Девојки што конкретно носевте со вас во Систина за породување. Знам дека сите велат се има не треба ништо ама сигурно носевте нешто, пример каква маст за брадавици да земам, што треба да носам за лична хигиена и сл
Па тоа што си користиш секој ден, четка за коса, крема за лице/раце и сл. Паста, четка за заби, гел за тело, шампон има таму, ако сакаш можеш твои да си носиш. Јас имав една крема за брадавици од Дм, не ми помагаше па мм ми донесе после тоа Пурелан од Медела, сега од старт таков планирам да си земам.
Ти благодарам за одговорот. За бебето не треба ништо да носам така, освен за излегување од болница алишта
Апсолутно ништо . Денот кога ќе си одите ќе ви донесат облека за излегување, не мора унапред таму да ти стои.
Ние пакет зедовме, матични на 60 год заедно со Нифти Про тест и имаше некој попуст. Мислам дека околу 2650-2700 евра излезе цел пакет, околу 550 плативме за тестот, и сега околу 2000-2050 евра од кога го добивме сертификатот. И кога ја зедов кутијата за матични, уште не породена, платив околу 6000 денари. Па од кога ти стига сертификатот, ја плаќаш сумата за матичните.
Дали знаат дали прават испис или како и да се вика за викенд во Ремедика? Пример ако ти се паѓа сабота/недела да си одиш дали те држат до понеделник или јок? Нешто такво ми се уврте во глава ко да имав слушнато дека за викенд не пуштале да си одиш.
Прават и поубаво е. Живо пиле нема надвор, празен паркинг, празна болница, на раат да си излезеш. Во работен ден е страшна гужва.
Три пати кај др. Ефремовски, презадоволна ама кај и да е ќе оди во пензија, препорака за Котларова. Супер поминав, ако нешто конкретно те интересира можам да ти кажам.
Мене исто вака ми беше, таман ќе се решам да станам и некој ќе ми влезе за нешто, па чекав вечер да дојде да се избањам.
За Ремедика има некоја искуство со породување и што следи од услуги плус од породувањето? Сум правела ИВФ и во Систина и во Ремедика и немаат споредба условите во Систина вс Ремедика. Систина е 3 класи над Ремедика во смисла на условите и приватноста. Ама ја имам одбрано Ремедика поради докторката. А цените не мислам дека многу се разликуваат помегу Систина и Ремедика.
Кој се бенефитите во Систина за еднокреветна соба освен тоа што си сам? Дали може да се прават подолги посети пример? Дали во Ремедика има еднокреветни соби? Се мислам помегу Ремедика и Систина .. Во Ремедика имам близок човек па затоа …Имам другарка што се породи во Систина не е многу задоволна од порагајот…Поточно од докторката…. И не и дале епидурал демек немало време а после 6-7 саати се породила од кога и рекле нема време…
Има во Ремедика еднокреветни. Посетите траат исто за сите ама те оставаат и подолго на посета во еднокреветните. Бебињата ги земаат за време на посети, може да се видат само преку стакло.
За породувањето во Систина дали може мм да ја види да ја земе во раце кога ќе дојде на посета. Други нема да идат кај мене на посета само тој, читав дека може тие што идат на посета да ја видат преку стакло ама тој е татко па претпоставувам дека ќе може да ја види или како е?
само шо се породив, маж ми не чекаше доле и одма му ја дадоа, даваат и на пораѓај да присуствува ако сака иначе
Во Ремедика породување со царски, пет дена престој во еднокреветна соба, ме кошташе околу 180000, со тоа што си отидов од болница без бебе... Пишував во друга тема, не ми дадоа инекција за зреење на бели дробови кога добив контракции во 36 недела, само ме задржаа во болница да ме следат, ми го наплатија тој ден околу 20000 плус, 24 саати ме држеа гладна со контракции за да не мора да ме породат итно, а тврдеа дека немам контракции... Ја чекаа мојата докторка да се врати од одмор за една недела за да ме породи она (јули беше)... Планот беше да ме држат во болница цела недела претходно и да наплаќаат за тоа време (си напуштив сама по еден ден, после дома ми скокна шеќерот на 11.9 после гладување 24 часа нормално, со гестациски дијабет бев)... Значи рачунај 180000 за пороѓај (еднокреветна соба) 20000 за еден ден "следење" контракции што ги немав наводно недела претходно, на крај и 4000 евра за Систина зошто детето мораше да се спасува (респираторен дистрес како што кажав затоа што не ми дадоа инекција за зреење) во друга болница затоа што Ремедика нема капацитет за тоа... На крај сепак детето од Систина си го земав, не од Ремедика, така да подобро таму да се пораѓав... Да не заборавам сестрата Македонка што деновиве отишла во пензија, таа змија што ми викаше дека многу јадам!!! А јадев тоа што они ќе ми донесат, повеќе секако не... и ме читаше редовно на форумов... Трачарка гнасна... Последниот ден ми дојде во соба ми вика "Немаш татко?"... Сѐ на сѐ мизерија...
Два пати кај Др. Котларова, одлично поминав, цели бремености она ми ги водеше. Генерално од целиот персонал бев презадоволна.