На цениве од санте ко ќе се додадат ехо прегледи од 36-38 олус цтг ете ти ги на исто ниво со ремедика и систина. Ремедика и систина ми се поотворени - јавно објавени цени за породување со што се вклучува пакетот. Овде некако "скриено".. Систина имаат и патронажна сестра, првите прегледи на бебе се бесплатни (месечниот е прв што се плаќа).. ситници, ама играат улога во анализа на цена.
со таа промоција и ќе затворат јас во ремедика одев секоја недела на преглед уште од сам старт. едино накај 20та недела почнавме на две недели ама кога појде пред време малиот пак зачестивме. ми беше наплаќано 2 пати наместо 4 пати неделно. се има осет, не е да речеш да те дерат цело време.. за ЦТГ немам никогаш платено иако од 36та е бесплатно, мене и порано ми имаа правено но не ми побарале пари.
Јас цтг од 34та правев бесплатно. Исто некогаш ќе ми наплатат некогаш не. Некогаш ми пишуваше докторот здравствен совет и плаќав 1200. Не ми се виде дека фрлив многу пари на прегледи. Бар за тоа се коректни. Исто и педијатрите.
Што знам, секој со свое искуство, незнам како е во Ремедика и Систина, знам дека во Систина платив 4000ден за ехо на бубрег пред неколку години и веќе немам отидено таму. Јас се одлучив за Санте највеќе поради докторката, па останав таму . Цените цело време им се покачуваат, ваљда се споредуваат со другиве две болници... а и друго нешто, негде по форумов прочитав дека во Ремедика и Систина собите им се двокреветни, што лично за мене и мои дадени пари ми смета, да ти идат луѓе и мене и на цимерката (а кај нас идат богами), а на пакетот да доплатам дополнително за приватност и тоа ми е малку нон-сенс..малку зезнато штознам. Во санте па немаат микрофони по соби..кога ќе видиш, горе доле сегде има +и-, па секој си гледа од сопствена перспектива.. Едно нешто знам, му се заблагодарувам на Господ што ми дал можност да се породам у приватно, било каде.. барем се однесуваат ко човек према мене.. Оф топик: Бев во државна на 26та недела на преглед на нефролог, (прб со бубрези), докторката пошо не беше излезена на пауза, си лечеше фрустрации на мене, ми се дереше на секое прашање, ме вознемири и расплака-без никаква осет за бременоста. Битно им пишав писмо на МЗЗ, и ми одговорија со 'извини и ќе збориме со др'. И веќе никогаш таму.
Ехо на бубрези во систина правам и јас на 6 месеци. 4000 мкд никогаш не сум платила. 2200-2300 како секое ехо. А за цените за да нема недоразбирање, најубаво е да се праша однапред. Мене ремедика и систина ми се класи над Санте. Не знам какви споредби би правел Санте со нив.
Иако се двокреветни во Систина, има завеса. Нема да те гледаат другите. Лежев таму и така е. Систина е најдобра и со доктори, хигиена и со однос , Ремедика имам лошо искуство само од еден гинеколог, а Санте за жал форсираат царски без индикација.
Па да ти кажам право и мислам дека некој од санте пишува. Секогаш ко ќе ее отвори дискусија се јавува некој "случаен" со објаснувања.
Аман те бре веќе па и вие. Што сте се запнале за Санте. Кој каде сака тму нека оди. Јас знам лично два случаи задоволни од таму. Едната исплашена од државно отиде таму, провокацијата не и дејствуваше и се породи со царски, другата природно ја породија со близнаци. Не знам кои лекари од таму ама така беше. Јас сум презадоволна од Ремедика, некој од Систина и слично.
Изгледа мене за секој бубрег ми наплатиле посебно ..добро шо не виделе дека имам три (покасно откривме).. Инаку за пр ако мислите на мене, грешка сте, ама кој како сака нека мисли. Моето лично мислење го споделив пошто тоа е целта на темава нели..да напоменам дека не ми беше целта убедување кај е подобро туку едноставно го кажаав моето лично искуство со одредена ПБ. Како и што пишав претходно, секој си знае најдобро за себе. Кој кај сака таму ке си оди. Со лесно мамички!
@kukla21 цело време е со тебе, освен кога ке те качат горе во предродилна ти си со болничарката а он иде од другата страна па се срекавате горе
Седеше со мене во соба ама го испратов да си оди да не сметаме на цимерката дека вечер беше. Од бокс му се јавив да тргне од дома и кога ме сошија го пуштија и седевме 2ч. После дојде само со мене во соба поседе малку и си отиде оти веќе беше 4ч сабајле
Василевски. Првпат кога забременив, прокрварев и отидов во РемедикА и се погоди тој доктор и не ме ни погледна на ехо и ми рече, цитирам :ма какво крварење, ништо не ти е. Толку дрско, што да ти кажам. И после одма кај друг отидов и ми рече дека за жал нема веќе бременост.