да, така знам и јас. ама сега тука прочитав дека требало да се најавиш ако си одиш за викенд да дојде, така пишувало во брошурата, имаше некоја членка напишано
Хахах не знам, мислам дека од порано е законов. Сега Февруари плативме за матични клетки, повеќе од 2000 евра (не во Систина, туку друга компанија). Прифатија и кеш и во евра ем. Така да мислам дека сите си наоѓаат дупки за се'...
Од порано е и тоа бајаги, мајка ми се оперираше во Жан Митрев 2019та год, па не сакаа да ми земат ќеш повеќе од 1000еу. Ама Систина е некст левел за дрпање пари, не ме прашувајте од кај знам...
Знам и јас многу добро... На мајка ми операција 10000 евра во кеш си лапнаа... И беше сума околу 2000-2500 евра поголема од првично кажаната, без ништо дополнително направено па да кажеш плус пари. Ама тоа е...
Епа го намалиле на 1000, лани беше 2000 евра. Како и да е, лани било за над 2000, а јас платив над 2000 во кеш.
Во врска со масажите што следуваат во пакетот од Систина, јавете се со време бидејќи немаат баш термини. Јас кога се јавував за некои 5 недели беше првиот слободен термин што реално мене ми се погоди баш во 8ми и влез 9ти месец кога баш почна да ме боли грбот
Во врска со престојот во Систина супер стварно цело време има сестри и помош но само мене ли ми ствара анксиозност тоа што цело време некој ми доаѓа во соба без да знам некој распоред? визити за мене, визити за бебе, едно боцкање, друго боцкање, храна, чистење … Не можам да пофатам што кога се случува или можеби е до мене и сум уште изгубена од промените на телово и хормоните после раѓањето?
Па и на државно е исто. Тие визити се морални, и стави се дека мора да ги има. Мораш да ги примиш терапиите, мора да те пратат и тебе и бебето.
Да само нека не ти биде глупаво да прашуваш се што ти е нејасно особено ако си прворотка. Сите визити, боцкања се пребрзи и си одат за неколку секунди а не минути. Мене ми требаше малце време да сфатам дека имам прашања и дека слободно можам да ги поставам и на докторите и на сестрите.
Јасно ама во секој случај overwhelming ми е се и не знам дали е до мене. Се осеќам под стрес кога треба до тоалет да појдам. Прв пат лежам во болница, највероватно и тоа си допридонесува на мојата анксиозност
Па мислам и подобро е него ти да мислиш дека треба да ти стави клексан и да ги бараш. Значи они си имаат ред твоја работа е да си бидеш со детето и да се вратиш во нормала додека идеш дома сепак си во болница не е важно дали сама или со некој во соба. Нивна работа е да пратат кога да јадеш, кога да се боцкаш, кога да те посети доктор. Затоа и ги плаќаме.