За Ремедика можам да кажам само најдобро за др. Котларова и др. Ефремовски. Најдобрите лекари во цела болница на гинекологија. За сестрите само најлошо. Мислам дека се едни од полошите сестри од сите приватни болници, не се замараат, се нервираат ако ги повикаш. вртат очи на прашања, воопшто не ми помогнаа во доење дури и најаден го носеа и нормално не цицаше.. И самите педијатри се водат за адаптирано повеќе него ли за доење.. тоа е негативната страна на Ремедика
Сега кога ќе се навратам на доењето, можам да се согласам со ова за сестрите.. јас бев настината, ме ставија во апартман и со маска бев кога ми ја носеа. Ми ја носеа малку поретко заради настинката за да не префатела од мене. За доењето, ми ги видоа брадавиците аха повлечени се да, ќе мораш со силиконски. Толку. Ми ја донесоа, исто така најадена уста не сака да отвори нормално. Дури третиот ден пред испис ми надојде млеко и ме испишаа со совет за доење плус АД. Така да, се согласувам, можеше да ми помогнат повеќе за доењето, посебно на прворотка. За другото сум супер задоволна од се
Дали добро те разбрав - Не се пораѓаше во Ремедика а ја плати таа небулозна сума? Во истиот тој период отиде во Сиситина и заврши се убаво како треба? Кај кој др беше во Ремедика? Не ми се верува што се случува и по приватните. Не дека ова треба да се случува и во државните ама пропаднато е државното здраство за жал,па нема што да не чуди ..... ама за приватните за тие ненормални износи такви играчки тоа е страшно.
Јас до денес бев во Систина. Ми се погоди соба без цимерка и сопругот седеше по 3 саати со мене во соба и ми помагаше околу бебето цело време. Никој не направи проблем
и други луѓе дозволуваат да го гледаат бебето во твојата соба само по 2ца во исто време да се. Препорачливо е тие да се со маски и да не го фаќаат бебето
Јас па баш дека со гестациски на два саати ми носеа храна и сокови, и навечер не ме оставаа без храна, нон стоп ми мереа да не падне или да не се качи. Како изгледаше таа сестра? Ич не ја памтам. Баш ми е жал за искуството…
Јас не сум од ск па се договориме само мм да доаѓа во посета. Знам дека за други блиски е поинаков протокол од тоа што читав овде па затоа прашав дали ќе може да го гледа бебето. Иначе како си задоволна? Мене ќе ми биде прв пораѓај, дали објаснуваат за доење, за породувањето исто дали те насочуваат ако е природно да ти кажат што да правиш и сл. Ако може да споделиш искуство
Ако оставите аванс 15000 имате 10% попуст на цената и плус тие од авансот се во цената вклучени Спонтано породување е 134 000 Црски рез е 169 000
Се согласувам со скоро се` од напишаното со тоа што би кажала дека од сестрите имаше 2-3 што беа злато жени и мене лично ми помогнаа околу доењето и измолзување со пумпа за да не завршам со маститис. Иако на крај и мене ме испуштија со препорака за дохрана со АД. Тоа им е како добро утро.
За природно не знам, а во септември платив околу 160.000ден со вклучена еднокреветна соба, испитувањата, се вкупно. Мислам дека толку беше, не се сеќавам добро.
И мене ми мереа шеќер редовно, за тоа немам забелешка, ама некој да ми коментира дека многу јадам, во приватна болница... Дно, мизерија... Тоа што ми донеле тоа јадам, а тоа секако не е многу... Исто колку што јадат и другите... На тие пари што им ги давам колку сакам ќе јадам. Ја имаше сега пред некој ден на фб, се пензионирала, Македонка, не ми текнува презиме. Гнасна жена. Ми влезе во соба со уште една сестра и почна: Нема да дозволам другите пациенти да страдаат заради тебе!!! Затоа што не можев да станам сама со една сестра, па предложив со две сестри да пробам Додека бев таму ни еден пациент не "настрада" заради мене... Од соба не излегов пет дена... Сестра барав само кога требаше да ми се смени инфузија, за ништо друго, нити за да ми помогне да станам, нити нешто друго... Дента после царски ми дојде една за да станам, не успеав, се исправив на нозе и ми се слоши, еден чекор не можев да направам, ми викаа само ајде ајде... Викам не можам, они пак ајде ајде на сила... Се вратив назад во кревет, утредента пак станав, многу тешко, споро одев, немаше време да ме чека таа (друга сестра беше), па ме остави сама... Ја чекав да се врати, не се врати... Останав така ни напред ни назад... Веќе никогаш не викнав сестра за да ми "помогне", така што не знам како настрадале другите пациенти заради мене. Гаќи и пешкири морав сама да си барам, никогаш не ми оставаа резерва во соба, не знам дали тоа е практика. Ќе влезам да се бањам и на крај гледам дека пешкирите ми ги собрале сите, ни за раце пешкир нема, немам со што да се избришам. Само за тоа ги викав, да донесат пешкир, да сменат инфузија... За помош за станување или одење до тоалет ни еднаш не викнав сестра.
Не, сакав на таа гнасата да ѝ кажам нешто пред да си одам, ама не ми беше гајле, само сакав да излезам од таму и право во Систина да си го видам детето.