@Dijana DM @Zakica88 Ова го пишав искрено онака како искуство. Пак поголем дел од сестрите што мене ми се погодија барем, а бев 6 дена таму, ми беа ок. Секогаш ќе има по некоја малку понеемпатична да кажам и брза на збор. Проблемот е што мајките што штотуку родиле се стварно многу ранливи, јас плачев за се, не можев да се воздржам онака сами ми идеа солзи пошо хормоноте лудница. Ако ми беше толку лошо сигурно немаше пак да одам таму да се пораѓам, не сум луда валда Еве баш ќе спомнам имаше една сестра побуцка, не знам како се вика, ама беше царица, не смееше, ни помагаше да се избањаме, не бодреше и мене и цимерката почесто да стануваме дека двете со царски. Цимерката побара и пумпа за измолзување, и помогнаа околу тоа. На секое ѕвонење на ѕвончето доаѓаа екпресно брзо. Спаваќи и пешкири се менуваа секој ден. Храната мене ми беше исто одлична. Не дека е толку црно, напротив повеќе позитивни работи имам од негативни, но не и дека е се мед и млеко Исто така педијатрите мислам дека им се супер. Ми препорачаа и мене дохрана додека се воспостави лактација, но не дека мора да ги следите тие совети ко слепи што се вика, секогаш слушајте си ја вашата интуиција. ЕТе јас ја баталив дохраната откако се научивме со бебуш добро да цицаме и напредуваше многу подобро на екслузивно доење отколку со дохрана. Едит: сега гледам за будењето во 6. Па нормално е дека ќе ве будат, не е хотел да спиеш до 12 на пладне. Не ти се ни спие искрено, секако лежиш и запсиваш порано, јас и пред сестрите да дојдат бев будна. Мора да измерат температура, притисок, да сменат улошки, да дадат терапија пред да почне визита. Секаде е така и за било каква причина да лежите во болница.
Да ви кажам нешто околу доењето зашто гледам повеќето прворотки сакате да доите, што е скроз нормално. Пред да идете во болница седнете малку на интернет, земете книга сеедно, читнете нешто и спремајте се. Цело мое внимание беше околу раѓањето зашто мислев тоа е страшното, за доењето мислев го земаш, го ставаш на града и цица. Епа не, воопшто не е така. Прво, немаш млеко одма, посебно не после царски. Јас млеко добив после 5 дена и тоа онака проѕирно ми течеше по малку, а 5 дневно бебе веќе бара 30мл на подој. Друга работа, помалите бебиња немаат сила за влечење, може и жолтица да има, па тек тогаш се успани и не цицаат за жива глава. Тие први денови додека немаш млеко се на дохрана (5-10мл на подој), штета што кај нас само со шишиња ги хранат, па малку тоа влијае на доењето. Како и да е, сестрите можат да ви помогнат ама најважна е вашата волја и желба. Бидете самоуверени, одма после пораѓај изјаснете се дека сакате да доите, побарајте пумпа ако треба, чај за лактација (имаат, само побарајте од доктор или сестра), масирајте ги градите под топла вода пред да пробате да доите, земете силиконски во прво време ако не може да ја фати градата. Мачен процес е, барем кај мене беше многу мачно, почнав да уживам после 2-3 месеци кога убаво доби сила син ми да ја испразни градата, го одвикнав од силиконски и се воспостави лактацијата. Во 6 саат нормално дека ќе ве будат, под терапија сте, бебето треба да ви го донесат да цица, да ве види доктор, го бањаат бебето и пак ви го носат, таму сте за тоа мало човече, не на одмор. Дома е бетер, во болница барем ноќта ќе ја преспиете. Нема спиење од моментот кога стануваш мајка, барем не раат спиење безгрижно како некогаш.
Да не знае некој колку време минимум треба да си плаќам приватно здравствено за да ми следува покриен пораѓајот? И дали можам сама да си уплаќам со оглед на тоа што од фирма не ме следува приватно туку само државно?
