да ќе одам.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    А што избор има од храна?Какво е менито?
     
  10. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    138
    Царски дента само течности, првиот ден бисквити со млеко, супа, пире полесна храна. Од вториот ден носеа за појадок и вечера лепче, сирење, кашкавал, јогурт, супа, путер и мед, џем, проја, палента, јуфки, такви работи главно а за ручек мусака, пире, супа, ориз со месо, болоњезе, пилешко со златна мешавина, салати, за Божиќ кога се падна да сум таму имаше гравче, сарма.
     
    На Stone и Ladyme им се допаѓа ова.
  11. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    5.531
    со лесно само :hug:
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    517
    Леле скоро ништо не јадам од работиве:rofl:
     
  13. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    1.377
    Приемот е еден ден пред тоа.
    Околу 18 часот мене ми кажаа да дојдам кај амбулантите што се, таму ти прават цтг, прием и разговор со анестезиолог. Таа вечер не се рачуна за жал хаха

    Инаку јас бев примена и еден ден пред тој ден за прием што ми беше поради намалени движења за да ме следат на цтг и полудев веќе до крај, едвај чекав да си отидам. На 11ти утрото ме примија а требаше 12ти вечерта, 13ти ми беше закажан царскиот а ме пуштија 17ти.
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    3.858
    Пол:
    Женски
    Одлично, па нормална храна. Не сум човек што пребира општо. Негде има луѓе што немаат храна и гладуваат. :mm: Сестрами од Ремедика беше презадоволна, а знае да прибира храна.
     
    На olly14 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stone

    Stone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2024
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    И јас сметам дека е во ред храната но доколку на членката не и се допаѓа не ја гледам потребата да се коментира дали некаде гладуваат.Сите се убиваме од работа за да имаме можност да си ја платиме болницата приватно и да си има свои очекувања.Сметам дека храната е во ред но повторно ќе кажам,членката си плаќа свои пари :)
     
  16. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    3.858
    Пол:
    Женски
    Најнормално секој дека си бира храна кога плаќа и секако може да кажам што мислам за мене лично дека храната е добра што ја опиша членката јас незнам мислиш за неа напишав тоа? Општо си пишав по што се водам јас во животот. Твое како ќе го разбереш. Поздрав.
     
  17. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    199
    Дали некој има искуство со поликлиника Мартини во Струмица? Гледам дека се рекламираат и се фалени но некој ценовник и слично не можам да видам никаде8-|:)
     
  18. cocopuff

    cocopuff Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.088
    Пол:
    Женски
    На муабетот со храна, мене во Ремедика ми беше преееевкусна храната. Имаше една пилешка супа што знам првиот ден ни донесоа дека со царски па као полесна храна и после секој ден си ја зимав од што ми беше вкусна. Луѓе ако ви кажам дека едвај чекам да одам да се пораѓам ќе се смеете, е толку ми беше вкусна.
    Има стварно избор доволен. Секој ден ти носат мени и си бираш сам што сакаш да јадеш. Ова важи за ручек. Доручек и вечера се најчесто пецива со јогурт (пред 3 год даваа шишенце Бучен козјак, сега може е сменето).
    Имаше и корфлекс и нешто по не тестесто мислам. Се на се супер вкусно.
    Вода сокови во изобилие. Е сеа ако си сакате благо земете си некое чоколатце :D
    Мислам дека и во Систина е исто во однос на бирањето, а и таму имам другарки што ја фалеле храната.
     
    На Puffy2019, Stone и Ladyme им се допаѓа ова.
  19. praski4e

    praski4e Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    1.206
    Пол:
    Женски
    Сестра ми се породи таму пред 3 месеци и Baby love млеко и дадоа и одлично го прифати бебето ете уште си го пие од дм го земаат и добра му е цената.
     
    На Ladyme му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ladyme

    Ladyme Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    3.858
    Пол:
    Женски
    Исто сестрами во Ремедика, ние засекирани дали јадела дека ете не јаде све и од секогоо и вика подобра храна не сум пробала хахах викам ал се хормони или стварно добра храната. :rofl:
     
    На Puffy2019 и cocopuff им се допаѓа ова.