нема да ти треба... јас природно се породив па млеко дури 5тиот ден ми надојде.не очекувај дека одма ќе почне да тече ставај ја почесто да цица, тоа стимулира. иначе ако сакаш ќе ти ја земат, јас кога сакав да одморам и да ја земат им звонев и ја зимаа, секако немав млеко и вриштеше па мораше да ја земат да ја наранат. последната вечер пред да си одам имаше една сестра ми викаше поспиј си вечерва да не ти ја носам од утре сте дома, јас бев не не, буди ме накај 3-4 донеси ми ја за цицање. да знаев колку ноќи после тоа нема да спијам, ќе си поспиев тогаш
@Hinebrra мажот го пуштаат во соба? И со природно кога ти го носат бебчето? И случајно да не знаеш дали др. Таше пораѓа?
Еве разлика јас со прво и второ, двете во Ремедика Неспремна со првото, сестрите помагаа ама ми ја носеа најадена, тешко фаќаше, одма силиконска ми дадоа и проблеми имавме од старт, не одржав лактација Со второво наострена, чаеви носев, барав гладен да е, а не најаден, барав и сабајле порано да го носат, перница, пумпа побарав (се си имаат они ама не нудат) и еве фала богу немаме проблем.
Јас кога се породив не пуштаа, воопшто, ни за време на пораѓај ни откако се породив. За носење, искрено не знам, зошто моето беше на кислород и тек последниот ден ми го донесоа во соба, нека кажи некој друг со искуство. За Таше колку што знам, не пораѓа.
Епа тоа е и проблемот како што пишав, не сме спремни со првите. Да сум знаела да се опуштам, што ако е најадено, гледај го, сликај го, гали го, кога ќе заплаче тогаш цицка. А ние одма (од тој притисок да се дои) бутај, фрустрирај се. Забораваме да уживаме во тие први моменти. Со второто и третото бар ги изнауживав месеците додека се бебиња.
Веднаш ми го донесоа кога ме спуштија во соба. 2 сати после породување си на бокс, те спуштаат и ти го носат облечено.
Можеби информацијава некому ќе користи. Денес бев да уплатам аванс за породување во Систина. Јас одам на прегледи од старт таму, но немав уплатено во 12та недела како што е наведено во пакетот, но ми кажаа дека и без разлика на тоа сите попусти и поволности што си следуваат во пакетот ќе ми следуваат и мене. Само ме зачуди тоа што не ми земаа податоци за мм за попуст, прашав и ми рекоа не им требале податоци туку ако доаѓал на преглед да кажел па ќе провереле во систем преку мене. Сте имале искуство со ова? Инаку прашав и за цена за инкубатор и е од 400-1000 евра од ден во зависност од типот на нега што ќе била потребна, а плус болнички ден за мајката е 14 000ден.
Исто и јас следам бременост од почеток таму, а пакетот го уплатив во 34та недела. Кога отидов следниот пат на преглед (минатата недела) додека бев на цтг, мм се симна да ја земе картичката за попуст (на мое име), го прашале за него и го побарале во систем за да внесат и за него попуст и испаднало дека некогаш правел ковид тест во Систина, па веќе го имало. Претпоставувам кога ќе ја подигнувате картичката ќе ви побараат и вам инфо за сопругот.
Да се надоврзам и јас таму ја водев бременоста и таму ќе се породам здравје, уплатив што се вика во 9ти месец и ми кажаа дека ќе ми важат попустите. Веројатно они си гледат во систем дека таму одиме на прегледи. А скроз заборавив да прашам за попустот за мм од 10% ама наредниот преглед ќе прашам. Колку што знам треба да се остават податоци
Од кое место се зема картичката долу на благајна или? Јас немам земено картичка никој не ми рекол, одам на цтг веќе.
Ние отидовме после две недели и готова ми беше. Мм ја подигна од собата за наплата, кога ќе влезеш долу од десна страна се наоѓа.
Каква е таа картичка? Само се покажува при наплата? Прв пат слушам за ова, а уплатив во 12-та недела. Наплатите ми се со попуст. Не ми спомнаа за картичка...
Искрено мислам дека картичкава е само за користење на попуст во некои ресторани, сега баш зачитав што пишува на неа. Има мое име и презиме, датум од кога важи и напишани се рестораниве 2-3. А кога си плаќаме за преглед ни пресметуваат попуст самите бидејќи тоа го гледаат они во систем без никаква картичка. Ние кога уплативме ни рекоа да ја подигнеме картичката за неколку дена од собата за наплата, а тогаш му побарале и податоци на сопругот за да го внесат попустот и за него во систем. Прашајте за картичката следен пат, можеби изумиле да спомнат од некоја причина..
Ќе прашам. Ти благодарам. Ни сопругот не е во систем. Не ми е јасно зошто ништо не ми кажаа... А пред 5 недели уплатив...
И нас ништо не ни кажаа веројатно затоа што беше после 16h имаше помалку вработени, а се створи гужва па освен дека ни важат попустите не рече ништо. Ама ќе си прашаме. Како што рече @Marijanche33 има и попусти во некои ресторани ги пишува и во брошурата па можно е за нив да е картичката.
Во врска со картичката за попуст во Систина - таа ја даваат на испис од болница кога ќе ја платите цела сума за породувањето (бар така беше за мене)