Добро , а сите овие што се пораѓаат у Санте ,сами имаат желба вака да ги " редат" на ФБ ко кокоони у спаваЧи, со бебиња, на влез, на излез од сала,? Баш сите имаат желба, или така " мора"? Живо ме занима
Сигурно сакаат. Не може на сила да те натера некој! Е ај, разбери ги. Систина бар тоа го прават со стил. Овие ми се "селски".
И на сите прашалникот пополнет им го даваат: дали има гужва - нема! Се друго - под А) да се заокружи! Офф отидовме, знам.
Не да ми е селско, глупо, езиво ми е. И јас си се сликам често,си редам на ФБ сликички, ама ова ми е претеризам. У болница бе,со канилите. Бабата внучето прв пат на ФБ ќе си го виде. Можда ние и пред неа ќе го видеме
Помеѓу Ремедика и Санте која ја препорачувате за породување? мене ми остана уште мноху малку па постојано размислувам за тоа каде да отидам. Помош?
Здраво на сите Јас сум 34та недела бремена, до сега сите прегледи ги правев во Санте, др.Елма Абдула ми ја води бременоста. Многу сум задоволна од докторката, многу професионална, ме гледа по 40мин., ме слуша кога зборувам и ме советува за сите дилеми кои ги имам. Во било кое време да и пишувам или и се јавам е секогаш позитивна и секогаш достапна за да ми ја олесни душичката (прва бременост, па малку досадна со милион прашалници). Еден преглед го плаќам 2000ден. Кога крварев во 9та недела, бев на вонреден преглед(покрај регуларниот) и за истиот не ми наплатија ништо. Истото ми се деси и на 11та недела. Сите потребни брисеви и анализи не сум принудена да ги правам таму, туку можам и ги правам преку матичниот гинеколог. Скринингот во 22ра недела што се прави, го правев кај Адамова, и искрено не ми остави некаков впечаток посебен, поготово за тие пари(4000ден) ...жената малце знаеше да залути во непотребни теми... тотална утка. Инаку за форсирање царски се зборува/пишува за сите приватни болници, па така најверојатно и за Санте. Лично познавам 3 добри другарки кои што се породиле таму, природно. За сликање пред и после пораѓај сметам дека е многу глупо(за мој вкус) и не би потпишала согласност да бидам ставена на нивната фб страна јас или моето бебе. Мислам дека последново е повеќе прашање на личен вкус и желба, знам дека не си принудена на такво нешто. Со цените (според листот што го земав од таму), спонтано породување е 62.870ден (со пресметан епидурал) додека царски 82.755ден .. цениве биле промотивни до нова година, после ќе ги покачеле..