јас прашував ама не постоеше можност сама да си плаќам, сите ми викаа само колективното покрива пораѓај
Нема. Јас пред 2г прашував. Само во фирма колективно. Јас бев така, ама каренца 10 месеци, немав толку јас и ништо не искористив.
Можеш во Еуролник, само таму е без каренца. Јас прашував, ама не се исплати. Ти доаѓа како да си го плаќаш пораѓајот на рати. Но можеш да се јавиш кај некој нивни агент ке ти објаснат што како, па можеби ке ти одговара. Едит: ова е за семејно приватно, односно ти и сопругот, деца доколку имате
Девојки јас имам еден куп прашања низ глава може некои се глупи ама мора да прашам некој поискусен. Ќе се породам во Систина, за мене пакувам за лична хигиена, дали и колку ми треба пример долна облека да носам? Знам дека таму дават влошки или мрежести гаќи но дали јас треба да си носам нешто? Друго прашање ми е бидејќи не сум од ск за на враќање за дома дали треба да спакувам цуцла лажливка? Дали ми треба памперс за бебе пример за по пат и сл? Дали ми треба шишенеце да носам за бебе? Не знам дали ќе биде на цицање веројатно на почеток ќе треба и дохрана, дали ако му дават таму да прашам каква храна за да купи мм. Навистина се чувствувам како изгубен случај ме маваат хормоните почнувам да плачам затоа што не знам што ми треба. Сакам да ми биде се спакувано ако ме задржат да ми донесе мм.
Од тие што се имаат породено во Систина, после природен пораѓај те спуштаат на одделение и за колку време ти го носат бебето? Исто почна низ глава да ми се врти дека сакам првиот пат кога ќе ми ја донесат и маж ми да е со мене, ќе го пуштат во соба кај мене веднаш или не? Сега ми дојдоа на памет прашањава … до сега не мислев на овие ствари
ќе го пуштат, мене кога ме симнаа доле он ме чекаше и одма ни ја донесоа пс ја се пораѓав во корона време, тогаш само во систина пуштаа да влезе сопругот
Не душо, ти пишав поназад мислам што треба да носиш ако сакаш, а и да отидеш со раце в џеб сѐ имаш. Таму само мрежести гаќи носиш, не долен веш. За излагање може да ти донесат отпосле. Цуцла јас си имав спремено за в кола ако заплаче, ама бебе не се разбуди три саати откако дојдовме дома, сестрите мислеле дека ќе одиме во родниот град на мм и ни рекоа дека му дале доволно млеко за да не ни плаче по пат, не знаеле дека Скопје седиме. А и од кај и да сте во Мк сегде за два саати се стигнува, ќе ви спие по пат сигурно. Спреми си ти во бебешката торба имај си сѐ, ама не верувам дека ќе треба да застанувате за било што. Мене беблакот одма ми го донесоа штом ме спуштија од интензивна,царски бев, веднаш и мм дојде и остана до кај 11-12 вечерта. За тоа се многу океј, ептен се форсира контакт уште од одма со бебе, го оставаат голем дел од денот со тебе, освен ако не сакаш да одмориш ги викаш да го земат, тука е бебето и ко ќе иде таткото. Се на се убаво искуство во тој дел.
Искрено од тоа што читав по светов одма и ги ставаат на града иако нема докдено млеко веднаш … ама колострум може да има … а и со самото поставување на бебето од одма се провоцира и млекото да дојде, каква беше праксата на сестрите за ова во Систина … ептен сакам да дојам којзнае дали ќе успеам
Знам дека ми пишавте не треба ништо ама што знам мене ме фаќа паника. За бебе и за мене кога ќе излегуваме ќе донесе мм да не ми стојат таму. Можно е да ме задржат изненадно за да не се паничам со тоа дека ќе се породам, затоа сакам да знам што да спремам. Знам дека глупи ми се прашањата сите имате пишано не треба ништо ама еве пак на тоа мислам јас. Се надевам се ќе помине во ред да не му ја мислам веќе. Ти благодарам за одговорот
И да те задржат изненадно таму имаш сѐ, а дури си таму што и да треба плус ќе им нарачаш да докупат дома дури си ти таму. Јас што викам, дури лежев тие 5 дена можеше мм цела опрема да ја купи и алишта и да ги испере, среди, џабе трчав и се напнував да биде сѐ скоцкано до пораѓај. Опуштено, не се стресирај сѐ ќе биде во ред ќе видиш.
