Имам едно прашање ќе се породам во Систина, одам таму на прегледи од старт, таму ми беа и предходните ивф и последното сега. Планирам да направам уплата сега за породување, прашањето ми е ако уплатам дали цената до крај останува иста? Оти имам забележано секој преглед некако за 100 денари како да се покачува цената. 36 недела ќе бидам кога ќе одам за неколку дена. И породувањето е поскапено сега, па дали ако уплатам останува цената иста или може да варира?
Има таков пакет. Јас го користам. Уплатив 15 000 ден. депозит во 12та недела и добив 10% попуст на прегледите (иако, не ми ги наплаќаат сите) и 20% на породувањето.
Јас како што разговарав, нема да има поскапување, цените се исти од претходната година и годинава остануваат исти. Така да искрено незнам, тоа им е малку маркетинг трик на систина, поскапено све пред нова година, што викаат некои членки на секое идење по 100-200 ден. Незнам колку менуваат тие 10% ако цените идат во вис.
Како што се тргнати со цените во вис мало важи овој попустот ама ајде да сме живи и здрави само, да биде се во ред и што помалку да имаме потреба сите од болнички услови било приватно било државно
Чекајте другарки ова со масажите што не го знам веќе го сметам за навреда аааа денес немав време глава да кренам ама утре кога ќе им се јавам готови се
Да, само ако има слободна еднокреветна соба, ќе си побараш на прием. Мене прво ме сместија во двокреветна па наредниот ден се ослободи еднокреветна па ме преместија.
Јас ја имам брошурата прво што пишува е дека трудниците кои ја водат бременоста таму од 12та недела добиваат 10% попуст на пакетот за породување, а второ што пишува е бесплатни 3 медицински масажи на грб до кои се вршат до 36 недела, се закажува во спортскиот центар Премиум телефонски
Утре сум слободна маж ми е на конференција … може да и отидам блиску ми е да видам убаво што пропуштам али ова не смеам да го пропуштсм 29та недела сум до 36та на две недели ќе одам на масажа
јас знам за ова, ама јас сум баксуз сто посто нема да има соба слободна, за првото си одев во недела немав ни фризерка ( пошо не доаѓаше во викенд )
Хаха јас бев со царски и 5 дена бев таму. Уште кога се пријавив ме прашаа кога да биде вечерата. Одбрав ден пред да си одам. И убаво беше, донесоа масиче со салата, главен оброк и десерт