Лакоми за пари се и тие и тие. Како да немаат доволно пациенти и профит. Кога бев на консулатација кај Таше, влегов скоро 3 ч по закажаниот термин, вриеше од луѓе. Што им треба ова, не ги сфаќам.
Кога се породи ти? Читам на неколку членки воопшто не им правеле. Ок ова ме радува Начекав коментар во некоја од темите од членка што имаше пишано дека им наплатиле тест за ковид минатото лето мислам како плус трошоци надвор од пакетот. И мене ме зачуди зашто мислев дека веќе не практикуваат.
Плодност не ги знам, ама имаше коментари дека не се задоволни некои пациентки од тој Таше. И од Органџиски има незадоволни. Кажуваат 5 дена лежеш со царски, на 4 ден уште во 10 дојде фризерката да ме спрема. Скоро сите им се со царски. Баш тоа им го плеснале во лице Плодност, а така е. Не може секој што ќе оде кај нив да има индикации за царски. Ајде кај мене бебе беше попречно, ама другите? Сите скоро? Тоа е за пари и си имаат распоред за работа, да не се замараат ако им дојде некоја среде ноќ.
Na mojot carski asistirase na dr Elma… drzok covek ne mi se dopaga i kazuvase mislenje na doktorkata drsko duri se obide da mi vika im kupiv na site nesto vo znak na blagodarnost na nego ne.
Абе овие скроз да ти биле летнати ... Па само во нашата држава го има ова да се препуцаваат доктори јавно на социјалните мрежи во коментари, и тоа можам да кажам слободно синот на Таше има ептен дрзок и непристоен речник како за еден доктор, доктор е така ? На шо личи ова бе ? Баш заради ова не сакам да се породам во државна болница ама изгледа и овие не се ништо поарни
Што ми е потребно се да спакувам во породилна торба? Знам дека во Систина обезбедуваат доста работи, некоја што скоро има искуство, да не носам непотребни ствари
Сѐ она што користиш ти секојдневно плус полнач за телефон. И без ништо да отидеш, сѐ имаш таму, а може и полнач ќе ти најдат . На искачање ќе ти донесат твоите за тебе облека и за бебето. Јас си носев и папучи за под туш, бидејќи таму имаше од оние собни.
Полнач и твоја лична козметика. Јас си носев и ланолин крема на медела за брадавиците и ептен ми се најде, за жал на доење се разранив и ептен ми помогна кремата.
Дали знаете некоја породена природно/ спонтано во систина? Па која замина таму се е со царски. Ги водат до крај као природно и после сепак царски. Ова е више за да испита некој надлежен
Ова е некое инфо што се шири последниве години а генерално нема врска. Си проценуваат докторите што ќе се случува на денот на пораѓај. Јас имам неколку другарки со вагинален пораѓај класично породени лани во Систина. За разлика од државните клиники не измачуваат жени по секоја цена да е природно мерат проценуваат па сечат
Две мои познанички годинава таму природно се породија. Јас сега во февруари се породив со претходно еден царски, па докторката чекаше случајно да не почне природен процес (ама кај мене очигледно тоа не се случува, ни со првото, ни сега со ова) Со првото пред 6 години во Чаир, 6 жени мислам бевме на патолошка во собата, 5 завршивме со царски, а притоа душата ни ја извадија. Ништо не е мерило, зависи од индикациите.