да ти кажам искрено, одма кога се породив ми ја дадоа, првите слики на бокс ми се една минута откако е родена, после тоа ја завиткаа мене ме шиеа и требаше да ми истече антибитик со инфузијата, требаше да полежам уште малце на бокс, ме прашаа дали да ми ја остават дур лежам, ама јас барав да ја земат затоа што не можев да гледам. кога се симнав доле одма ми ја дадоа да цица и цело време форсираа за доење. ја доев до година
Ти благодарам премногу многу ми значи вака кога ќе прочитам, а сета бев во паника до пред пола час. Само да помине се во ред тоа е најважно
Исто и во Систина ќе ти го стават одма на града, независно природно или царски. Млеко може и по 3,4 дена да ти дојде, ама битно е пред тоа колку можеш повеќе на града да го ставаш, колострум сигурно ќе имаш. Реално природата си ја завршила работата и тој колострум им е сосема доволен на бебињата додека да надојде млеко, ама не можев да се докажам. Гладна била и дале дохрана, па после не отвара уста за да цица. Ќе си бараш бебето да биде колку може повеќе со тебе. Моево последниот ден ипол баш интензивно цело време го сончаа заради жолтицата и им кажав на секое заплакување да ми ја носат да цица. И ја носеа на 2 саати отприлика и беба скроз фино си цицаше. Не се разочарувај и таму има една смена лоша, незаинтересирана (се карав со една ми доаѓа затната без маска. Па после ама јас имам проблем со синуси. Е од кај да знам бе жено, те гледам затната си, со бебиња од 1 ден работиш) Ама другите две смени се срцки сите.
Мајка ми па стара школа, ми вика … не не бебе не ти треба до тебе првите денови нека ти ја носат неколку пати дневно на кратко ама да одмориш пред да си одиш дома да си наспана Викам 6 години сум во брак скоро…. Наспана сум ја чекам нејзе нема да ми е проблем ич да не спијам на почеток… Ги гледав и овие диспанзерите на хака за колострум да земам ако имам да соберам во болница првите денови, ама си викам кај ќе го чувам тоа треба да го замрзнам одма а таму којзнае дали има услов и дали ќе сакаат имате некој искуство со ова?
Од искуство во Систина потребно ти е полнач со подолг кабел, слушалки доколку не си сама во соба, лабело бидејќи устата ќе ти се суши од анестезијата, за лична хигиена ако нешто сакаш свое ако не се ти даваат. За излегување ќе ти донесе сопругот што ти треба и тебе и на бебе и тоа е. Без паника со термин сме ден разлика може ќе се сретнеме заедно само со лесно и убаво да поминеме сите.
Тешко тоа. Не фрлај пари, нема да собереш доволно сигурно, а не верувам дека ќе се нафатат да ти мрзнат таму. Ризик им е во поглед на стерилност, тоа е од надвор донесено. Подобро нека си го исцица бебе тоа, поголем бенефит ќе има. А за неколку дена ако си упорна млеко ќе имаш. Само барај бебе почесто да биде со тебе. Ден два додека си таму ништо не ти менува во поглед на одмор, нема веќе одмор за нас. Па во болница и скроз се поспани бебињава и не се напорни.
Ти благодарам за советите и за овој и за минатиот пат кога прашував за провокациите. Ќе си носам тоа, за излегување ќе донесе мм да не ми стојат таму. Можно е да се сретнеме таму со лесно нека ни е