Да да, Тоа со фризерка е старо. Пред 6 години кога се породив прв пат, дојде да ме исфенира пред одење
Леле колку се смеам, маж ми ме зеза сега вика земи си и фарба у торба у еден трошок да поминеме и еден балајаж побарај
Хахах терминот ми е сабота али кој се породил на термин ќе прерачунам ја ско се пораѓам пред викенд ќе си ја земсм четката за фенирање ако се пораѓам за време на викенд на чисто ќе сум … исфенирана ќе искочам
Во брошурата што ја имам јас, а ја зедов пред два месеци некаде пишува дека ако сакате за викенд да ве средат да се најавите порано за да дојде фризерката. Не знам како ќе ми се падне да се породам ама се надевам барем таа услуга да ја искористам
Ова со масаживе и фризерките само во Систина или во сите приватни е така ? За Плодност нема нешто или ние шо сме од Битола казнети сме од Господ
Јави се најдобро прашај зашто според брошурата пишува дека пакетите им важат ако уплатиш од 12та недела. А ти секако можеш прегледите таму да си ги правиш без или со пакет.
И мене исто пред 3,5 год ама јас гледав побрзо да си одам дома па не искористив прилика. Сега со второто не би одбила, со бебе и тодлер кој знае кога ќе имам време следно за фенирање
И јас ќе го искористам фенирањето. Бар 1 недела да издржи , додека да поминат болките од царскиот. Не знаев ни за масажите (не обрнав внимание бидејќи само попустот ме интересираше ). Добро е и тоа да се проба штом веќе е вклучено во пакетот.
Здраво, планирам пораѓај во Ремедика. Ве молам за искуство кој се пораѓал изминатиов период таму. Сакам кај доктор Симонида, па споделете искуство и со неа.
Одлична, љубезна, професионална и пријателски настроена докторка. Ме породи со двете деца и цели бремености ги водев само кај неа. Најбитно за секоја трудница е да се чувствува сигурно во текот на целата бременост, а со Др. Симонида ве уверувам дека ќе биде така. Со лесно и среќно.
и јас се брзав да си одам, дури еден ден порано си отидов сега има да искористам се, и фризерката ќе си ја барам
И да,не ја бараш ,она сама поминува по сите соби,и си прави список кога да дојде,доколку сакаш.Што убаво ме среди за сликање,ептен си се бендисав.
не знам за првото беше ја средуваше цимерката ни ме праша, ни список ни нишо воопшто не ми беше понудена, пошо беше викенд. ние не се ни сликавме де
Може и кеш, се' може таму. Ние плативме кеш пред 4 месеци, царски бев. Евра не примаа само, ги меневме во банката таму.