за породување и мора веќе да се плати со картичка бидејќи веќе не смее суми над 60.000 ден. да се плаќаат со кеш согласно измените на законот
Од кој месец препорачувате да се започне со прегледи во Систина. 169.000 е царски рез. Дали имаат некој пакети доколку уплатиш во 5ти месец па да можеш до крај прегледите таму да ги правиш.
Цела бременост ја водам во Систина, се уплаќа аванс во 36та недела за да последните прегледи и цтг бидат вклучени во пакетот за пораѓај. Другото се регуларно
и без да уплатиш аванс, ако се пораѓаш таму после 36 та не ти наплаќаат ништо прегледи и цтг, барем така беше @dk19 немаат пакети ни за цела бременост таму да ја водиш, мораш секој преглед да си го плаќаш
Уште еден бенефит што може да го искористат трудниците е 10% попуст на прегледите во бременост и 10% попуст на пакетот за породување, доколку целосно ја водат бременоста во „Аџибадем Систина“ од 12. гестациска недела.
да, во право си имаат сега такво нешто @Baby warrior дали го користиш ти овој попуст? бидејќи спомна дека цела бременост ја водиш таму?
Секој преглед ми е 4.900 искрено немам поима колку е регулар. Цело време покачуваат цени така да мање битно очекувам после пороѓајот барем за бебето сите прегледи да одат со -10% доживотно пошто така им е кампањата а ние се прајме во систина со маж ми. Имаме и приватно здравствено ќе ја приклучиме и неа здравје штом дојде На толку пари оставено таму, докторкава моја понекогаш знае да напише извештај без плаќање да не почасти се надевам нешто и за пороѓајот ќе ни даде минус
Распрашај се, затоа што да за бебето следи во секој случај 10%, ама јас и на прегледите имав. Исто и за тироидата одам таму кај Црцарева и таму имам 10%. Реално не се многу на тие нивни цени, ама зошто да не искористиш. Еве сега и големава вчера ја носевме на контрола, исто имаше попуст. И маж ти исто ќе го следува попустот. Плус со пакетот имаш и јога за трудници, прегледи после породување (гинеколог, ендокринолог) и мене мерак што ми направи ептен, 3 месеци теретана Им се спремам од нареден месец. Звучам како реклама, ама на таа пара што ја даваме зошто да не искористиш се што нудат.
Леле да, баш ќе се јавам да видам … ќе си видат они во систем дека сите прегледи од 5та недела се таму и за претходната бременост која ми заврши со предвремено породување во 18та недела исто и пороѓајот спонтан беше таму … и контролни после бременоста. Ова со теретаната ептен би ми одговарало бидејќи живеам блиску и баш после пороѓај би одела здравје откако ќе се опоравам, денес ќе се јавам да видам што и како
Регулар е 4900, со тоа што цело време накачуваат цени, јас кога почнав бременост царски беше 134.000 кога се породив 141.000, а ако уплатуш аванс до крај си тераш со тие цени
И на јога да си одиш, до 36та може. Сега е некоја друга инструкторка, јас кога одев тој што беше ептен беше срцка. Чуда ми направи со грбов мој искривен. А и 3 масажи имаш со пакетот (околу пола саат трае една) Разгалување што вика маж ми.
хахах сега и мене ме заинтересира минатата бременост ја водев цела таму и таму се породив никој нишо не ми спомна и ништо не искористив. сега имам 10 посто попуст на прегледите и малата има 10 посто попуст кога ја носиме, ама пак идам во систина и пак ќе се пораѓам таму, ова три месеци теретана е за откако ќе се породиш? а ова со масиживе е во бременост?
Имате и тука инфо подетално што се спаѓа во пакетот https://acibademsistina.mk/mk/novosti/index/773?cookieS=1
Да после породување теретана, а масажи во бременост. Има и нутриционист мислам исто вклучено и психолог. Не знам зошто не ви кажале, во 9та недела кога бев на дежурен ми кажаа и брошури земав, а на скринингот во 12та уплатив аванс.