Исто и јас во Ремедика, вечерта ме однесоа во соба, а се истуширав одма наредниот ден, без лепенка, без ништо. Само да тече вода врз раната, да се исплакне убаво и да се тапка со пешкир.
da vistina e za 2 dena lichno doktorot mi pisha i mu se javiv i zakazhavme. Duri mi potvrdi na viber. Jas prezadovolna bev od posetata, i detalno me pregleda, me prosheta, momentalno imaat podobra tehnologija od remedika i sistina. Samo toa mi e najmnogu ne mozam nisto posebno da prochitam za doktorite.
Мене прво бањање после царски ми беше тек дома кога стигнав и тоа ме бањаше маж ми. Одвратна бев, не се ни сликавме со маж и бебе на испис зошто бев мрсна, прљава и расплакана. До тогаш само од половината надолу 2 пати сестра ме истушира. Толку многу ме болеше, ич ич не станував од кревет сите 4 дена, како без волја за живот бев тие денови. И плус цел престој бев сама во соба, само ѕвонев на камера на цел свет од што ми беше досадно. Права егзистенцијална криза, ги прашував докторите на визита дали некогаш повторно ќе проодам во животот, дали ќе можам да кренам потешко од 5 кила. Fast forward, сега не можам да се приберам дома и само трошам пари. Денес со ќере испешачив со количката 9 километри. Во врска со храната, не ми се живееше во болница нит ми се јадеше. Ама тоа рижотото со зеленчук во ремедика и супата пилешка не ги заборавам, најубави досега што сум јадела во животот.
Здраво на сите, дали некој има скоро искуство со породување во Жан Митрев? И во споредба со систина што мислите која болница е подобар избор за породување?
Јас споделив, побарај на страна 568 Моето искуство е позитивно, а за споредба не можам да ти кажам. Јас се решив за Жан Митрев наместо Систина најмногу поради цената, и сум супер задоволна од услугата
Планирам да се породам во Систина е сега имам прашање за тие што се имаат породено таму. Не сум од ск и му спомнав на докторот дека најмногу ми е страв од тоа дали ќе стигнам на време ако биде се во ред за природно да се породам. Тој ми рече ќе разговараме следниот преглед, да видиме како ќе биде бебе наместено и за природно може да договориме датум за со провокации. Се има некоја породено со провокации таму да сподели искуство?
Јас се имам породено пред 3 ипол години таму со провокација, исто не сум од ск. Ме следеше докторката на цтг и во 39 недела кога почнав да се отварам договоривне ден ме примија од вечерот во 2 навечер ми пуштија провокација во 4 ми пукна видењакот и ми вклучија епидурал за да немам болки. Докторката дојде во 8 часот бев 8 прсти отворена ме почека до 9 часот ме однесоа на бокс и во 9 и 20 се породив. Сега колку што те следам сме тука некаде со термин јас сум 03.05 со второ
Да исто сме јас сум 04.05 еден ден после. Прва бременост ми е не знам како оди процедурата докторот само ми спомна но рече ќе зборуваме наредниот преглед да не правиме однапред планови. Кај мене сега кога бев си беше свртена надолу со главчето. Јас би сакала да пробам природно ако е се во ред. Најмногу ме плаши тоа дека не сум од ск како би одел процесот. Ви благодарам многу што го споделивте вашето искуство да знам одприлка како ќе биде ако е природно.
а имаше болки од кога ти ја ставија епидуралната, додека да се породиш контракциите како ги помина толку часа?
Никакви болки баш се одморив тие неколку саати болките беа откако почна да делува провокацијата затоа ми предложија да ми вклучат епидурал. Се отспав тогаш убаво и бев свежа за пораѓај
За сите оние што се имаат пораѓано во Систина… На скрининзи одам кај др Димчев, меѓутоа не знам за пораѓање кој доктор од таму да го одберам доколку може некој да ми даде совет. И ако сте биле во иста ситуација кога сте закажале прв преглед со докторот што го одбравте за да ве пораѓа?
и кога почна породувањето доби болки? Колку време трае епидуралот .. јас со првото бев без епидурал но со провокација ии болките беа мн.. се додека не се породив
Не осетив никакви болки бидејќи цело време ми вклучуваа додека да се породам. Контракциите најнормално ќе ги осеќаш и од тоа ќе знаеш кога да даваш напон, но болка не.
Од Органџиски и Плодност очи ќе си извадат околу породувањето во вода. Срамота, образовани луѓе, искрено кај мене и за едните и за другите ми ствара неубаво мислење. Па вака јавно да се препукуваат
како на пазар да се срам да им е наместо вака да се препукуваат нека испаднат во една јавна дебата во некоја емисија и да слушнеме што имаат да кажат и двете страни.
сите се добри, јас лично се пораѓав и водев бременост кај Корнелија, еве втора водам пак и здравје пак планирам да се пораѓам, од односот сум презасоволна. ама овде читам доста позитивни коментари и за Палчевски и Бојаџиев и Гордана
И јас ја одбрав Корнелија, па сега ќе видиме јас искрено не ни знам што да прашам 35та недела сум ама ми направија ctg. Немав никакви прашања освен дека сакам природно. Збунки скроз